Земја — песна напишана од македонскиот поет Никола Вапцаров. Песната е дел од збирката песни „Моторни песни“. Оваа стихозбирка е составена од два циклуси на песни, од кои првиот циклус на песни се под наслов „Песни за татковината“, а додека вториот циклус песни се под наслов „Песна за човекот“. Песната „Земја“ е дел од првиот циклус песни, заедно со уште и другата многу позната песна на Вапцаров- „Илинденска“.стр. 155, Литература на македонскиот јазик, Георги Сталев, Просветно Дело, Скопје, 1995.
Според македонските научнициМакедонскиот крем на бугарското општество- национална свест на Вапцаров и поемиТомислав Тодоровски, Стефка Прокопиева, Гане Тодоровски, Примери од литературата,стр. 151/152, Просветно дело, Скопје, 1994 во оваа песна Вапцаров најотворено ја изразува својата национална припадност и својата татковина Македонија. Во песната дава поетска слика за делови од својата татковина потенцирајќи ги Пирин, Охрид и Егеј. И покрај фактот што живее во Бугарија, во песната го изразува чувството дека Бугарија не можел да ја чувствува за своја татковина.стр. 157, Литература на македонскиот јазик, Георги Сталев, Просветно Дело, Скопје, 1995.Македонскиот крем на бугарското општество- национална свест на Вапцаров и поеми
Во Бугарија, се смета дека во песната Вапцаров не искажувал политички или етнички ставови и дека ако некој го смета сопротивното значи дека или Вапцаров кривo се изразил или дека кривo го разбрал.Цвета Трифонова, За урбанистичките фобии на Вапцаров, „В тези стихове лирическият човек недвусмислено манифестира своята идентичност чрез духовно и емоционално-образно възвръщане към онтичната свежест на природните субстанции. Ако тук някой вижда нещо политическо, етническо или идейно, то тогава или Вапцаров криво се е изразил, или пък криво са го разбрали.
Поврзано Никола Вапцаров Илинденска
Наводи
Надворешни врски „Земја' на Викиизвор. Родината на Вапцаров (бугарски) Земја
Категорија:Дела на Никола Вапцаров Категорија:Македонска поезија