За други значења видете на појаснителната страница за Денот на словенската писменост

Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост () — државен празник на Бугарија кој се прославува на 24 мај. На овој ден Бугарите ја прославуват бугарската култура и создавањето на кирилицата, во т.н. Преславска книжевна школа. Овој празник во Македонија се слави како „Ден на сесловенските просветители“.

Првите познати сведочи за прославата на празникот се пронајдени во ерменската летописи од 1813 г, каде што се споменува за прослава на светите браќа на 22 мај 1803 г. во Шумен.

За првпат на 11 мај 1851 г. во епархиското училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Пловдив по иницијатива на Најден Геров се организира празник на светите браќа Кирил и Методиј – создатели на словенската писменост. Во 1857 година празникот редовно се прославува во Пловдив, Цариград, Шумен и Лом, а на 11 мај 1860 година и во црквата Св. Богородица во Скопје.

Од 60-те години на XX век секоја година традиционално во Рим се одбележува овој празник со посета на државна и црковна делегација од Бугарија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во црквата Сан Клементе. На ова му претходи официјална посета на Ватикан и папата.

Поврзано Ден на сесловенските просветители

Категорија:Државни празници во Бугарија Категорија:Свети Кирил и Методиј