мини|десно|250п|Разни вегетаријански намирници Вегетаријанството е начин на исхрана што го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови„вегетаријанство“, Лексикон на Набу ). Тоа подразбира воздржување од консумацијата на црвено месо, живина, морска храна и каков било друг вид на месо. Може да вклучува и воздржување од нуспроизводите добиени од колење на животните.
Вегетаријанството може да се прифати поради различни причини. Многумина одбиваат да јадат месо поради емпатија кон животните. Ваквите етички образложенија се кодифицирани под различни верски убедувања, заедно со концептот за правата на животните. Други образложенија за вегетаријанството се поврзани со здравјето, политиката, околината, културата, есететиката или економијата. Со својот познат слоган „месото е убиство” (англиски „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните.
Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Така, ововегетаријанската исхрана вклучува јајца но не млечни производи, алактовегетаријанската исхрана вклучува млечни производи, но не и јајца, а оволактовегетаријанската исхрана вклучува и јајца и млечни производи. Веганската или строгата вегетаријанска исхрана го отфрла конзумирањето на сите животински производи, вклучувајќи ги јајцата, млечните производи, пчелиниот восок и медот. Исто така, веганите избегнуваат производи од животинско потекло како што се кожена облека и маст од гуски која се користи како боја за чевли.
Полувегетаријанската исхрана главно се состои од вегетаријанска храна, но може да вклучува и риба и пилешко месо, а понекогаш и друг вид на месо. Онаа исхрана која содржи риба или пилешко месо, го дефинира месото како месо од цицачи и може да се поистовети со вегетаријанството. Пескотаријанската исхрана се опишува како „риба, но никаков друг вид месо“. Често користената асоцијација помеѓу ваквите видови исхрана и вегетаријанството ги наведе вегетаријанските групи, како што е Здружението на вегетаријанци, да тврдат дека исхраната која содржи вакви состојки не е вегетаријанска, поради фактот што рибите и птиците се животни. Некои поединци можат да се наречат „вегетаријанци” иако практикуваат полувегетаријански начин на исхрана, бидејќи во некои од дефинициите кои постојат во речниците, вегетаријанството се опишува како исхрана која вклучува риба, или вклучува само месо од цицачи како дел од дефиницијата за месо, додека според други дефиниции не се конзумира риба и каков било друг вид на животинско месо. Во други случаи, некои поединци можат да се опишаат како „флекситаријанци”. Овој вид на исхрана може да го практикуваат оние кои го намалуваат конзумирањето на животинско месо како начин за преминување кон вегетаријански начин на живот поради здравствени, етички, еколошки или друг вид на причини.
Макробиотска исхрана е исхраната која главно се состои од зрнеста храна. Во рамките на "ово"-групите постојат многумина кои одбиваат да конзумираат оплодени јајца (јајцата балут анг. balut се екстремен пример). Меѓутоа, ваквата поделеност не е доволно изразена. Исто така, некои вегетаријанци избегнуваат производи кои можат да содржат животински состојки кои не се назначени на нивните етикети. На пример, шеќер кој е избелен со постапка на јагленисување на коски, сирења за кои е употребено животинско сириште (ензими од желудочната мембрана на животните), желатин (добиен од колагенот во внатрешноста на кожата на животното, од коските и од сврзните ткива), некој вид на шеќер од шеќерна трска (но не шеќер од шеќерна репка) и сок од јаболко кој е прочистен од алкохол со желатин или мелени школки и есетра, додека пак други вегетаријанци не се свесни за присуството на вакви состојки или пак не им пречи ваквото присуство.
Различни видови спакувана или обработена храна како што се торти, колачиња, бонбони, чоколади, јогурти и маршмало често содржат непознати животински состојки и можат да претставуваат особен проблем за вегетаријанците поради веројатноста од постоењето на вакви додатоци. Честопати, пред да купат или да конзумираат некој производ вегетаријанците проверуваат дали во него има животински состојки. Меѓутоа, вегетаријанците се разликуваат во односот кон овие состојки. Додека некои вегетаријанци не знаат за улогата на сириштето од животинско потекло во секојдневното производство на сирење, па оттаму и без да знаат го конзумираат производот, други вегетаријанци едноставно немаат ваков проблем.
Термин Здружението на вегетаријанци (анг. Vegetarian Society), основано во 1847 година во Манчестер, Велика Британија, вели дека зборот вегетаријанец е изведен од латинскиот збор vegetus што значи жив или енергичен. Спротивно на тоа, англискиот речник на Оксфорд (АРО) и други стандардни речници тврдат дека зборот е создаден од терминот vegetable и наставката –arian. Англискиот речник на Оксфорд пишува дека зборот влезе во општа употреба по создавањето на Здружението на вегетаријанци во Рамсгејт во 1847 година, иако тој нуди два примери на употреба од 1839 година и од 1842 година. Објаснувањето од 1839 година сè уште е предмет на дискусија, но Интернационалната историска група на Здружението на вегетаријанци даде 8 други пишани објаснувања уште пред формирањето на Здружението на вегетаријанци во 1847 година.
Историја Според тврдењето на некои научници, нашите човеколики предци цели 24 милиони години живееле како вегетаријанци, сè до леденото доба, кога човекот за да преживее почнал да јаде и животни. Според Библијата, Адам и Ева во Рајот јаделе само овошје.
Веродостојните извори велат дека вегетаријанството како начин на исхрана датира од пред неколку илјади години во Индија, каде и останало вообичаен начин на исхрана, најнапред како спиритуална пракса, позната како ахимса (ненасилство). Во Европа, грчкиот филозоф Питагора, кој живеел кон крајот на 6 век п.н.е. бил поборник на вегетаријанството. Во Питагорејските школи не се јадело месо од убиени животни, а целта била да се создадат универзални закони според кои не би смееле да се убиваат живи суштества, ниту да се јаде нивното месо.
Во средниот век во Европа честото и секојдневно јадење месо било симбол за богатство и моќ. Сепак, постоеле многу христијански редови кои не практикувале јадење на месо, меѓу кои спаѓаат и Богомилите.
Во 17 и XVIII век, посебно во Велика Британија, за вегетаријанството почнува да се зборува како за исхрана која нуди „здраво тело и здрав дух“. Во 1847 година, овој начин на исхрана го добива своето име „вегетаријанство“ од латинскиот збор vegetus што значи - жив. Таа година, на состанок во англискиот приморски град Рамсгејт е основано Вегетаријанското друштво (Vegetarian Society), кое постои и денес. Во 1880-те години, во Англија постоеле 52 вегетаријански ресторани.
Најраните записи за (лакто)вегетаријанството доаѓаат од древна Индија и од Стара Грција од 5 век п.н.е. На пример, во Азија исхраната била тесно поврзана со идејата за ненасилство врз животните (во Индија наречена ahimsa) и била поддржувана од религиозни групи и филозофи. За Хелените, Египќаните и другите народи, исхраната била наменета за медицински или за ритаулни цели за прочистување.
Индискиот император Ашока барал заштита на фауната:
„Дваесет и шест години по моето крунисување, различни животни беа прогласени за заштитени: папагали, птиците маинас (анг. mainas), аруна (анг. aruna), црвеноглавите гуски, диви пајки, нандимукхас (анг. nandimukhas), гелатас (анг. gelatas), лилјаци, кралски мравки, мали водени желки (анг. terrapins), обезкостената риба, ведарејака (анг.vedareyaka), гангапупутака (анг. gangapuputaka), рибата санкија (анг.sankiya), желки, бодливи прасиња, верверички, елени, бикови, окапинда(анг.okapinda), диви магариња, диви гулаби, домашни гулаби и сите суштества на четири нозе кои не се ниту корисни ниту се за јадење. Оние кози, овци и маторици кои имаат млади или давааат млеко на нивните млади се заштитени, а истото се однесува и за младите кои имаат помалку од шест месеци. Петлите не треба да се скопуваат, лушпите под кои се кријат живи суштества не треба да се горат и шумите не треба да се опожаруваат без причина или со цел да ги убијат суштествата. Животните не треба да се хранат едни со други." - Натписите на Ашока, петти столб
По христијанизацијата на Римското Царство кон крајот на античкиот период, вегетаријанство речиси исчезна од Европа и од другите континенти, освен од Индија. Неколку наредби на монасите во средновековна Европа го ограничија или го забранија конзумирањето на месо од аскетски причини, но никој од нив не го избегнуваше конзумирањето на риба. (Средновековната дефиниција за „риба" вклучуваше животни како што се фоки, морски прасиња, делфини, арктички гуски, морски птици (анг. puffins) и дабари.
Вегетаријанството повторно се појави за време на ренесансата, станувајќи се' пораспространето во XIX и XX век. Првото Здружение на вегетаријанци беше основано во 1847 година во Обединетото Кралство а потоа следеа и Германија, Холандија и други земји. Во 1908 година е основан Меѓународниот вегетаријански сојуз, кој претставува здружение на национални општества.
Популарноста на вегетаријанството порасна во 20 век во западните земји, како резултат на проблеми поврзани со исхраната, етички проблеми, а од неодамна и еколошки и економски проблеми. За популарноста помагаат и продавниците за здрава храна кои се отвораат ширум светот.
Исхрана Вегетаријанската исхрана која се практикува во западните земји е особено богата со каротиноиди, но релативно сиромашна со омега-3 масни киселини и витамин Б12. Веганите можат да имаат релативно мало количество на витамин Б и калциум во организамот доколку не јадат доволно производи од типот на штавеј, лиснат зеленчук, темпе и тофу(соја). Се смета дека високите нивоа на хранливи влакна, фолна киселина, витамин Ц, витамин Е и магнезиум, како и малото внесување на заситени масти се добрите страни на вегетаријанската исхрана.
Белковини
Внесувањето на белковини во вегетаријанската исхрана е само малку помало од она во исхраната која вклучува и месо, и може да ги задоволи дневните барања на секој човек, вклучувајќи ги и на спортистите и на телоградителите. Проучувањата направени од Универзитетот Харвард како и други проучувања спроведени во Обединетите Држави, во Обединетото Кралство, во Канада, во Австралија, во Нов Зеланд и во многу европски држави, потврдија дека доколу се достапни и се конзумираат различни растенија, вегетаријанската исхрана обезбедува доволно количество на белковини. Белковините се состојат од аминокиселини и она што често предизвикува загриженост во врска со белковините кои се добиваат од зеленчукот е дали тие имаат доволно количество од неопходните аминокиселини, кои човечкото тело не може да ги синтетизира. Додека млечните производи и јајцата претставуваат доволен извор на белковини за оволактовегетаријанците, неколку зеленчуци имаат значителни количини од сите осум видови на неопходни аминокиселини. Во овие зеленчуци спаѓаат: грав, соја, семе од коноп, семе од кија, штир, хелда, семки од тиква, спирулина, ф’стаци и киноја. Сепак, неопходните аминокиселини можат да се внесат и со јадење на различни комплементарни извори на растенија, кои доколку се во комбинација, можат да ги обезбедат сите осум неопходни аминокиселини. На пример, не е потребна комбинација од кафеав ориз и грав или хумус и цела пита од пченица. Во 1994 година, едно истражување покажа дека разновидна доза од вакви извори може да биде доволна.
Железо