Сомалија, офиц. Сојузна Република СомалијаThe Federal Republic of Somalia is the country's name per Article 1 of the Provisional Constitution . (, ) — држава во Источна Африка. Се граничи со Кенија на југозапад, со Етиопија на запад, со Џибути на североисток. На север излегува на Аденскиот Залив, а на исток - на Индискиот Океан. Главен град е Могадишу.

Потекло на поимот Името на државата потекнува од името на народот, Сомалијци.

Историја Cомалија за време на колонијализмот беше поделена помеѓу Велика Британија под чие власништво беше северниот дел на земјата, и Италија на која и припаѓаше остатокот од земјата. Северниот дел се осамостои на 26.јуни 1960, а на 1 јули 1960 се обединија двата дела на Сомалија. Првиот претседател на независна Сомалија бил Аден Абдулах Осман Дар, а Абдирашид Али Шермарке премиер. Во текот на 1967 Мохамед Ибрахим Егал станал премиер во владата на Аден Абдулахи Осман. Егал подоцна бил избран за претседател на самопрогласениот Сомалиленд.

При крајот на 1969 година воена влада ја презема власта по убиството на Шермарке, кој беше избран и служеше како претседател, од 1967 до 1969 година. Мохамед Сиад Баре стана претседател после пучот од 1969 година. револуционерните воени водачи кои ги предводеше Баре, организираа големи јавни работни програми. Тие исто така успешно ја зголемија писменоста во урбаните и руралните краеви од 5% на 55% до средината на ’80 години од минатиот век. Граѓанската војна трае во Сомалија со прекини од 1977 до 1991 година. Бунтовничките сили, кои ги предводеше Мохамед Фарах Аидид, водич на Обединетиот сомалиски конгрес, ја прогонија владата на Баре. Истата година северниот дел на земјата прогласува независност како Сомалиленд, кој е де факто независен и релативно стабилен во однос на бурниот југ, Сомалиленд не го признава ниедна странска влада.

Со почетокот на 1993, двогодишните напори од страна на Обединетите нации го намалија гладот во земјата. Обединетите нации се повлекоа во Операцијата Обединет штит, претрпувајќи големи губитоци.

Уште едно отцепување во Сомалија се одиграло во североисточниот регион. Самопрогласената држава го зела името Пунтленд.

Трето отцепување се случило во 1988 г. со прогласувањето на државата Јубаленд. Територијата на Јубаленд денес ја опкружува државата Југозападна Сомалија, и нејзиниот статус е нејасен.

Четвртиот самопрокламиран ентитет, предводен од Раханвејската армија на отпорот, е воспоставен во 1999.

Сомалија е една од многуте земји кои беа погодени од цунами, кој следеше после земјотресот во Индискиот Океан 2004 г.

Во текот на 2006. Унија на исламските судови, нова фракција во граѓанската војна, зазема голем дел од јужна Сомалија. Во декември истата година Етиопија покренува Војна во Сомалија која во рок од неколку недели ја ослободува територијата од Исламистите.

Географија Сомалискиот брег е долг 2700 km. Северниот дел на Сомалија е ридест со надморска височина од 1000 до 2000 m, а средишните и јужните делови се рамни. Реките Јуба и Шебели извираат во Етиопија и се влеваат во Индискиот Океан

Климата е одбележана со високи температури во текот на целата година. Максимална средна дневна температура е од 30 до 40 °C, освен на висините и долж источниот брег, средната дневна максимална температура се движи од 15 и 30 °C.

Административна поделба

мини|десно|250п|Регионите во Сомалија: 3. Гедо, 4. Беј, 5. Бакул, 6. Долно Шабеле, 7. Банадир, 9. Хиран, 10. Галгудуд, 11. Мудуг, 14. Сул, 15. Санаг, 16. Тогдер, 18. Аудал Сомалија е официјално поделена на 18 административни региони („гоболи“) кои потоа се делат на окрузи.

Фактичката ситуација е поинаква од правната. Северот на Сомалија денес е поделен помеѓу автономните региони Пунтленд (себеси се смета за автономна сојузна држава) и Сомалиленд (самопрогласена, но непризнаена суверена држава). Во средна Сомалија, јужно од Пунтлент е сместена и регионалната целина Галмудуг. (погл. Сојузни држави и региони во Сомалија)

Список на региони

Аудал Бакул Бари Беј Банадир Вокуји Галбид Галгудуд Гедо Долна Џуба | Долно Шабеле Мудуг Нугал Санаг Средна Џуба Средно Шабеле Сул Тогдер Хиран

Демографија За африканска земја Сомалија е невообичаено етнички еднообразна; скоро 85% од населението го чинат етнички Сомалијци кои се, поделени во многу кланови. 85% од населението на земјата се Сомалијци, а останатите се арапи, белуџи итн. Граѓанската војна во земјата во 90-тите довело до зголемување на сомалијската дијаспора во Европа, Африка и Блискиот Исток.Somali Diaspora – Inner City Press.

Службен јазик во земјата е сомалискиотAccording to article 7 of The Transitional Federal Charter of the Somali Republic : The official languages of the Somali Republic shall be Somali (Maay and Maxaatiri) and Arabic. The second languages of the Transitional Federal Government shall be English and Italian. .

Со многу мали исклучоци, Сомалијциte се скоро сите муслимани од кои мнозинството се пропадници на сунитскиот ислам. Уставот на Сомалија го дефинира исламот како религија на целата република, а исламскиот шеријат како основен извор на националното законодавство.The Transitional Federal Charter of the Somali Republic , Article 8, p.6. Христијанството претставува малцинска религија во земјата, со околу 1.000 верници. Во земјата постои само една епархија, која се наоѓа во престолнината Могадишу. Според еден податок, во земјата постојат околу 100 католички епарси

На 19 Декември 2023год. Абди Фарах Сомалијски Националист и Командант Прави Воен Удар на Сомалија .Претседателот и Премиерот на Сомалија Мистериозно Исчезнуваат и Собранието се Распуштува и Уставот е Суспендиран.На 20дек 2023год. Абди Фарах прави нов Народен Сомалијски Устав ,и го Формира Сомалијското Народно Собрание на 22дек.На 25ти Дек. Прогласува Воена Диктатура Како Народен Лидер на Сомалија и Врховен Командант на Вооружените сили.Тој во Говор рече дека ќе ја ослободи Цела Сомалија од Исламските Екстремисти и ќе формира Модерна,Секуларна, и Националистичка Сомалиска Држава Тој исто така рече дека ќе го освои Сомалијскиот дел на Етиопија и дека ќе ги Обедини сите Сомалијци во една држава.

Стопанство Поради недостатокот на државна контрола сомалиското стопанство е едно од најлибералните на светот; сепак, Сомалија е една од најсиромашните светски земаји: социјалниот, здравствениот и образовниот систем готово и да не постојат. Мнозинството од населението се занимава со номадско сточарство. Занимливо е дека Сомалија поради немањето државна регулатива има еден од најпропулзивните телекомуникациони сектори во регијата. Од валутите, највеќе се користи американскиот долар. Нема средишна национална банка па некои фирми и властодршци штампаат сопствени пари.

БДП за 2004 г. е проценет на 600 долари по жител (мерено по ППП).

Поврзано Сомалиленд Могадишу

Наводи

Надворешни врски

Федерална влада на Сомалија

Профил на Сомалија на BBC News

Категорија:Држави во Африка Категорија:Најмалку развиени земји Категорија:Држави и територии настанати во 1960 година