Тунис — држава во Северозападна Африка. Главен град е Тунис.

Потекло на поимот

Зборот Тунис е изведен од градот Тунис, кој е престолнина на земјата. Сегашната форма на името, со латинскata наставка -ia, произлегува од француското именување на земјата Tunisie. Ова име било додадено од страна на француските географи и историчари, како дел од нивните напори да се даде француско име на окупираните територии и протекторати. Француското име било усвоено и воведено во употреба од страна на некои европски земји, со мали модификации. Шпанскиот назив на земјата (Túnez) нема голема употреба. Сепак, во некои случаи, ова се употребува за разграничување на самиот назив на земјата од нејзиниот главен град. За потеклото на името Тунис постојат повеќе мислења. Според едно, тоа се поврзува со феникиската божица Тунит, античкиот град Тунес.

Историја

Според археолошките истражувања, територијата на денешен Тунис била населена уште од најрани времиња. На 20 километри од денешниот град Гафса била пронајдена најстарата религиозна градба на светот, стара повеќе од 40.000 години која се состои од повеќе предмети посветени на духовите и силите на природата. Во неолитскиот период на овие простори опстојувала иберско-мавританската цивилизација и капсијанската култура. Во тој период, Сахара имала далеку поплодородна и поволна клима за човечкиот развој за разлика од денес. Во тоа време Тунис бил населен од берберски племиња.

Антика мини|лево|Остатоците од античкиот град Доуга. На територијата на Тунис од страна на фенекиските населеници се развила голема трговска мрежа, главно по Средоземното Море и Гибралатарскиот теснец. Една од најважните бази кои биле формирани е Картагина, основана во 814 п.н.е. Според легендата, градот бил основан од страна на кралицата Елиса, сестра на Пигмалион.

Во периодот од 6 век п.н.е. и 5 век п.н.е., Картагина започнала да се одвојува од старогрчката култура, создавајќи своја сопствена цивилизација на територијата на Северна Африка и делови од Средоземно Море. Картагина се проширила и кон север и југ каде трговијата и била основната дејност. Во почетокот на 3 век п.н.е. Картагина станала голема поморска и трговска сила која целосно ја контролирала трговијата и пловидбата во водите на Средоземното Море. Таа поседувала и територии надвор од Африка: јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров, западна Сицилија, Корзика, Сардинија и Малта.

Пунските војни, владеењето на Рим и среден век По уништувањето на старогрчката култура од страна на Римската република, единствениот главен противник на Римјаните за контрола на Средоземјето им останал Картагина. Поради ова, во 264 п.н.е. започнале т.н. Пунски војни. Првата пунска војна се водела главно во Сицилија. Војната траела до 241 п.н.е. По 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. Втората пунска војна водена помеѓу 218 п.н.е. и 201 п.н.е.Chris Scarre, "The Wars with Carthage," The Penguin Historical Atlas of Ancient Rome (London: Penguin Books, 1995), 24-25. во која Картагина повторно доживеала пораз. Пунскиот водач Ханибал во почетокот постигнал големи успеси, но на крајот бил сопрен од страна на Скипион Африканецот. По Третата пунска војна, Рим целосно ја уништил Картагина во 146 п.н.е. Причина за избивањето на војната биле растечкото нерасположение кон Рим во Шпанија и Грција, како и подемот во поморската моќ и во богатството што го имала Картагина во 50-те години по Втората Пунска војна. По крајот на Пунските војни, земјата станала римска провинција Африка. Утика станал главен град на провинцијата. Во 44 п.н.е. Јулиј Цезар одлучил на овие простори да основа колонија, но тоа се остварило во времето на Октавијан Август, неколку децении подоцна. По неколку години Картагина станала главен град на провинцијата. Картагина била важно подрачје за Римјаните, главно поради производството на пченица и различни житарници. Тунис станал седиште на римско-африканската цивилизација.

христијанството се појавило во Тунис и Магреб во текот на 2 век. Кога новата религија станала официјална за цела империја, голем број на луѓе кои не сакале да го прифатат христијанството биле или прогонувани или им биле одзимани имотите. На територијата на Африка, христијанството се проширило многу побргу за разлика од Европа. Како главна причина се гледа во улогата на црквата во втората половина на 3 век. Африканската црква се развивала многу брзо, па така Картагина станала во 4 век еден од поголемите духовни центри во регионот. Во текот на 429 година, вандалскиот крал Гејсерик со својата војска го преминал Гибралтарскиот Проток. По десетина години влегол во Картагина и основал кралство кое опстојувало скоро еден век. Вандалите владееле со најбогатата римска провинција. Можеби нивниот најголем проблем бил регрутирањето на војници. Во 530 година тие биле поразени од страна на византискиот цар Јустинијан I, кој до 533 година успеал да ја зазеде целосно нивната територија. Најголемиот дел од вандалското население било заробено и депортирано. Голем дел од населението било вклучено во византиската војска. Сепак, Византија не успеела да ја зачува оваа територија, главно поради берберските напади.

Првите напади на Арапите на територијата на денешен Тунис започнале кон 647 година. Византија била поразена. Во 661 година бил заземен Бизерта. Во 698 година бил освоен поголемиот дел од територијата. За разлика од Римјаните и Византијците, Арапите ја освоиле целосно територијата на земјата. Во 800 година била основана династија Аглабида која владееле во наредните сто години. Тунис станал важно културно седиште во чиј центар се наоѓал Керуан. Била основана голема морска флота. Во почетокот на 10 век била основана династијата на Фатимидите. Во 921 година бил основан градот Махдиа и прогласен за престолнина на Фатимидскиот калифат. Во 948 година била заземена Сицилија. Во 972 година тие својата престолнина ја преместиле во Египет. Распаѓањето на Фатимидската династија се случило во средината на 11 век, кога еден владетел добил од абасидскиот калиф статус на заповедник на целиот Магреб.

Османлиско владеење, француска ера, Втора светска војна и независност мини|Првиот претседател на Тунис, Хабиб Бургиба оддава почит на националното знаме на Тунис. Во текот на 16 век Тунис паднал во рацете на Османлиското Царство. Во следниот век Тунис станал вазалство на империјата, со огромна независност и автономија. Во 1869 година Тунис прогласил банкрот, па така настапиле европските освојувачи Франција, Италија и Велика Британија кои ја зазеле целосно економијата на земјата. Во 1881 година француската војска влегла во Тунис и за три недели ја зазел целата територија на земјата. Тунис станала француски протекторат. Во овие години во земјата биле извршени големи економски промени. Во Тунис биле изградени железнички станици, патна инфраструктура. Наспроти тоа ресурсните богатства на земјата целосно биле експлоатирани од Франција. По ова следувало создавање на првите националистички движења чија цел била добивање на независност на земјата.

Својата независност Тунис ја извојува на 20 март 1956 година. Прв претседател станува Хабиб Бургиба. Во ноември 1987 година докторите го прогласуваат Бургиба за неспособен да владее, по што, преку мирен пуч, премиерот Зин Ел Абидин Бен Али станува претседател. Тој владее со Тунис 23 години, до јануари 2011 година, кога ја напушта земјата, под притисок на јавното незадоволство од неговото владеење.

Географија

Тунис опфаќа територија од 163.610 км2, што го прави најмалата држава во Магреб. На исток земјата се граничи со Либија, на запад со Алжир, на север и северозапад со Средоземно Море. Релјефот на Тунис е доста различен од вообичаениот во регионот. Земјата има релативно голема крајбрежна линија (1.298 км). Третина од површината на север е зафатена од Атласките планини. Највисок врв е Џебел Шамби (1.544 m), а просечната надморска височина е околу 700 m. Пустината Сахара, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, опфаќа околу 40% од територијата на Тунис.

Најголема река е Меџерда, која се влева во Тунискиот Залив. Најважните природни ресурси се нафта, фосфати, железна руда, олово, цинк, сол и обработливо земјиште.

Клима

Климата во Тунис е под големо влијание од Средоземно Море и од пустината Сахара на југ. Ова означува да во северниот дел од земјата климата е суптропска средоземна, а во јужниот пустинска. Карактеристично за средоземната клима е влажната зима и исклучителното топло лето.

Годишниот број на врнежите варира во текот на целата година, во зависност од регионот, и тоа:

околу 1.000 mm на север околу 380 mm во централниот дел околу 300 mm на југ

Летото во земјата се одликува со високи температури на југ, кои варираат во зависност од местото, надморската висина и близината со морето. Средните температури за целата земја се движат од 12° С во декември до 30 °C во јули. Земјата се одликува со голем број сончеви денови (околу 3000 часа годишно). Во Тунис се можни големи температурни амплитуди, при кое во планинските подрачја во зимскиот период паѓа до 0° С, а до 50° С во текот на летото во пустинските краишта. Тунис има голем излез на Средоземното Море — брегот му е долг од 1.250 километри.

+ Средни температури температура јануари февруари март април мај јуни јули август септември октомври ноември декември минимална 8 °C 8 °C 9 °C 11 °C 14 °C 18 °C 21 °C 22 °C 20 °C 17 °C 12 °C 9 °C максимална 16 °C 17 °C 19 °C 21 °C 26 °C 30 °C 34 °C 34 °C 30 °C 26 °C 21 °C 17 °C

Политички систем

Претседателот на Тунис се бира на секои пет години, на претседателски избори. Претседателот може да биде избиран неограничено, но под услов да има помалку од 75 години. Зин Ел-Абидин Бен Али на тоа место бил избран во 2004 година. Земјата во поновата историја имала само два претседатели: Бен Али и претходно Хабиб Бургиба (1957 - 1987). Премиери на земјата биле Бахи Ладхам, Хеди Нуир, Мохамед Мзали, Рашид Сфар и Зие Ел-Абидин Бен Али и Бен Али. Законодавната власт се состои од Долен дом, составен од 189 пратеника, и Горен Дом од 112 членови.

Денешниот устав бил прогласен во 1959 година, три години по прогласувањето на независноста на земјата. Сепак на двапати тој претрпел промени, и тоа во 1988 година, кога биле ограничени бројот на претседателските мандати, и во 2002 година кога бил одржан референдум за укинување на ограничувањето на претседателскиот мандат. РЦД е моменталната партија на власт во земјата, која владее веќе 25 години. Сепак, во поголемиот дел од тие години таа била единствената легална партија. Денеска во земјата има шест опозициски партии, кои заземаат 20% од пратеничките места во парламентот.

Надворешна политика десно|260п|мини|Зин Ел-Абидин Бен Али

Првиот претседател на земјата, Хабиб Бургиба, во текот на Студената војна, земјата ја ставил на страната на неврзаните, одржувајќи добри односи со Европа и САД. Неговиот наследник, Зин Ел-Абидин Бен Али, исто така ги одржувал добрите односи со западните земји, и активно учествувал во соработката со арапските и африканските земји. Земјата на неколкупати ја помагала Палестина и други арапски и муслимански земји во време на криза, како на пример Либан во 2006 година, по израелската инвазија на земјата, и Индонезија по 2004 година, и настанатото катастрофално цунами. Од 1985 година, Тунис е член на Арапската лига и една од основачите на Африканската лига, со која претседавал од 1994 до 1995 година, и учествувал во основањето на Африканската унија во 2002 година. Земјата исто така се потпира и за развојот на Магрепската унија, во која членуваат уште и Алжир, Мароко, Мавританија и Либија. Развојот на оваа унија е во знак прашање ако се има предвид недоразбирањата на Мароко и Алжир околу Западна Сахара.