Азербејџан (азербејџански: Azərbaycan), или официјално Република Азербејџан (азербејџански: Azərbaycan Respublikası) — земја во регионот на Јужен Кавказ во Евроазија на раскрсница помеѓу Источна Европа и Западна АзијаИако честопати е политички усогласена со Европа, Азербејџан генерално се смета дека е барем претежно во Југозападна Азија географски, со северниот дел, поделен со стандардната граница Азија-Европа, Голем Кавказ. Обединетите нации во својата класификацијата на светски региони го става Азербејџан во Западна Азија; „Светска книга на факти“ на ЦИА ја става претежно во Југозападна Азија и Merriam-Webster's Collegiate Dictionary на двата континенти; NationalGeographic.com, и Encyclopædia Britannica исто така, ја сместува Грузија во Азија. Спротивно на тоа, некои извори го ставаат Азербејџан во Европа како што е Worldatlas.com. Земјата е опколена од Каспиското Море на исток, и граничи со Русија на север, Грузија на северозапад, Ерменија на запад и Иран на југ. Ексклавата Нагорно-Карабах е опколена од Ерменија на север и исток, Иран на југ и запад, и има граница со должина од 11 километри со Турција на северозапад.
Азербејџанската Демократска Република ја прогласила својата независност во 1918 година и станала прва секуларна демократска муслиманска држава. Во 1920 година, земјата била инкорпорирана во Советскиот Сојуз како Азербејџанска Советска Социјалистичка Република. Современата Република Азербејџан ја прогласила својата независност на 30 август 1991 година, непосредно пред распаѓањето на СССР истата година. Во септември 1991 година, ерменското мнозинство од спорниот регион на Нагорно-Карабах се отцепило и ја формирало Република Арцах. Регионот и седум соседни области надвор од неа станале де факто независни со крајот на Нагорнокарабашката војна во 1994 година. Овие региони се меѓународно признати како дел од Азербејџан за решавање на статусот на Нагорно-Карабах преку преговорите што ги олеснува ОБСЕ.
Азербејџан е унитарна полупретседателска република. Таа е една од шесте независни туркиски држави и активен член на Советот на туркофонски држави и заедницата ТУРКСОЈ. Азербејџан има дипломатски односи со 158 земји и има членство во 38 меѓународни организации, меѓу кои и Обединетите Нации (од 1992 година), Советот на Европа, Движењето на неврзаните, ОБСЕ и Партнерството за мир (ПзМ). Тој е еден од основачите на ГУАМ, Заедницата на независни држави (ЗНД) и Организацијата за забрана на хемиско оружје. Азербејџан, исто така, има статус на набљудувач во Светската трговска организација.
Иако повеќе од 89% од населението се шиитски муслимани, уставот на Азербејџан не познава официјална религија и сите главни политички сили во земјата се секуларни. Азербејџан има високо ниво на човечки развој кој е рангиран на исто ниво со повеќето земји од Источна Европа. Азербејџан има висока стапка на економски развој и писменост, како и ниска стапка на невработеност. Сепак, владејачката партија, партијата Нов Азербејџан, била обвинета за авторитаризам и кршење на човековите права.
Потекло на поимот
Според современата етимологија, терминот Азербејџан произлегува од терминот Атропати, персискисатрап во времето на Ахеменидското Царство, кој подоцна бил вратен како сатрап на Медијците во времето на Александар ВеликиNevertheless, "despite being one of the chief vassals of Sasanian Shahanshah, the Albanian king had only a semblance of authority, and the Sassanid marzban (military governor) held most civil, religious, and military authority.. Оригиналната етимологија на ова име се смета дека има свои корени во некогаш доминантниот зороастризам. Во Авеста („Химна на ангелите чувари“), се споменува âterepâtahe ashaonô fravashîm ýazamaide, кое буквално се преведува како „ние му се поклонуваме на Фраваши од Атропатена“. Името „атропати“ самата е грчка транслитерација. Грчкото име го споменале Диодор и Страбон. Во текот на милениумот, името се развило во Атурапакан, потоа во Адабарбадхаган, Ахарбајаган, Асарбадјан и денешен Азербејџан.
Името Азербејџан првпат било усвоено за областа на денешна Република Азербејџан од страна на владата на Мусават во 1918 година, по распадот на Руското Царство, кога била формирана независна демократска република. Дотогаш, мето било користено исклучиво за да се идентификува соседниот регион на современиот северозападен Иран, додека областа на Азербејџанската Демократска Република порано била наречена Аран и Ширван. Врз основа на тоа, Иран протестирал против новоприфатеното име на земјата.
За време на советското владеење, земјата била исто така напишана на англиски јазик од руската транслитерација како Azerbaydzhan().
Историја
Антички период
Најраните докази за човечки населби на територијата на Азербејџан датираат од доцното камено време и се поврзани со културата Гобустан. Културите од горниот палеолит и доцното бронзеното време се посведочени во пештерите Тагилар, Дамџили, Зар, Јатак-Јери и во некрополите во Лејла-тепе и Сарај-тепе.
Пронајдени се рани населби на Скитите во 9 век п.н.е., иранските Медијци пак доминирале во областа на југ од Арас. Медијците управувале со голема империја помеѓу 900-700 п.н.е., која била интегрирана во Ахеменидското Царство околу 550 п.н.е. Областа била освоена од страна на Ахеменидското Царство по кое започнало да се шири зороастризмот. Подоцна територијата станала дел од Македонското Царство на Александар Велики и неговиот наследник, Селевкидското Царство. Во овој период, зороастризмот се проширил на Кавказот и Атропатена. Кавказските Албанци, првобитните жители на североисточниот дел од Азербејџан, владееле во таа област од околу IV век п.н.е. и воспоставиле независно кралство.
Од сасанидски до сафавидски период
Сасанидското Царство ја претворила кавкаска Албанија во вазална држава во 252 година, додека кралот Урнар официјално го прифатил христијанството како државна религија во 4 век. И покрај сасанидското владеење, Албанија останала ентитет во регионот до 9 век, додека целосно не била вклучена во составот на Сасанидското Царство, и ја задржала својата монархија. И покрај тоа што бил еден од главните вазали на сасанискиот цар, албанскиот крал имал само привилегија на авторитетот, а сасанискиот марзан (воениот гувернер) ги држел повеќето граѓански, верски и воени авторитети.
Во првата половина на 7 век, кавкаска Албанија, како вазал на Сасанидското Царство, се нашла под номинална муслиманска власт поради муслиманското освојување на Персија. Омејадскиот калифат ги поразил Сасанидите и Византијците од Закавказот и ја претворил кавкаска Албанија во вазална држава по христијанскиот отпор предводен од кралот Џаншашир, кој бил потиснат во 667 година. Вакуумот на моќта што го оставил падот на Абасидскиот калифат бил исполнет со бројни локални династии како Салариди, Саџиди и Шедадиди. На почетокот на 11 век, територијата постепено била освоена од нападите на Огузите од Средна Азија. Првата од овие турски династии го основало Селџучкото Царство.
Пред-турското население кое живеело на територијата на современиот Азербејџан, зборувало неколку индиевропски и кавкаски јазици, меѓу кои ерменскиМоисей Хоренский. Армянская География VII в. Перевод Патканова К.П. СПб., 1877. стр. 40,17Hewsen, Robert H. "The Kingdom of Artsakh," in T. Samuelian & M. Stone, eds. Medieval Armenian Culture. Chico, CA, 1983 и ирански јазик, староазерски, кој бил постепено заменет со турски јазик, раниот претходник на азербејџанскиот јазик денес. Некои јазичари исто така изјавиле дека Татиските дијалети на Ирански Азербејџан и Република Азербејџан, како оние што ги зборуваат татски, потекнуваат од староазерскиот.
Локалната династија Ширваншах станала вазална држава на Тимурското царство и му помогнала во неговата војна со владетелот на Златната Орда. По смртта на Тимур, се појавиле две независни и сопернички држави: Кара Којунлу и Ак Којунлу. Династијата Ширваншах се вратила, одржувајќи висок степен на автономија како локални владетели и вазали од 861, за многу векови. Во 1501 година, Сафавидите ја покориле династијата Ширваншах. Во текот на следниот век, Сафавидите го претвориле поранешното сунитско население во шиитски ислам, како што тоа го правеле и со населението во денешен Иран. Сафавидите им дозволиле на Династијата Ширваншах да останат на власт, до 1538 година, кога шах Тахмап I (р. 1524-1576) целосно ги соборил и ја претворил областа во провинцијата. Суннските Отоманци кратко успеале да заземат делови од денешен Азербејџан како резултат на отоманско-сафавидската војна од 1578-1590 година; до почетокот на 17 век, тие биле соборени од Абас I (р. 1588-1629). Во пресрет на распаѓањето на Сафавидското Царство, Баку и неговата околина накусо биле окупирани од Русите како последица на Руско-персиската војна од 1722-1723 година. И покрај кратките застанувања, како што се овие од соседните соперници на Сафавидски Иран, територијата на денешен Азербејџан останала под иранско владеење од најраното доаѓање на Сафавидите до почетекот на XIX век.
Современа историја
По крајот на Сафавидите, областа била управувана од иранската династија Аршариди. По смртта на Надер Шах (р. 1736-1747), во многу од неговите територии започнале големи нестабилности, а територијата била управувана од бројни ханови со различни форми на автономија. Владетелите на овие ханства биле директно поврзани со владејачката династија на Иран и биле вазали на иранскиот шахEncyclopedia of Soviet law By Ferdinand Joseph Maria Feldbrugge, Gerard Pieter van den Berg, William B. Simons, Page 457. Ханствата вршеле контрола над нивните работи преку меѓународните трговски патишта меѓу Средна Азија и Западот.
Потоа, подрачјето било под власта на иранските династии Занди и Каџари. Од крајот на XVIII век, Руското Царство започнало да практикува поагресивен геополитички став кон своите соседи и соперници на југ, имено против Перија и Отоманското ЦарствоGabor Agoston, Bruce Alan Masters. Encyclopedia of the Ottoman Empire Infobase Publishing, 1 January 2009 p. 125. Русија се обидела долготрајно да го освои регионот Кавказ, кој во најголем дел бил во рацете на Иран. Во 1804 година, Русите го нападнале и го освоиле иранскиот град Ганџа, предизвикувајќи ја Руско-персиската војна од 1804-1813, во која Русија излегла како победник.
По поразот, Персија била принудена да ги признае териториите на неколку ханства, а Грузија и Дагестан биле приклучени во составот на Руското Царство, според Договорот од ЃулистанTimothy C. Dowling Russia at War: From the Mongol Conquest to Afghanistan, Chechnya, and Beyond pp 728–729 ABC-CLIO, 2 December 2014 .
Областа на север од реката Арас, меѓу која територија лежи современата Република Азербејџан, била иранска територија додека не била окупирана од Русија во 19 век. Околу една деценија подоцна, спротивно на договорот со Ѓулистан, Русите го нападнале персиското Ереванско ханство, по кое започнала последователната Руско-персиската војна од 1826-1828. Како резултат на Договорот од Туркменхај, Каџарите го принудиле Иран да го отстапи суверенитетот над Ереванското ханство, Нахчиванското ханство и остатокот од Талишкото ханство, кое ги опфаќало последните делови од територијата на современата азербејџанска република. По вградувањето на сите кавкаски територии од Иран во Русија, новата граница меѓу двете биле поставени на реката Арас, која по крајот на Советскиот Сојуз, подоцна станала дел од границата меѓу Иран и Азербејџан.
Иран бил принуден да ги отстапи своите кавкаски територии во Русија во 19 век, што на тој начин ја вклучил територијата на денешна Азербејџанска Република, а како резултат на тоа, азербејџанската етничка група денес е разделена на два дела: Иран и АзербејџанSwietochowski, Tadeusz. Eastern Europe, Russia and Central Asia 2003 Taylor and Francis, 2003. p. 104. Сепак, бројот на етнички Азери во Иран е далеку поголем од оние во соседниот Азербејџан.