Оваа статија се однесува на селото во Струмичко. За градот во Пиринска Македонија, видете Банско (град).
Банско (познато и како Бања Банско) — село во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. Во селото се наоѓа и истоимената Бања Банско.
Географија Банско се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 км. Надморската височина во селото е 275 метри а атарот зафаќа 2.373 ха.
Селото се граничи со Муртино, Моноспитово, Габрово, Бајрамбос.
Топонимија Во рамките на селскиот атар се наоѓаат следниве топоними: Бабек, Бања, Воденици, Габер, Двор, Домла, Ќупо Долина, Ќуп, Село, Силенџа, Скрт, Чинар, Армен, Базерник, Бела Чешма, Влигеци, Воденици, Ѓоло, Голупка, Кашин, Кестенлик, Кетенак, Кориите, Корита, Косин, Косиште, Лапа, Лосиште, Мерата, Орман, Панаир, Поглед, Прадо, Стапалка, Стари Лозја, Чинар.
Историја thumb|десно|Остатоци од Старата џамија thumb|десно|Подрачно училиште „Маршал Тито“ thumb|десно|Дом на култура thumb|десно|Хотел „Цар Самоил“
Во времето по Беласичката битка во 1015 година се споменува дека Василиј II испратил од Солун еден силен одред кон Струмица, но тој успеал да ја освои само малата блиска тврдина Термица. Оваа тврдина се наоѓала над селото Банско (термица, значи мала бања), во подножјето на Беласица каде што доскоро се гледале урнатини од една средновековна градба.
Во делата на Хаџи Калфа и Евлија Челебија се споменува панаѓур кој се одржувал секоја година во месец август.
Стопанство
Банско е познато со своите топли минерални извори што се користат за производство на ран зеленчук, а одамна е познато и како балнеолошки центар. Неговите бањи се изградени во рано турско време, а денес тоа израснува и како рекреативен центар.
Претежно занимање на населението е земјоделство и туризам. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 417 ха.
Во селото опстојуваат хотелите: „Цар Самуил“ „Дукат“ „Спиро Захов“
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци и 150 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.992 жители, од кои 1.064 Македонци, 2 Албанци, 900 Турци, 17 Роми, 3 Срби и 6 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.414 жители, од кои 827 Македонци, 2 Албанци, 1.142 Турци, 2 Роми, 7 останати и 434 лица без податоци.
Општествени установи Подрачно Основно училиште „Маршал Тито“ Пошта
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1837 и 1838 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.754 гласачи.
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.797 гласачи.
Културни и природни знаменитости thumb|десно|Бања Банско мини|десно|Црква „Св. 40 Севастиски Маченици“
Бања Банско Црква „Св. Петка“ Црква „Св. 40 Севастиски маченици“ — средновековна црква и некропола Римска населба Бела вода Врелото Градиште Дервиш Каптажа Под тврдината Китка Китка Моноспитовски лозја Центар за рехабилитација „Бања Банско“ Дом на пензионери „Спиро Захов“ Ендемски вид на папрат, единствен на Балканот.
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Беласица Категорија:Села во Македонија