Македонска опера и балет (МОБ), службено: Национална опера и балет (НОБ) — државна културна установа на Македонија.
Организација и менаџмент Седиштето на „МОБ“ е на булеварот „Гоце Делчев“ бр. 4, Скопје.
Функцијата директор на НОБ ја извршувале: др. Васо РистовGiuseppe Verdi, Il Trovatore, НУ Национална опера и балет, Скопје, 11.5.2024.
Уметнички раководители на НОБ биле:Функцијата директор на НОБ ја извршувале:Giuseppe Verdi, Il Trovatore, НУ Национална опера и балет, Скопје, 11.5.2024. Олга Панго (уметнички раководител на балетот) Орце Ицковски (уметнички раководител на операта)
Историја Оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“, е изведена на 9 мај 1947), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“, е изведена на 27 јануари 1949). И двата ансамбли работеле во рамките на МНТ.59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација со име „Македонска опера и балет (МОБ)“. Во 2018 година, името на МОБ било променето во „Национална опера и балет“ или скратено „НОБ“.59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
НОБ работел во рамките на МНТ во големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена 1927). МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. Потоа, МНТ работел во привремениот објект „Театар Центар“, а тоа траело до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи НОБ, а за потребите на МНТ повторно била изградена, на истото место и со истиот план, зградата од 1927, урната во земјотресот.
На почетокот, во МОБ биле ангажирани тогашните расположливи професионални кадри, како и членови од аматерските хорски и оркестарски ансамбли. Подемот на операта започнал со доаѓањето на диригентот Ловро Матачиќ, кога биле комплетирани солистичката екипа, оркестарот и хорот и почнала да се реализира разновидна репертоарска политика, со нагласок на т.н. „железен репертоар“. Тоа создало услови, ансамблот на МОБ да гостува низ Југославија, како и во Лоѓ, Нирнберг, Букурешт, Стразбур, Софија, Тирана итн. Како последица на големиот интерес од публиката, во 1972 година бил основан фестивалот „Мајски оперски вечери“59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
Претстави Опери Џузепе Верди, Травијата, 2014 (диригент: Бисера Чадловска; режисер: Нина Најденова)Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014. Икума Дан, Ноќен жерав, 2014 (диригент: Мазахико Окочи; режисер: Кацухиро Котецу)Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014. Волфганг Амадеус Моцарт, Така прават сите, 2014 (диригент: Саша Николовски - Ѓумар; режисер: Цветан Стојановски)Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014. Стојан Стојков, Змејовата невеста, 2015 (диригент: Саша Николовски - Ѓумар; режисер: Дејан Пројковски)„Змејовата невеста - опера на македонски по десет години“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 20. „Змејовата невеста одушеви и визуелно и вокално“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 21. Џузепе Верди, Набуко, 2015 (диригент: Бисера Чадловска)Утрински весник, година XVI, број 4714, четврток, 19 февруари 2015, стр. 17. Адријана Лекуврер, 2015 (диригент: Стефано Романи; режисер: Енрико Кастиљоне)Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 24. Рита, 2021 (диригент: Бисера Чадловска; режисер: Трајко Јордановски)Македонска опера и балет, Програма - декември 2022, Скопје, 2022. Џузепе Верди, Трубадур, 2024 (диригент: Иван Еминовиќ; режисер: Иван Поповски)Giuseppe Verdi, Il Trovatore, НУ Национална опера и балет, Скопје, 11.5.2024.
Балети Камиј Сен-Санс, „Самсон и Далила“ (кореограф: Роналд Савковиќ), 2012„Самсон и Далила во МОБ“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 18. Џузепе Верди, „Дамата со камелии“ (кореограф: Васил Медведев), 2014 Чезаре Пуњи, „Есмералда“ (кореограф: Михаил Крапивин; режисер: Бисера Чадловска)Дневник, година XIX, број 5721, петок, 20 март 2015, стр. 27. Нерија Голдберг, „Клеопатра“ (кореограф: Василиј Медведев, либрето Јана Темиз), 2016Ѓургица Јовановска, „Раскошна уметничка креација на Александра Мијалкова како Клеопатра“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 19. Госпоѓицците од Авињон, 2022 (музика: Калиопи Букле; режисер: Олга Панго)Македонска опера и балет, Програма - декември 2022, Скопје, 2022. Петар Илич Чајковски, Заспаната убавица, 2024 (диригент: Најер Нагуи; кореограф: Виктор Јаременко])Петар Илич Чајковски, Заспаната убавица, НУ Национална опера и балет, Скопје, 15.5.2024.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Македонска опера и балет
Категорија:Згради и градби во Скопје Категорија:Оперски куќи во Македонија Категорија:Театри во Скопје Категорија:опера во Македонија Категорија:Балет во Македонија Категорија:Македонска култура