Непал (), офиц. Сојузна Демократска Република Непал — република на Хималаите. Се наоѓа во Јужна Азија. Се граничи со Кина на север и со Индија на југ, исток и запад. Главен град е Катманду. Сè до 2008 г. земјата била кралство.

По повеќевековно владеење на апсолутни монарси, во 1990 година е воведена уставна монархија. Сепак монархот и по воведувањето на уставната монархија задржал голем дел од власта, поради што помеѓу населението се јави големо незадоволство, кое во 1996 резултира со отпочнување на граѓанска војна во Непал. Од едната страна во војната се маоистичките бунтовници, а од другата приврзаниците на кралот. На 28 мај 2008 Непал е прогласен за република, под новото уставно име Демократска Република Непал.

Етимологија на име

Непал има население од повеќе од 26 милиони луѓе, составено од над 40 различни раси и племиња. Земјата нуди таква разновидност што посетителот ќе го видат на било кој начин животот од камено време, во далечниот запад и високите ридови. Две поголеми групи во Непал се: Тибето-Бурман, или Монголоиди од север, и Индоариевци од југ. Многу обичаи се наследени од двете страни и се развиени од страна на влијанија на земјиштето, климата и расположливи ресурси. Најголемата групи можат да бидат поделени врз основа на географски локации по височина.

Административна поделба

Непал е поделен на 5 развојни региони (), 14 административни зони (अञ्चल) и 75 окрузи (जिल्ला). На чело на секој округ стои извршен управник одговорен за јавниот ред и мир, како и за усогласување на работата на владините служби.

Региони

мини|десно|Карта на развојните региони во Непал

Петте региони се следниве (од исток кон запад):

Источен развоен регион или „Пурванчал“ (पुर्वाञ्चल विकास क्षेत्र) Централен развоен регион или „Мадјаманчал“ (मध्यमाञ्चल विकास क्षेत्र) Западен развоен регион или „Пашчиманлал“ (पश्चिमाञ्चल विकास क्षेत्र) Среднозападен развоен регион или „Мадја Пашчиманлал“ (मध्य पश्चिमाञ्चल विकास क्षेत्र) Далекузападен развоен регион или „Судур Пашчиманлал“ (सुदुर पश्चिमाञ्चल विकास क्षेत्र)

Зони мини|десно|Карта на зоните во Непал

Еве список на зоните во земјата:

Багмати Бери Давалагири Гандаки Џанакпур Карнали Коси <li>Лумбини <li>Махакали <li>Мечи <li>Нарајани <li>Рапти <li>Сагармата <li>Сети

Стопанство

Главна стопанска гранка во државата е сѐ уште земјоделството, иако сѐ повеќе се застапени и услужните дејности (туризмот). Државата голема помош прима од дарителите, односно од Германија, Кина, Јапонија и Соединетите Американски Држави. Најзастапени земјоделски култури се пченката, пченицата, оризот, памукот,тутунот, компирот и чајот. Сточарството во Непал е исто така прилично развиено. Се одгледуваат овци (2,4 милиони), говеда (7 милиони), свињи и кози. Индустријата сѐ уште е во развиток. Развиени се прехранбената индустрија и чевларството. Од рудите има злато, бакар, железо, манган и никел.

Население, јазик и религија

Во Непал живеат повеќе од 60 различни етнички заедници и касти. Четири најбројни групи се кшатрије (околу 16%), брамани (околу 13%), магар (7%) и тару (6,75%). Познатите шерпи, познати како водачи на алпинистичките експедиции, сочинуваат само 0,68% од целото население. Хиндуизмот е најбројна религија (80%), па потоа следи будизмот (11%). Основачот на будизмот Сидарта Гаутама (Буда) е роден во Непал. Околу половина од населението го зборува непалскиот јазик. Непалското знаме е единствено државно знаме кое нема правоаголна форма. Половина од населението на Непал живее под границата на сиромаштијата (1,25$ дневно).

Религија

Наводи

Категорија:Држави во Јужна Азија Категорија:Најмалку развиени земји Категорија:Поранешни монархии во Азија Категорија:Држави во Азија