мини|десно|Белимбегово (Илинден) — пример за големо приградско село во Македонија мини|десно|Галичник — западномакедонско планинско село мини|десно|Селото Касл Кум во Вилтшир, Англија Селата — помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење. Селото може да биде споено или надворешно и има население (денес 100 и повеќе жители). Околното подрачје што му припаѓа на самото село се нарекува атар.„атар“ - Дигитален речник на македонскиот јазик

Селски населби во Македонија

Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1.645 села. Според пописот 2021 година, во села живееле 705.357 лица или 38,4% од населението во земјата.Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, попис 2021, 31 стр.

Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:

Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите; Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите; Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села; Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите одлики на селото.

Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.

Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58,4% од сите села. Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20,5% од сите села. Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села (21.1% од сите).

Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.

Селото како тема во уметноста и во популарната култура Селото како тема во книжевноста Селото како тема во народната книжевност „Си поминав низ село“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 21. „Селаните сакале да ги продадат коњите па ги продале жените“ – полска народна приказна.Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 136-140. „За еден селанец кој имал злобна жена“ – полска народна приказна.Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 146-148. „Селанецот и оџата“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 8. „Селанецот што го надитрил аптекарот“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 67-68. „Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 24-26.

Селото како тема во книжевноста „Село“ - песна на рускиот поет Генадиј Ајги од 1986 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 57-58. „Последните селани“ — роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски.Петре М. Андреевски, Последните селани (второ издание), ЗУМПРЕС, Скопје, 1999 „Селска хроника“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 132-133. „Селото Степанчиково“ (руски: Село Степанчиково и его обитатели) - роман на рускиот писател Фјодор Достоевски од 1859 година.<ref>Joseph Frank, Dostoevsky. The Years of Ordeal 1850-1859, London, 1983, p. 264.</ref> „По селото“ - песна на рускиот поет Михаил Исаковски.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 201. „Село зад седумте јасени“ - роман на македонскиот писател Славко Јаневски од 1952 година. „Селани“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 60-65. „Селска сиромаштија“ — песна на Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 33. „Мртво село“ — песна на Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 49. „На село“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 68-69. „Сабота в село“ (италијански: Il sabato del villaggio) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 36-37. „Село“ (Pueblo) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 23. „Приказни од моето село“ — книга на македонскиот писател Ванчо Николески.Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967. „Гостин од село“ - расказ на македонската писателка Оливера Николова.Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 10-11. „Непроштено“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 236. „Адам и Далјана“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 237. „Вртолум“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 238. „Адамово и Давидово“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 239. „Село“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 57-58. „Селска мака“ - песна на македонскиот поет Кочо Рацин.Кочо Рацин, Бели мугри. Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 5. „Жителите на едно село“ — краток расказ на македонскиот писател Сотир Ристо.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 218. „Кучешкото село“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.

Селото како тема во музиката „Село“ (англиски: The Village) — песна на британската поп-рок група „Њу Ордер“ (New Order) од 1983 година.YouTube, New Order - Power, Corruption & Lies (пристапено на 16.12.2017) „Селски живот“ (англиски: Country Life) — албум на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1974 година.YouTube, Roxy Music - Country Life (1974) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 27.12.2017) „Во наше село“ — песна на македонската етно група „Синтезис“.ТЕА Модерна колеција, „Кон традицијата“. „Селанец во големи гомна“ (англиски: Peasant In The Big Shitty) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.DISCOGS, The Stranglers ‎– No More Heroes (пристапено на 4.5.2021) „Селска песна“ (англиски: Country Song) — песна на британската поп-рок група „Хепи мандис“ (Happy Mondays'') од 1988 година.Discogs, Happy Mondays ‎– Bummed (пристапено на 9.3.2021)

Галерија

Поврзано Заселок Населено место Село (средина)

Наводи

Категорија:Административни единици Категорија:Урбанизам Категорија:Географија