За други значења на зборот „Уругвај“, видете ја страницата за појаснување.
Уругвај (шпански: Uruguay), службено Источна Република Уругвај (República Oriental del Uruguay) — независна држава во Јужна Америка. Уругвај се наоѓа на источната страна на континентот, на источниот брег на реката Уругвај. Уругвај на запад граничи со Аргентина, на север и исток со Бразил, на југ излегува на реката Рио де ла Плата и нејзината делта, а на југоисток на Атлантскиот Океан. Населението на Уругвај е околу 3.44 милиони луѓе, од кои 1,8 милиони живеат во главниот град Монтевидео. Со своите 176,000 км2, Уругвај е втора најмала суверена држава во Јужна Америка по површина,Schenoni, Luis (2017) "Subsystemic Unipolarities?" in Strategic Analysis, 41(1): 74–86 веднаш зад Суринам.
Територијата на Уругвај била населена од Чаруанците 4000 години пред да дојдат португалските истражувачи и колонисти и да ја основаат Колонија Сакраменто во 1680 година. Во споредба со останатите околни јужноамерикански држави, Уругвај бил колонизиран релативно подоцна. Монтевидео, денешниот главен град, бил основан како воено упориште на Шпанската Империја во раниот 18 век, односно во период кога денешната територија на Уругвај била цел на колонизаторско-експандициони стремежи на Шпанската Империја преку Аргентина од една страна и Португалската Империја преку Бразил од другата страна. Во периодот од 1811 година до 1828 година Уругвај се изборил за својата независност. Туѓото влијание во Уругавј било доминатно во политичко-надворешната сфера на Уругвај, а војската била една од поважните елементи на домашната политика. Следствено на тоа, во 1973 година се одвил државниот удар, со што се основало граѓанското-воено диктаторство. Воената влада гонела лево ориентирани поединци, социјалисти и полтички противници. Воената власт била соборена во 1985 година, и со тоа се основата современата демократска држава.
Уругвај е рангирана на првото место во однос на демократијата, мирот, низок степен на корпупција, е-влада, и прва во Јужна Америка кога е во прашање слободата на медиумите, големината на средната класа и просперитетот. По глава на жител, Уругвај придонесува кон миротворните мисии на ООН најмногу од сите држави. Покрај тоа, државата е на врвот во однос на отсуство на тероризам, единствена таква положба во Јужна Америка. Во регионот е на второт место во однос на економската слобода, еднаквоста на приходите, приход по глава на жител и директни странски инвестиции. Во однос на Индексот на човековиот развој и растот на БДП, иновација и инфраструктура, Уругвај е на третото место на континентот, Според ООН, Уругвај е држава со висок приход на населението. Скоро 95% од електричната енергија на Уругвај доаѓа од обновливи ресурси, претежно хидроелектрани и ветерници. Уругвај е еден од основачите на ООН, ОАД, Меркосур, СЈАД и Движењето на неврзаните.
Уругвај денес се смета за една од социјално најнапредните држави, со што се издвојува на регионален план, и високо се рангира на светско ниво во однос на човековите права, толеранцијата и прашањата поврзани со интеграцијата на маргинални групи.The Social Progress Imperative. socialprogressimperative.org Списанието „Економист“ (The Economist) го именувал Уругвај за „држава на годината“ за 2013 година.
Потекло на поимот Името Уругвај е скратена верзија од целосното официјално име „Источна Република Уругвај“ или на шпански Republica Oriental del Uruguay. Протолкувано, скратеното име значи „земја покрај реката Уругвај“, а источна е дадено поради местоположбата на државата во однос на реката Уругвај (државата се наоѓа источно од реката). Уругвај потекнува од гваранскиот јазик и целосно не е јасно значењето. Сепак, има теорија дека зборот е составен од: urugua („рак“, „школка“) и i („вода“), а според друга теорија: uru (вид на птица во регионот), gua („наследен од“) и i („вода“).
Историја
Пред доаѓањето на шпанските и португалските колонисти, на териториите на денешен Уругвај живееле индијански племиња, главно од племето чаруа. Првиот град којшто бил основан опд страна на Шпанија бил Колонија дел Сакраменто во 1680 година, важна тогашна тврдина која била изградена на источниот дел од Рио Плата, која на повеќепати во текот на историјата била преземувана од страна на Португалците. Во текот на 1726 година бил основан градот Монтевидео, денешната престолнина на земјата. Територијата во периодот од 1776–1814 била во составот на Вицекралство Рио де ла Плата. Во 1798, 1806 и 1807 година Англија на повеќепати се обидувала да ги зазеде териториите на Вицекралството но безуспешно. Во 1822 година Бразил ја окупирал територијата на денешен Уругвај. По шестгодишна војна, во 1828 година Уругвај конечно успеал да издвојува своја независност и да се оформи како држава.
Кон крајот на 19 век, Уругвај го завршил процесот на демокатизација и постогнал определени успеси во поглед на зајакнување на својата економија. Земјата била една од првите во светот која дозволила развод на бракот преку закон (1907), како и право на жените да излезат на избори. Таа е втора земја во светот која со закон регламентирала задолжително и бесплатно образование (1877). Во тој период земјата е една од најразвиените во регионот, поседувајќи ја највисоката зграда на светот, најголемиот стадион на светот. Земјата станала светски шампион во фудбал во 1930 и 1950 година. Овој период земјата била позната и како Американска Швајцарија.
Но, кон крајот на 1950 година, Уругвај влегл во сериозна политиочка и економска криза. Кон 60-тите години на минатиот век зпочнале да се формираат левоориентирани политички сили, наспроти десните ултранационалисти. Ова придонесува за чести конфликти во земјата. Сето ова довело до државен удар. Така на 27 јуни 1973 година претседателот Хуна Марија Бордабери го распуштил парламентот и формирал т.н. Државен совет. Биле уапсени водачите на левите сили, како и многу граѓани кои не се согласувале со новите состојби во земјата. По уругвајските затвори умреле повеќе од 1.000 политички затвореници а на околу 140 сѐ уште не им се знае судбината. Целосното повлекување на милитаристите од власта завршила кон 1985 година. Денеска, претседател на земјата е Табаре Васкес, којшто на таа позиција дошол во 2004 година.
Географија
Со своите копнена површина и морска територија и мали речни острови, Уругвај е втората најмала независна држава во Јужна Америка, веднаш зад Суринам, или третата најмала политички организирана територија, веднаш зад Француска Гвајана и Суринам. Релјефот на Уругвај е претежно низински со присуство на брда или гори. Низинското земјиште покрај крајбрежјето на Уругвај е доста плодно. Уругвај има вкупна должина на брегот од 660 километри. На север и североисток Уругвај граничи со Бразил, на запад со Аргентина, на југоисток и на југ излегува на Атлантскиот Океан.
Низ државата се протега густа мрежа на реки, која е претежно составена од четири речни басени: басенот или делтата на Рио де ла Плата, басенот на реката Уругвај, басенот на Лагоа Мирим и басенот на Рио Негро. Главна река во внатрешноста на земјата е Рио Негро.
Највисока точка во Уругвај е Серо Катедрал, чиј врв изнесува 514 метри надморска височина. Југозападно од Серо Катедрал е Рио де ла Плата, устието на реката Уругвај. Во Уругвај има десет национални парка, од кои пет се наоѓаат во источните предели на земјата, три во централните брдести предели и еден во западниот дел од државата.
Главен град на државата е Монтевидео, кој воедно е најголем град во Уругвај и најјужен главен град во Америка, а во светски рамки е трет најјужен главен град, веднаш зад Канбера во Австралија и Велингтон во Нов Зеланд.
Политички систем
Административна поделба
Уругвај се состои од 19 департмани (departamentos, еднина departamento). thumb|right|Карта na уругвајските департмани Департман Површина (км²) Население Адм. центар Артигас 11 928 78 019 Артигас Канелонес 4 536 485 028 Канелонес Серо Ларго 13 648 86 564 Мело Колонија 6 106 119 266 Колонија дел Сакраменто Дурасно 11 643 58 859 Дурасно Флорес 5 144 25 104 Тринидад Флорида 10 417 68 181 Флорида Лавалјеха 10 016 60 925 Минас Малдонадо 4 793 140 192 Малдонадо Монтевидео 530 1 326 064 Монтевидео Пајсанду 13 922 113 244 Пајсанду Рио Негро 9 282 53 989 Фрај Бентос Ривера 9 370 104 921 Ривера Роча 10,551 69 937 Роча Салто 14 163 123 120 Салто Сан Хосе 4 992 103 104 Сан Хосе де Мајо Соријано 9 008 84 563 Мерсе́дес Такуарембо 15 438 90 489 Такуарембо Треинта и Трес 9 676 49 318 Треинта и Трес
Стопанство
Демографија
Култура
Наводи
Поврзано Монтевидео Уругвај (река) Јужна Америка
Надворешни врски Влада на Уругвај
Категорија:Држави во Јужна Америка Категорија:Поранешни колонии на Шпанија Категорија:Држави и територии настанати во 1825 година