Куба () — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ. Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км2. На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.

Куба има поволна географска положба. Таа преку Флоридскиот Проток најмногу се доближува до САД, преку Јукатанскиот Проток до Мексико, а со протокот Виндвор до Хаити.

Во поглед на релјефот Куба е главно низинска земја. Единствена планина која се издига во јужниот дел е Сиера Маестра. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С.

Потекло на поимот

Името „Куба“ потекнува од таинскиот јазик и неговото точно значење не е целосно познато. Називот може да се преведе како „место со изобилна плодна земја“ што на таински би било „кубао“Alfred Carrada, The Dictionary of the Taino Language (plate 8) или како „големо место“ („коабана“). Покрај ова тврдење, потои уште едно кое тврди дека кога Кристофер Колумбо пристигнал на островот го именувал според стариот град Куба во Португалија.da Silva, Manuel L. and Silvia Jorge da Silva. (2008). Christopher Columbus was Portuguese, Express Printing, 396pp. ISBN 978-1-60702-824-6.

Историја

Географија и клима мини|150п|лево|Карта на Куба.

Куба е средноамерикански островски архипелаг во Карипското Море и Мекисканскиот Залив. Северозападно од Куба се наоѓаат САД, северно се наоѓаат Бахамите, источно се наоѓа Хаити, јужно се наоѓаат Кајманските Острови и Јамајка додека на запад преку заливот е Мексико. Главниот остров на државата е Куба, но во околината се наоѓаат островските групи: Колорадоски Архипелаг на северозапад, Архипелаг Сабана-Камагвеј на север, Хардинас де ла Реина на југ и Канареоски Архипелаг на југозапад. Главниот остров е претежно низински, но пристутен е и планинскиот масив Сиера Маестра. Вкупната површина на Куба изнесува 110.860 км2 и има население од 11.451.652. Главен град е Хавана, додека службен јазик е шпанскиот јазик.

Климата на Куба е тропска. Општо гледано од ноември до април е сушна сезона во државата, додека од мај до октомври е влажниот период. Средна температура во Куба е 21 степен целзиусов.

Политички систем

лево|200п|мини|Мигел Дијас-Канел — претседател на Куба.

Куба станала социјалистичка република со уставот од 1976 година, но тој устав бил заменет со нов во 1992 година кој се заснова на марксистички, ленинистички и идеите на Фридрих Енгелс. Уставот ја карактеризира Комунистичката партија на Куба како „водечка сила на општеството и државата“. Првиот секретар на Комунистичката партија е претседател на државниот совет или наречен претседател на Куба и претседател на советот на министри или порано познат како Премиер на Куба. Членовите на двата совета се избрани од страна на Националното собрание на народната сила. Претседателот на Куба исто така е избран од страна на Собранието за мандат од пет години, но без ограничување при кандидирање.

Врховниот суд на Куба е највисока правна институција во државата. Собранието има капацитет од околу 609 пратеници кои имаат петгодишен мандат. Собранието заседава двапати годинишно. Во Куба забрането е политичка партија да има политички ангажман како собири, митинзи или кандидирање на пратеници, иако Комунистичката партија досега има забележано такви ангажмани.

Административна поделба

Куба се дели на 14 покраини и една специјална општина (Исла де ла Хувентуд). Овие се дел од историските покраини: Пинар дел Рио, Хабана, Матансас, Лас Вилас, Камагвеј. Покраините се понатаму се поделени на општини.

Од запад кон исток, покраините на Куба се следниве:

Пинар дел Рио Артемиса Хавана Мајабеке Матансас Сиенфуегос Виља Клара Санкти Спиритус Сиего де Авила Камагвеј Лас Тунас Гранма Олгин Сантјаго де Куба Гвантанамо Хувентуд - остров со статус на „специјална општина“

мини|десно|400п

Население, јазик и религија

Според пописот од 2002 година, Куба има население од 11.177.743. Етнички гледано, 7.271.926 се белци, 1.126.894 црнци и 2.778.923 мулати. Куба исто така е дом на азиско население каде има околу 1% луѓе со азиско потекло, најмногу со кинеско.

Официјално Куба е атеистичка држава, но на териоријата на државата се практикуваат поголем број религии. Најдоминантна религија во државата е католицизмот

Христијани - 6,665,920 Без Религија - 2,589,800 Хиндуисти - 22,520 Народна Религија - 1,959,240

Стопанство мини|десно|150п|Тутун во Куба.

Од полјоделските култури во Куба најмногу се одгледува шеќерна трска, потоа: тутун, кафе, ананас, банани, лимони, портокали и др. По производство на шеќер Куба го зазема првото место во светското производство. Во помали количини се одгледува: пченка, ориз, градинарски производи, овошје и др. Рудното богатство во Куба се состои од големи резерви на железна руда (околу 3,5 милијарди тони), потоа на: бакар, хром, манган, злато, нафта и др. На основа на рудното богатство многу индустриски гранки се во развој. Од нив најразвиени се прехранбената (производство на шеќер во повеќе од 200 фабрики), потоа тутунската, текстилната, хемиската, градежната индустрија и др. Во поново време подигнати се повеќе рафинерии на нафта и др.

Во надворешната трговија Куба извезува: шеќер, кафе, пури, ананас, банани и др. а увезува: машини, автомобили и др.

Во Куба значајна стопанска гранка е туризмот. Пријатната клима и долгите песочни плажи секоја година привлекуваат сè поголем број туристи.

Култура thumb|Локал во Куба.

Кубанската култура е доста богата и има силни влијанија од Шпанија и Африка. Спортот е една од најголемите преокупации на народот. Поради поранешната блискост со САД, во Куба се популарни спортови кои се среќаваат во Северна Америка. Најпопуларен спорт е бејзбол, но доста популарни споротви се и одбојка, кошарка, крикет, атлетика и бокс.

Кубанската музика е доста богата и е еден вид симбол за кубанската култура. Главен елемент во кубанската музика е сон што е основа за голем број музички правци, како: салса, румба и мамбо. Исто така, позната е кубанската ча-ча-ча.

Куба како тема во уметноста и во популарната култура „Поетот пристига во Хавана“ — циклус песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982. „Песната на кубанските Црнци“ (шпански: Son de negros en Cuba) — песна на Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 126-127. „Куба“ — песна на хрватскиот рок-музичар Дарко Рундек од 2002 година.Discogs Darko Rundek ‎– Ruke (пристапено на 7 август 2019)

Поврзано Покраини во Куба Список на градови во Куба Хавана Кубанска револуција Средна Америка

Наводи

Надворешни врски

Влада на Куба Шеф на држава и кабинет на министри

Куба на UCB

Политичка карта на Куба Добредојдовте на Куба Слики за Куба

Категорија:Држави во Северна Америка Категорија:Републики Категорија:Комунистички држави Категорија:Еднопартиски држави Категорија:Карипски земји Категорија:Поранешни колонии на Шпанија Категорија:Држави и територии настанати во 1902 година