Меркур — најмалата и најблиската планета до Сонцето од осумте планети во Сончевиот Систем, со орбитален период од околу 88 Земјени денови. Гледана од Земјата, наликува како да се движи во својата орбита за околу 116 денови, што е многу побрзо од другите планети во Сончевиот Систем. Нема познати природни сателити. Планетата е именувана според римското божество Меркур, гласникот на боговите.
Бидејќи скоро и да нема присуство на атмосфера која би ја задржувала топлината, Меркуровата површина ги има наголемите температурни промени во Сончевиот Систем, промена кпја се движи од во ноќта па сè до за време на денот во некои екваторски области. Половите се постојано на температура под . Меркуровата оска го има најмалиот наклон од сите планети во Сончевиот Систем (околу од степенот), но пак затоа го има наголемиот орбитален екцентрицитет. Во афел, Меркур е на растојание 1,5 пати поголемо од растојанието кога е во перихел. Меркуровата површина е ишарана со кратери и е слична со онаа на Месечината, што укажува дека истата не била геолошки активна со милијарди години.
Меркур е гравитациски сврзан и се врти на начин кој е единствен во Сончевиот Систем. Гледан релативно во однос на неподвижните ѕвезди, и се врти околу својата оска точно трипати за секој два орбитални периоди околу Сонцето. Гледано од Сонцето, во појдовниот систем кој се врти со орбиталното движење, изгледа како да се врти еднаш на секои две Меркурови години. Па така набљудувач на Меркур тогаш би видел само еден ден на секои две години.
Бидејќи Меркур кружи околу Сонцето во внатрешноста на Земјината орбита (како и Венера), може да се појави на Земјиното небо во утрото и при зајдисонцето но не и во средината на ноќта. Исто така, како и за Венера и Месечината, можат да се забележат сите фази како што се движат по своите орбити во однос на Земјата. Иако Меркур може да се појави како светол објект кога е набљудуван од Земјата, неговата близина до Сонцето оневозможува да се набљудува со ист интензитет како и Венера. Две вселенски летала го посетиле Меркур: Маринер 10 прелетал во близина во 1970-ите и MESSENGER, лансиран во 2004 година, кој сè уште е во орбита.
Физички одлики
Внатрешна структура
Меркур има цврста силикатна кора, јадро чиј надворешен слој е составен од железен сулфид, подлабок дел кој е во течна состојба и најверојатно завршува со цврсто внатрешно јадро.
Меркур е една од четирите земјовидни планети во Сончевиот Систем, и исто така е со карпесто тело како Земјата. Таа е најмалата планета во Сончевиот Систем, со екваторски полупречник од 2,439.7 километри(1,516.0 милји). Меркур е исто така помала, иако помасивна, од наголемите природни сателити во Сончевиот Систем, Ганимед (месечина) и Титан (месечина). Таа се состои од приближно 70% метал и 30% силикатен материјал. Густината на Меркур е втора највисока во Сончевиот Систем изнесува 5,427 g/cm3 / cm3, што е малку помалку од густината на Земјата од 5,515 g/cm3. /. Ако ефектот на гравитациската компресија треба да биде факториран од двете планети, материјалите од кои е направен Меркур би биле погусти од оние на Земјата, со некомпресирана густина од 5,3 g/cm3 наспроти 4,4 g/cm3. на Земјата.
Густината на Меркур може да се користи за да се заклучи детали за нејзината внатрешна структура. Иако големата густина на Земјата значително произлегува од гравитациската сила, особено во јадрото, Меркур е многу помала и нејзините внатрешни региони не се толку компримирани. Затоа, за да има толку голема густина, нејзиното јадро мора да биде големо и богато со железо.
Геолозите проценуваат дека јадрото на Меркур зафаќа околу 55% од нејзиниот волумен; за Земјата овој процент изнесува 17%. Истражување објавено во 2007 година сугерира дека Меркур има стопено јадро. Обвивката на јадрото е слој од 500-700 кој се состои од силикати.Gallant, R. 1986. The National Geographic Picture Atlas of Our Universe. National Geographic Society, 2nd edition. Врз основа на податоците од мисијата Маринер 10 и набњудувањата засновани на Земјата, кората на Меркур е проценета со дебелина од 35 км. Една посебна одлика на површината на Меркур е присуството на бројни тесни гребени, кои се протегаат до неколку стотици километри во должина. Се претпоставува дека тие се формирале како јадрото и надворешниот слој на Меркур, се оладиле во исто време кога кората веќе се зацврстувала.
Јадрото на Меркур има поголема застапеност на железо од онаа на која било друга голема планета во Сончевиот Систем, и неколку теории се предложени да го објаснат ова. Најшироко прифатената теорија е дека Меркур првично имала метал-силикатен однос сличен на обичните хондритни метеорити, кои се сметаат за типични карпести материи во Сончевиот Систем и маса околу 2,25 пати повеќе од нејзината сегашна маса. На почетокот од историјата на Сончевиот Систем, се смета дека Меркур била погодена од планетезимал на околу 1/6 од масата и неколку километри низ неа. Влијанието би го одзело поголемиот дел од оригиналната кора и обвивка, оставајќи ја кората како релативно важна компонента. Сличен ваков процес е предложен и за објаснување за настанокот на Месечината.
Алтернативно, Меркур можеби се формирала од сончевата магллина пред да се стабилизира енергијата на Сонцето. Тогаќ би илама двапати поголема маса од сегашната, но како протоѕвезда, температурите во близина на Меркур ќе бидат помеѓу 2,500 K и 3,500 К, можеби и повисоки како 10,000К. Голем дел од површината би испарил на такви температури, формирајќи атмосфера од „карпинска пареа“ кој ќе биде движена од соневиот ветер.
Трета хипотеза пак, покажува дека сончевата маглина предизвикала привлекување на честичките од кои се формирала Меркур и затоа ги изгубила полесните честички. Секоја хипотеза предложува различен состав на површината, и затоа се посавени 2 космички мисии за набњудување. MESSENGER, која заврши во 2015, покажа поголема застапеност од очекуваното на калум и сулфур на површината, која сугерира дека хипотезата за хибридни удари и испарувањето на кората е невозможна, бидејќи калиумот и сулфурот не би постоеле поради екстремната температура. BebiColombo е сателит кој би стигнам до Меркур во 2025 година, ќе направи забелешки за овие хипотези. Досегашните заклучоци ја задоволуваат третата хипотеза, но потребнни се уште истражувања и за тоа.
Површинска геологија
Површината на Меркур е слична на онаа на Месечината, со рамнински косини и големи кратери, кои покажуваат дека е геолошки неактивна со билиони години. Бидејќи ова е знаење кое е засновано врз поминувањето на Маринер 10 во 1975 и терестралните набљудувања, претставува последен податок за земјовидните планети. Како што ќе се обработуваат податоците од MESSENGER, ова знаење ќе се зголемува. На пример, откриен е невообичаен кратер со радијациски корици што научниците го нарекоа "пајакот". Подоцна бил именуван Аполодор.
Албедо областите се со значително различна рефлексивност, видени со телескоп. Меркур има дорса (т.н „гребени во вид на брчки“), височини како Месечината, монти (планини), планити (рамнини), рупи (вдлабнатини) и валес (долини).
Имињата на карактериситиките на Меркур потекнуваат од различни извори. Кратерите се нарекувани по артисти, музичари, сликари и писатели кои направиле изворедни или основни придонеси во своите области. Гребените или дорсата се именувани по научниците кои придонеле во истражувањата за Меркур. Депресиите или фоците се именувани по дела од архитектурата. Планините се именувани со зборот „жешко“ но на различни јазици. Рамнините се именувани по Меркур на разлицни јазици. Вдлабнатините се именувани по бродови на научни експедиции. Долинитесе именувани по радио телескопски објекти.
Меркур била тешко бомбардирана од комети и астероиди за време на формирањето пред 4.6 билиони години и кратко после тоа, и за време на т.н Доцна тешкото бомбардирањекое завршило пред 3.8 билиони години. За време на овој период на интензивно формирање на кратерите, Меркур била изложена на влијанија врз целата нејзина површина, но бидејќи немала атмосфера тие влијанија биле забавени. Во ова време Меркур била вулкански активна; базените како што е Колорис Базен биле полни со магма, создавајки рамнини како оние на Месечината.
Податоците од летањето на MESSENGER во октомври 2008 покажаа многу за разбранетата површина на Меркур.Површината на Мееркур е повеќе хетерогена од таа на Марс или на Месечината, и двете од нив содржат значителни делови од сличната геологија, како што се Марија и Платеус.
Басени и кратери
Кратерите на Меркур се движат од големина (пречник) на мали шуплини во вид на садови до повеќе прстенести басени со стотици километри. Тие се појавуваат во сите состојби на деградација, од релативно зрнести кратери до високо деградирани кратери. Кратерите на Меркур субтилно се разликуваат од месечевите кратери во тоа што во областа покриена со нивната ејекта е многу помала, што е последиц од посилната површинска гравитација на Меркур. Според правилата на МАС, секој нов кратер треба да биде именуван по некој артист кој е познат повеќе од педесет години, и мртов повеѓе од три години, пред датумот на иненување.
Наголемиот кратер е , со пречник од 1,550 км Влијанието што го создало овој басен било толку моќно што предизвикало ерупција на лава оставајќи концентричен прстен од околу 2 км висок. Кај антиподот на Колорис се наоѓа голем регион, невообичаен ридски терен познат како „Чудесен терен“.Една хипотеза за неговото потекло покажува дека ударните бранови при влијанието (создавање) се двишеле околу Меркур. Како резултат на големите потреси се распукала површината. Алтернативно, се претпоставува дека овој терен се формирал како резултат на конвергенција на ејектирање на антиподот на овој слив.
Севкупно, околу 15 удари се потврдени на сликите од Меркур. Значаен басен е 400-километарскиот, мулти-прстенестиот Толстој басен кој има ејектно ќебе до 500 километри од неговиот раб и под кој се полни со мазни рамнински материјали. Бетховен басенот има слична големина ејекта и раб со пречник од 625 километри. Како Месчината, и површината на Меркур имала ефекти од процесите на вселенското прелевање, вклучувајќи ги и влијанијата на Сончевиот ветер и микрометеоритите.
Рамнини
Постојат два геолошки различни рамнински региони на Меркур. Разгледувајќи ја површината, масивните рамнини меѓу кратерите се најстарите видливи рамнини, претставени на кратерните терени. Овие меѓу-кратерни рамнини обликувале многу поранешни кратери, и претставуваат општа слабот на помалите кратери со пречник околу 30 км.
Мазните рамнини се широко распространети рамни површини кои ги пополнуваат депресиите од различни големини и имаат големи сличности со месечевата Марија. Тие исполнуваат широк прстенест дел што го обиколува басенот Калорис.За разлика од Месечината, мазните рамнини на Меркурго имаат итото албедо како и другите меѓукратерски рамнини. Поради локализацијата и заоблена форма на рамнините, тие се вистинска потврда за вулканите кои постоеле. Сите рамнини на Меркур се формирани главно после Калорис басенот, евидентирани со значително помали густини на кратерот отколку оние на Коларис. Дното на Калорис басенот е исполнет со геолошки различна рамина, искршена со ридови и фрактури по груб многуаголен облик Не е разјаснето дали те се од вулканска лава или топење на слоеви. Компресивни одлики