Хондурас (шпански: Honduras) или официјално Република Хондурас (República de Honduras) — држава во копнена Северна Америка. На север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва.
Поранешното име на државата било Шпански Хондурас, за да се разликува од поранешниот Британски Хондурас, денес Белиз. Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 со вкупно население од 7.810.848 жители. Главен град на државата е Тегусигалпа, додека службен јазик е шпанскиот јазик.
Потекло на поимот
Шпанците имале различни термини со кои ја означувале територијата која денес е позната како Хондурас.
Гвајмурас - е име кое Колумбо го дал за град кој е во близина на денешен Трухиљо кој подоцна станало име за целата територија Хигуерас - е име кое се поврзува со плодови од дрвото Хикаро. Хондурас - на шпански буквално значи „длабочина“. Ова се поврзува со изреката на Кристофер Колумбо кој по излегувањето од Хондурас рекол: „Благодарам на Господ што излеговме од оваа длабочина“ (Gracias a Dios que hemos salido de esas Honduras).
Историја
Географија и клима мини|100п|лево|Карта на Хондурас.
Хондурас е држава во Северна Америка која на север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва. Климата во државата е тропска, каде јужниот и централниот дел од земјата се релативно топли.
Територијата на Хондурас е претежно составена од планини, но има и тесни долини покрај бреговите. Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 км2 каде живеат околу 7.810.848 жители. Главен град на Хондурас е Тегусигалпа.
Политички систем
Хондурас е претседателска република, каде претседателот е шеф на државата и на владата. Извршната власт во државата е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на Националниот конгрес на Хондурас. Политичкиот живот е под доминација на конзервативната Национална партија на Хондурас и на Либералната партија на Хондурас. Уставно, судската власт е независна.
Административна поделба
мини|десно|250px|Карта на департманите во Хондурас
Хондурас е поделен на 18 департмани, и тие се:
Атлантида Чолутека Колон Комајагва Копан Кортес Ел Параисо Франсиско Моразан Грасиjас а Диос Интибука Заливски Острови Ла Паз Лемпира Окотепеке Оланчо Санта Барбара Валjе Јоро
Стопанство
Економијата на Хондурас е во поспор развој. Во последните години просечниот економски развој на земјата се проценил на 7% што ја направило земјата една од најбрзо растечките економии во Северна Америка, но сепак и денес околу 50% од населението живее во сиромаштија. Според Светската банка, Хондурас е една од трите најсиромашни држави во западната полутопка, по Хаити и Никарагва. Се проценува дека има околу 27.9% невработеност.
Население, јазик и религија мини|десно|150п|Сан Педро Сула. мини|150п|десно|Катедрала во Тегусигалпа.
Според ЦИА, Хондурас има население од 7.48 милиони жители. Етнички гледано, населението на Хондурас е составено од околу 90% мешано население, 7% староседелско население, 2% црно население и 1% бело население.
Седумте признати староседелски етнички групи во Хондурас се:
Чорти, мајански народ Гарифуна, кои зборуваат аравачки јазик Печи Толупани Ленка Мискито
Хондурас е христијанска земја, каде 97% се Католици и 3% се Протестанти. Службен јазик во државата е шпанскиот, но се зборуваат и локални јазици.
Христијани - 6,657,600 Муслимани - 7,600 Без Религија - 798,000 Будисти - 7,600 Народна Религија - 83,600 Други - 45,600
Култура
Хондурас има богата култура. Денес најпознат хондурски сликар е Хосе Антонио Велсакез, но и Карлос Гарај и Роке Зелаја. Двата најпознати хондурски писатели се Фројлан Туркиос и Рамон Амаја Амадор. Меѓу музичарите познати се Рафаел Коело Рамос, Лидија Хандал и други. Меѓу шпанско говорното население околу Хондурас, населението е познато како Катрачо или Катрача (женски), што се смета за комплимент.
Галерија
Наводи
Поврзано Тегусигалпа Шпански Хондурас Копан Кралство Гватемала Федерална Република во Средна Америка
Надворешни врски
Општа мрежно место за Хондурас Влада на Хондурас Институт за туризам на Хондурас Шеф на држава и кабинет
Хондурас на страната на UCB
Растителен и животински свет Совети за патување во Хондурас Honduras Weekly
Категорија:Држави во Северна Америка Категорија:Републики Категорија:Држави во Средна Америка Категорија:Поранешни колонии на Шпанија Категорија:Држави и територии настанати во 1821 година