Генади Болиновски (3 јули 1930, Галичник, Кралство Југославија) — македонски поет и раскажувач.
Животопис Генади Болиновски е роден во Галичник на 3 јули 1930 година. Се школувал во родното место за гимназијата ја завршил во Скопје, каде и дипломирал на Филолошкиот факултет.Драган Мишкоски, „Разговор за делото „Игра на прозорецот“ од Генади Болиновски“, во: Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 79. Потоа работел како новинар и бил уредник во Македонската радио-телевизија. Тој бил член на ДПМ од 1957 година.
Творештво Болиновски е автор на книгите: Лирски трепети (поезија, 1954), Јас и песната (поезија, 1957), Гостинчиња (раскази за деца, 1958), Огледалца (раскази за деца, 1959), Мите сонува (роман за деца, 1961), Дете и птица (раскази за деца, 1964), Триптихон (сонетен венец, 1971), Акрослов (поезија, 1982), Растење (поезија, 1984), Лузни на заборавот (раскази за деца, 1986), Игра на прозорец (1990) Геболини (поезија, 1995).
Во 1985 година, за стихозбирката „Растење“ ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра книга за деца.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Луѓе од Галичник Категорија:Родени во 1930 година