Костадинка Коца Ѓорѓиевска — македонски поет.
Животопис Костадинка Ѓорѓиевска е родена во Шемшево, Тетовско, на година. Завршила средно образование. Од 1969 година, таа живее и работи во Менхенгладбах, Германија. Член на Сојузот на писателите на Германија. Член на ДПМ од 1989 година. Автор е на книгите: Клучеви на душата (1996), Дневникот на една медицинска сестра (1996), Записи од Тетово (1997). Добитник на наградата „Иселеничка грамота“.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 86.
Наводи
Категорија:Македонски поетеси Категорија:Луѓе од Шемшево Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонци од Германија