mini|200px|десно|Yellow kid од ноември 1896. бил првиот стрип со текст во облачиња. Стрип — уметност, најчесто определена како деветта уметност според серијата написи Деветтата уметност, музеј на стрипот потпишани од страна на Морис во весникот Спиру (Journal de Spirou) помеѓу 1964 и 1967. Оваа класификација била подоцна преземена и популаризирана од страна на Франсис Лакасен во неговата книга За една деветта уметност, стрипотF. Lacassin (1971). Стрипот исто така е и медиумD. Dupuis (2005), p.6A. Baron-Carvais (1985), p.5, низ кој се пренесува деветтата уметност материјализирајќи ја низ едно дефинирано и семиотичко множество. Тој овозможува да се раскажат приказни преку посредство на надоврзани слики. Според Вил Ајзнер, „денес стрипот ја сочинува главната апликација на секвенцијалната уметност ставена на хартија.“Will Eisner, premier ouvrage de la trilogie Comics and Sequential Art, (1997)
Типично, стриповите се печатат на хартија со текст вметнат во сликите. Најсреќавани формати се дневните стрипови, серијалните стрип албуми и поголемите дела познати како графички новели.
Манга е јапонскиот поим за стрипови, француските стрипови се познати како Bande Dessinée или „BD“ (буквално, „стрип цртежи“), во Велика Британија под „стрипови“ се подразбираат домашните стрип албуми додека под „стрип албуми“ се подразбираат стрипови од САД. Во Република Македонија, под „стрип“ се подразбираат сите три спомнати форми.
Дефиниции
mini|200px|десно|Krazy Kat на Џорџ Хериман Обично се прави разлика меѓу поимот „стрип“ и „стриповите“. Таа разлика ја истакнал Франсис Лакасен. „Стрипот“ е концепт, односно уметност — 9-та уметност — и техника која овозможува да се реализира таа уметност. „Стриповите“ пак се медиум преку кој таа уметност се пренесува. Ова имплицира дека треба да се дава една двојна дефиниција, онаа за стрипот како уметност и друга за стриповите како медиум.
Дефиниција на стрипот како уметност Ако стрипот е уметност тогаш оваа уметност треба да се поврзе со сите сликовни форми што постоеле пред него. Ова е ставот на Скот Меклауд.S. McCloud (1999), pp.10-11 et 14-19 Овој начин на гледање на стрипот налага тој да се смести во големиот уметнички и културен тек кој започнува со првите цртежи, оние на пештерската уметност , како оние во пештерата Ласко, иако денес таквиот пристап се избегнува. Главно, специјалистите се согласни околу фактот дека тука не станува збор за след на цртежи како што впрочем е случај со стрипот. Згора на тоа, квалитетот на нарацијата останува да се докааже а бројни археолози им припишуваат шаманско толкување, односно тврдат дека цртежите веројатно имале магиска функција.N. Aujoulat, (2004)
Затоа нема причина стрипот да се поврзува со пештерските цртежи, а не и со другите такви графички уметности како на пример плиткиот релјеф на египетските храмови S. McCloud (1999), pp.14-15, преткокумбовските кодексиS. McCloud (1999), pp.10-11 и Biblia pauperumA. Baron-Carvais (1985), p.7 од крајот на средниот векКаталонскиот филозоф и мисионер Ремон Лил во 14 век направил приказни во последователно поставени слики истакнувајќи ги главно своите авантури во муслиманските земји. Секвенците на сликите се во дијалог ссо помош на филактери (G. Blanchard (1969), p.28). Во каталонската традиција, оките сочинувале серии на слики придружени со текстови во рима кои раскажувале некоја приказна.. На овој список треба да се додаде и: Таписеријата од Баје,G. Blanchard (1969) вавилонските свитоци и 182 колажи на Макс Ернст Една седмица добрина.S. McCloud (1999), p.19 На сите овие уметнички изрази општа им е желбата да раскажат некоја приказна на начин како што тоа го прави стрипот а таков е и фризот на Партенонот во Атина, Трајановиот столб во Рим и барелјефот на храмот на Ангкор во Камбоџа.
Во другиот случај, кога се вели дека стрипот е уметност, не е доволно истото да се каже туку треба и да се потврди. И во оваа теза постојат две перцепции: Стрипот е уметност која се наоѓа помеѓу литературносто пишување и графичкото пишување M. Alessandrini (1979). Тоа е визијата на оној што го измислил на стрипот Рудолф Тепфер : Тоа што Тепфер ќе го нарекува „Литература во слики“ во неговиот Есеј на физиогномијата,R. Töpffer (1845) Вил Ајзнер го нарекува Секвенциска уметност, (на англиски: Sequential Art)Will Eisner (1997) или Визуелен расказ, (на англиски: Visual Narrative).Will Eisner (1998) Ако стрипот е графика која во себе ги подразбира и текстот и цртежот, текстот тогаш мора задолжително да биде напишан во графичка форма внатре во цртежот, во рамки на некакво „облаче“: според Х. Филипини, стрипот е низа на цртежи кои раскажуваат некоја приказна; личностите во приказната се изразуваат низ текстови напишани во облачиња.Henri Filippini (1989), p.IX Ваквата дефиниција значи ги отфрла стриповите кои не содржат текст како оние на Американецот Ото Соглоу (Little King/Малиот крал) кои во 1975 сѐ уште не содржеле текст.
Специјалистите за стрип со сѐ помалку жар ја бранат оваа втора рестриктивна визија во однос на стрипот, па дури и самиот Филипини кој во неговото дело „Речник на стрипот“ цитирал автори кои отстапуваат од неговата дефиниција (види: Библиографија).
Дефиниција на медиумот стрип 200 px|десно|„Малиот Немо“ на Винзор Макеј Додека критичарите и специјалистите за стрип се поделени во однос на дефиницијата на концептот на стрипот, љубителите на истиот многу полесно го дефинираат медиумот стрипови.
Стрипови: низа на слики организирани да раскажат некаква приказна и претставени на различни начини (во албум, во мал формат итн.). Приказни во слики: дистинкција која ја предлагаат одредени специјалисти за да направат разлика од форматот на стрипот и оние низи на слики што раскажуваат приказна но каде текстот наместо во облачиња е прикажан под сликите.
Медиумот стрип има различни називи во различни земји и периоди: Во Соединетите Американски Држави Funny е називот на хумористичниот цртеж кој на крајот на 20 век се појавува во дневните весници. На почетокот на 20 век овој назив е синоним на називот strip. Strip, кратенка од comic strip: хумористичен цртеж во два-три хоризонтално поставени квадрати кои се појавувале со неделниот додаток на некој весник, нарекуван исто така и sunday strip пред да стане вистинска приказна со повторливи ликови. Comic, кратенка од comic strip: наречен уште и daily strip, хумористични цртежи во две-три квадрати постевени хоризонтално кој се издава секој ден и е организиран на начин да раскаже приказна која повеќе е наменета за возрасни. Comic book: на почетокот тоа биле 8 страници comic strip од неделниот додаток, здиплени на четири, значи со 32 страници, со насловна страна во боја. Подоцна тоа е книга од 64 или 96 страници специјално издадени да ги раскажат приказните за супер-хероите, најчесто наменети за младата читаателска публика. Graphic novel: книга која содржи стотина страници и раскажува некоја единствена, односно неповторлива, приказна.
Во Европа
Journal illustré, односно, илустриран весник: весник кој се објавувал уште од крајот на 20 век и кој содржи приказни нацртани и наменети за помлада читателска пубика. Fumetto: за Итаалијаните филактерите наликуваат на мали облачиња чад. Значи тука филактерот е тој што го дефинира самиот стрип. Tebeo: ова е името на првата ревија на шпански стрипови (TBO, во 1917) по која се наречени стриповите во Шпанија. Некогаш тие се нарекувани и со англофонските називи (cómic) или со називот historieta, кој почесто се користи за да се опишат кратки комични цртежи (на еден ред или на еднаа страна) Tegneserie на норвешки/ дански или Tecknad serie на шведски означува серија или последователна низа на цртежи. Во Франција стрипот вообичаено се нарекува Bande Desinée (BD), додека пак називот Petit format се користи за стриповите кои содржат авантури што потекнуваат од САД. Албум: книга најчсто со тврда обвивка во A4 формат со околу 50 страници, главно во боја. Со развојот на стрипот бројот на страници е слободен избор на авторите па некои албуми своите приказни ги раскажуваат и на повеќе од 150 страни. Впрочем, албумот е француски синоним на англискиот назив графичка новела.
Во Азија 200 px|десно|Манга Манга (漫画): во Јапонија, термин измислен од страна на Хокусај во облик на делото „Луд цртеж“ во 1814 и се употребува како општ назив за јапонските стрипови. Амекоми: во Јапонија е назив за стриповите кои главно се американски и преведени на јапонски. Лианхуанхуа (连环画 „надоврзани слики“): кинески стрипови составени од мали книшки кои содржат по една слика на секоја страница придружени со текст под сликата, многу ретко со филактер (облачиња). Манхуа (만화, изговор: man-h'oua): називот за стрипот во Кореја која е втора по продукција на стрипови во Азија, веднаш зад Јапонија.
Градбата на стрипот Љубителите на стрипот користат одреден број зборови и дефиниции за да ги опишаат различните елементи од кои се составени стриповите: Рецитативите се главно паноа што се наоѓаат над квадратчињата и служат за нечујните коментари („voix off“), особено кога треба да се назначи времето или местото на дејството или да се достават информаации со цел подобро разбирање на дејството. Во стилот со јасна линија многу се користел рецитативот како на пример кај белгискиот автор Едгар П. Жакоб, авторот на Блејк и Мортимер ( Blake et Mortimer). „Илустрираните приказни“ (сликовници) се одликуваат по тоа што ексклузивно го користат рецитативот. Облачињата, на почетокот нарекувани филактери (на англиски balloon; на француски bulle). Главно округли или елипсовидни (или пак квадратни во стилот со јасна линија), ги содржат дијалозите на ликот на кој му се прикачени. Кога ликот размислува или сонува тие најчесто се прикажани во форма на вистински облак. Ономатопеите се во вид на зборови или икони кои сугерираат некаков звук, дејство, мисла изразена со фонетска, графичка или иконска имитација. Мангите користат ономатопеи за да сугерираат одредени чувства. Рамка: Сликата најчесто е прикажана во рамка од квадратче или правоаголник, но во стрипот истиот не мора секојпат да биде користен, па зависно од изразот на авторот или од потребата на дејството сликите може да се претставуваат и на самата позадина без сликите да бидат уоквирени. Лента (на англиски: strip, на француски bande) или трака е низа од рамки, односно квадратчиња, наредени во ист ред. Табла која авторот дискретно во некој агол ја нумерира. Бројот на страницата и бројот на таблата не значи дека мора да се поклопуваат. Корица е насловна страна на стрипот. Серијал е збир на стрипови поврзани со иста тема или лик, организиран на хронолошки начин.
Историја thumb|200px|right|Les Pieds Nickelés од Луј Фортон