Михајло Апостолски (Ново Село, 8 ноември 1906 - Дојран, 7 август 1987) — македонски партизан, генерал, командант на НОВ и ПОМ, воен теоретичар, политичар, историчар и народен херој.Народни хероји Југославије, „Младост“, Београд, 1975.Блаже Ристески (уредник), Македонска енциклопедија (том I), МАНУ, 2009, Скопје.

Животопис Рани години мини|лево|230п|Родната куќа на Михајло Апостолски. Михајло Апостолски е роден на 8 ноември 1906 година во Ново Село, Штип. Уште како дете ги доживувал револуционерните вриежи настанати по Илинденското востание и премрежијата по Балканските војни и Првата светска војна.

Искуствата за кои главно слушал во своето семејство од дедото Апостол, оставале кај него силен впечаток и биле главната причина да ја засака историјата, а таа пак, силно влијаела да се определи за воените науки. Историјата и воените науки целиот живот ќе му бидат основен мотив на неговото живеење и творештво. Основното и средното училиште ги завршил во градот Штип кој во тоа време се наоѓал во рамките на Кралството СХС.

Воено образование и служба По завршувањето на седми клас гимназија во 1924 година, на 1 октомври истата година стапил во Нижата школа на Воената академија во Белград. Школата ја завршил на 1 април 1927 година и тогаш бил произведен во чинот пешадиски потпоручник, а потоа бил одреден за водник во Дваесет и третиот пешадиски полк во Штип. На оваа должност се наоѓа до 28 септември 1931 година, иако од 1 март до 1 септември истата година бил слушател на курсот за врска во Земун. Во меѓувреме, стекнувајќи се со чинот пешадиски поручник на 3 април 1931 година, од 11 јуни оваа година е одреден за в.д. командир на Првата чета на Четириесет и третиот пешадиски полк.

Судејќи по сè, таа должност не ја прифатил со оглед на тоа што на 22 септември 1931 година бил примен за слушател на Вишата школа на Воената академија. На Вишата школа стапил на 1 октомври 1931 година и ја завршил на 7 ноември 1933 година. Претходно, од 9 октомври 1933 година бил одреден за в. д. командир на Првата чета на Тринаесеттиот планински баталјон, за што од 11 јануари до 1 февруари 1934 година завршил зимски планински курс. На оваа должност, на 3 април 1935 година е унапреден во чинот капетан II класа. Во октомври 1935 година бил примен за приправник за генералштабна струка, а приправничкиот период успешно го завршил во март 1938 година. Потоа е распореден на служба во Генералштабот на Дравската дивизиска област во Љубљана. На оваа должност се задржал до почетокот на Априлската војна (1941).

Во текот на НОБ Втората светска војна го затекнала во чинот генералштабен мајор на служба во Љубљана, на должноста началник на штаб на дивизија.„Народни херои од Македонија“, Скопје, Наша книга, 1973 г., стр. ​25-30

мини|лево|Работната соба на Апостолски за време на престојот на ГШ на НОВ и ПОМ во ослободено Кичево во септември 1943Во текот на кратката Априлска војна во 1941 година командувал со планинските единици на Алпите. Кога Германците ја нападнале Југославија, тој наредил да се урнат сите мостови за да се забави нивното напредување.Киро Глигоров, Македонија е сè што имаме, Издавачки центар ТРИ, 2001, Скопје По капитулацијата на Југославија заробен е од италијанската војска и одведен е во логорот Вестоне. На 23 јуни 1941 година неговиот татко испраќа молба до бугарскиот министер за одбрана за негово ослободување и таа е одобрена.Македония: история и политическа съдба, Том 3, Петър Христов Петров Издател Изд-во "Знание" ООД, 1998, стр. 30.Мите Апостолов Матовски. Молба вх. № 194 до Министра на Войната Тој потоа бил префрлен во Риека, каде што бил ослободен со група Македонци. мини|Методија Андонов-Ченто и Михајло Апостолски во штотуку ослободената Битола, ноември 1944. По враќањето во Македонија окупирана од бугарска фашистичка чизма,Растислав Терзиовски, Михајло Апостолски. Погледи врз југословенско-бугарските односи во Втората светска војна "Наша книга", Скопје, 1982. во септември 1941 година се поврзува со народноослободителното движење во Македонија. Во септември истата година бил назначен за член на Покраинскиот воен штаб на Македонија, а од јуни 1942 година за командант на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Во мај 1943 година бил назначен за генерал мајор. На Второто заседание на АВНОЈ бил избран за член на Претседателството на АВНОЈ.

Од февруари 1944 година покрај 33 македонски оперативни бригади, под команда на Апостолски се наоѓаат и бригади од Косово и од јужна Србија. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ и е избран во неговиот Президиум.

По војната

мини|лево|Михајло Апостолски говори на Второ заседание на АСНОМ, Скопје, 30 декември 1944 Во февруари 1945 година бил назначен за началник на Врховниот штаб на НОВ (односно на Генералштабoт на Југословенската армија). Извршувал и други одговорни функции во ЈНА. Помеѓу 1946 и 1952 година бил командант на сараевската воена област и началник на високата воената академија на ЈНА. Се пензионирал со чин генералполковник.

По престанувањето на неговата активна воена служба, започнал интензивно да се занимава со историја. Во периодот од 1965 до 1970 година бил директор на Институтот за национална историја. Во својата научна работа напишал повеќе библиографски едници, а ја објавил и првата Историја на ослободителната војна на македонскиот народ 1941-1945 (издадена во Скопје, 1967 година).

При основањето на Македонската академија на науките и уметностите (на 18 август 1967 година) е избран за нејзин прв редовен член. Во 1968 година е избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите. Подоцна е избран и за член на Југословенската (денес: Хрватска академија на науките и уметностите), Словенечката, на Академијата за науки и уметности на Босна и Херцеговина и на Академијата на Косово.

Од 1976 година до 1983 година бил претседател на МАНУ. Во периодот од 1978 до 1981 година бил претседател на Советот на академиите на науки и уметности на СФРЈ. Бил и член на и Советот на федерацијата.

На 11 октомври 1953 година бил одликуван со орденот Народен херој.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 29 Добитник е и на наградата АВНОЈ во 1978 година - највисоката награда која ја доделувала СФРЈ, како и многу други награди и општествени признанија.

Укажани почести во независна Македонија Денес Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје и орденот „Михајло Апостолски“ го носат неговото име.

Одликувања Носител е на следниве одликувања: Југословенски одликувањаПартизанска споменица 1941Орден Народен херој на ЈугославијаОрден на Народното ослободувањеОрден на военото знамеОрден на Републиката со златен венецОрден братство-единство со златен венецОрден за заслуги за народот со златна ѕвездаОрден Партизанска ѕвезда со златен венецОрден на народната армија со златен венецОрден на трудот со црвено знамеМедал за храбростСтрански одликувањаОрден Св. Олав (Норвешка)Орден Суворов, II степен (СССР)Орден Грунвалдски крст, II класа (Полска)Орден Свети Александар (Бугарија)Орден на Народната слобода, I степен (Чехословачка)Орден Георги I, класа на командант (Грција)

Публикации на Михајло Апостолски Михајло Апостолски, Благоја Симоновски, Пет години слободно Скопје, Градски одбор на народен фронт, 1949, Скопје. Михајло Апостолски, Митко Панов, Радовиш и Радовишко, Општински одбор на здружението на борците од НОБ, 1984. Mihajlo Apostolski, Dančo Zografski, Александар Стојановски, Gligor Todorovski, Graham W. Reid (eds.), A history of the Macedonian people Macedonian Review, Skopje, 1979. Михајло Апостолски, Ацо Алексиевски (уредници), Из прошлости македонского народа, Радио-телевизија, Skopje, 1969. Михајло Апостолски, Кочанско и Виничко во Февруарскиот поход, статија од монографијата: Кочани и Кочанско во НОВ 1941-1945, Ванчо Андонов (уредник,), Општински одбор на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ, 1985. стр. 347-357.

Статии

Поврзано

Васа Апостолска Цвета Апостолска

Наводи

Белешки 1. Во Бугарија ја смета окупацијата на Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија, во текот на Втората светска војна, како ослободување.

Надворешни врски

Михаило Апостолски „Завршните операции на Н.О.В. за ослободувањето на Македонија“ (текст) Снимка на генерал Апостолски: Се боревме со тие што тврдат дека сме Бугари (радио емисија)

Категорија:Македонски партизани Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Македонски генерали Категорија:Југословенски генерали Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Членови на Врховниот штаб на НОБ Категорија:Претседатели на МАНУ Категорија:Политичари од Штип Категорија:Луѓе од Ново Село (штипска населба) Категорија:Македонски академици Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Добитници на наградата „АВНОЈ“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Починати во Дојран Категорија:Академици на САНУ Категорија:Членови на Словенечката академија на науките и уметностите Категорија:Членови на Босанската академија на науките и уметностите Категорија:Македонски историчари Категорија:Југословенски историчари Категорија:Делегати на АВНОЈ Категорија:Починати во 1987 година Категорија:Носители на Орденот на Суворов од II степен Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ