Словенечкиот јазик или, често погрешно нарекуван и само словенски (словенечки: slovenski jezik или slovenščina) е еден од словенските јазици. Го говорат приближно 2 милиони говорници ширум светот, од кои повеќето живеат во Словенија. Тој е еден од малкуте јазици што ја зачувале двоината од праиндоевропскиот јазик. Неговата граматика е доста сложена и големиот број на именувани дијалекти спореден со бројот на говорници индицира на големи варијации во јазикот.
Историја
Како и сите словенски јазици, словенечкиот има корени од истата прасловенска група на јазици од кои е произлезен старословенскиот јазик. Најраните познати примери на засебен, пишан дијалект поврзан со словенечкиот се од Брижинските споменици, познати на словенечки како Brižinski spomeniki. Консензуална проценка за нивниот датум на настанување е помеѓу 972 и 1039 (најверојатно пред 1000 година). Овие верски списи се помеѓу најстарите преживеани ракописи на било кој словенски јазик.
Брижинските споменици се запис на прасловенечкиот јазик кој се зборувал на една поширока теритоија од денешниот словенечки, во која спаѓала и територијата на денешните австриски држави Корушка и Штаерска.Bogo Grafenauer, Karantanija: izbrane razprave in članki (Ljubljana: Slovenska matica, 2000)
До 15ти век, повеќето од северните територии постепено биле германизирани: северната граница на која се зборувал словенечкиот јазик се стабилизирала долж линијата од Клагенфурт на север до Филах на југ и Хермагор на исток во Корушка, додека во Штаерска била скоро идентична со денешната Австриско-Словенечка граница.
Лингвистичката граница останала скоро непроменета до доцниот 19ти век, кога се случил втор процес на германизација, претежно во Корушка. Помеѓу 9ти и 12ти век, прасловенечкиот јазик се проширил и во северна Истра и во подрачјето околу Трст.
Стандардизација Во првите децении на 19 век постојат три варијанти на писмениот јазик. Пред сè ја имаме основната варијанта, која го продолжува јазикот на писателите од времето на Реформацијата и ја проширува неговата основа со вклучување на елементи не само од долењскиот ами и од горењскиот дијалект. Од друга страна, Франчишек Метелко со својата позната граматика (Lehrgebäude der slowenischen Sprache, 1825) прави обид да ја стесни народната основа на литературниот јазик само на еден ограничен опсег на долењштината. Уште е поизразито во дивергентна смисла становиштето на Петер Дајнко, којшто исто издаде граматика (Lehrbuch der windischen Sprache, 1824), заснована на штаерското наречје и сметаше дека Словенците треба да пишуваат на три литературни јазици: крањскиот, корушкиот и источноштаерскиот. Тоа негово становиште нашло извесен одглас меѓу неговите земјаци (во 1834 г. имало веќе околу 50.000 егземплари на книги пишувани на варијантата што ја предлагал Дајнко). Кон сите овие тенденции се придружуваше и настојувањето на некои луѓе, какви што беа Станко Враз, Урбан Јарник и Матија Мајар, да се прими програмата на Илирското движење. По сите овие колебања современиот литературен словенечки јазик се наложи со своите битни карактеристики во 1850-те години. Регионалната раздробеност, уште недоволната поврзаност на народната заедница беше во овој случај причина за ваквите разногласија во однос на изборот на литературниот јазик.
Дијалекти мини|Карта на словенечките дијалекти
Словенечкиот јазик има богата дијалекатна разновидност, иако е говорен на релативно мала територија. Дијалеките на словенечкиот јазик се делат на седум главни дијалекатни групи, кои се разликуваат по фонетски, морфолошки, лексички и синтаксички карактеристики. Овие дијалекти се резултат на географската разновидност на Словенија, историските влијанија и контактите со соседните јазици (германски, италијански, унгарски и хрватски). Тие се: Панонска дијалекатна група. Штаерска (Штајерска) дијалекатна група Каринтска (Корошка) дијалекатна група Горенска (Горењска) дијалекатна група Доленска (Долењска) дијалекатна група Приморска дијалекатна група Ровишка дијалекатна група
Азбука Буква фонема македонска еквиваленција A (a) А B (b) Б C (c) Ц Č (č) Ч D (d) Д E (e) , , Е F (f) Ф G (g) || || Г |- | H (h) || || Х |- | I (i) || || И |- | J (j) || || Ј |- | K (k) || || К |- | L (l) || || Л |- | M (m) || || М |- | N (n) || || Н |- | O (o) || , || О |- | P (p) || || П |- | R (r) || || Р
| S (s) || || С |- | Š (š) || || Ш |- | T (t) || || Т |- | U (u) || || У |- | V (v) || || В |- | Z (z) || || З |- | Ž (ž)''' Ж
Гласови
Самогласки 250px
Согласки
Билабијални Лабиозабни Забни Алвеоларни Палато-алвеоларни Непчани Веларни Носни Експлозивни Африкативни Фрикативни Апроксимантни Вевни
Граматика Словенечкиот јазик има шест падежи: номинатив, акузатив, генетив, датив, локатив и инструментал. Не постои вокатив; таа улога ја има номинативот. Именките, придавките и заменките имаат три броја: еднина, двоина и множина.
Пример на деклинација на именката коњ: Падеж Прашални зборови (Vprašalnice) Деклинација (Sklanjanje) (konj) 1. номинатив (imenovalnik) kdo ali kaj?кој или што? konjкоњ(от) 2. генетив (rodilnik) koga ali česa?коњот или што? konjaкоњ(от) 3. датив (dajalnik) komu ali čemu?кому или на што? konjuна коњ(от) 4. акузатив (tožilnik) koga ali kaj?кого или што? konjaкоњ(от) 5. локатив (mestnik) (o) kom ali (o) čem?за кого или за што? (o) konjuза коњ(от) 6. инструментал (orodnik) (s) kom ali (s) čim?со кого или со што? (s) konjemсо коњ(от)
Наводи
Литратура
Категорија:Јазици во Унгарија Категорија:Јазици во Италија Категорија:Јазици во Србија Категорија:Јазици во Словенија