Англиски јазик (самонар. English language) — западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска, Канада, Комонвелтските Кариби, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД (групно наречени Англосфера). Во голема мера се користи како втор јазик и како службен јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, ЈАР, Пакистан и Шри Ланка и од многу меѓународни организации.

Современиот англиски јазик може да се рече дека е лингва франка. Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата. Влијанието на Британската Империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови. По Втората светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот.

Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем основно. Англискиот е еден од шесте службени јазици на Обединетите Нации.

Историја

Англискиот е англофризиски јазик. Германофоните од северозападна Германија (Саксонци и Англи) и Јитланд (Јити) ја зазеле денешна источна Англија околу V век. Спорно е дали староанглискиот јазик се раширил со поместувањето на првобитното население, или пак локалните келти полека го прифатиле јазикот и културата на новата владеачка класа, или пак комбинација од двете (видете Подримска Британија).

Овие германски дијалекти подоцна се соединиле (останале географски варијации) и го формирале староанглискиот јазик. Староанглискиот грубо наликува на некои крајбрежни дијалекти во денешна северозападна Германија и Холандија (т.е. Фризија). Низ историјата пишаниот староанглиски, ја задржал својата синтетичка структура поблиска до праиндоевропскиот, во голема мера прифаќајќи западносаксонски пишани обичаи, додека говорниот староанглиски станувал сѐ повеќе аналитички по природа, јубејќи го посложениот падежен систем, користејќи повеќе предлози и фиксен збороред за искажување на саканото. Ова се гледа во средноанглискиот период, кога книжевноста се пишувала сѐ повеќе на народен (говорен) начин, по губењето на статусот на староанглискиот како јазик на благородништвото. Се претпоставува дека раниот развој на јазикот бил под влијание на келтски слој. Подоцна бил под влијание и на сродниот северногермански јазик старонордискиот, користен од викинзите кои се населиле главно на северното и источното крајбрежје, па до Лондон, област позната како Данелаг.

Норманското освојување во 1066 извршило длабоко влијание врз еволуцијата на јазикот. Во следните 300 години норманите се користеле со англонормански јазик, кој бил близок на старофранцускиот, како јазик на дворот,правото и управувањето. Во XIV век англонорманските заемки придодале 10,000 збора кон англискиот, од кои 75% се користат и денес. Ова се многу зборови во правните и административни сфери, но и обични зборови за храна, како овчешко (mutton)"mutton, n." The Oxford English Dictionary. Second 1989. OED Online. Oxford University Press. 6 септември 2007 <http://dictionary.ocom/cgi/entry/00319759 и говедско (beef)"beef, n." The Oxford English Dictionary. Second 1989. OED Online. Oxford University Press. 6 септември 2007 <http://dictionary.ocom/cgi/entry/50019353.Благодарение на овие нормански влијанија јазикот се претворил во денес наречениот средноанглиски јазик. Подоцна, за време на Англиската ренесанса, во јазикот влегле и многу, директно земени латински и старогрчки зборови.

За време на XV век, средноанглискиот јазик се преобразил заради Големото преместување на самогласките, ширењето на престижниот југоисточно-основан дијалект на дворот, управата и академскиот живот, и стандардизирачкиот ефект на печатењето. Раносовремениот англиски датира од Елизабетанскиот период.

Географска распределеност

Над 380 милиони луѓе зборуваат англиски како мајчин јазик. Со овој број на говорници на англиски како мајчин јазик, англискиот е на трето место по мандаринскиот кинески и шпанскиот.Ethnologue, 1999CIA World Factbook , Field Listing - Languages (World). Меѓутоа ако ги земеме говорниците на англиски како мајчин и како немајчин јазик, добиваме дека англискиот е најзборуван јазик во светот, или можеби втор ако ги собереме сите кинески јазици, зависно од тоа дали ги сметаме за „јазици“ или „дијалекти“.Languages of the World (Charts), Comrie (1998), Weber (1997), and the Summer Institute for Linguistics (SIL) 1999 Ethnologue Survey. Available at The World's Most Widely Spoken Languages Проценките во кои се вклучени говорниците на англиски како втор јазик варираат во голема мера - од 470 милиони до над милијарда, зависно од тоа како ја дефинираме писменоста или „владеењето“ на јазикот. Некои велат дека оние кои го зборуваат англискиот како втор јазик се трипати побројни од оние на кои им е мајчин.Not the Queen's English , Newsweek International, издание 7 март 2007.

Земјите со најголем број на говорници на англиски како мајчин јазик се (во надолен ред): САД (215 милиони), Табела 47 вели 214,809,000 за оние на возраст од мет години и постари кои дома зборуваат само англиски. Врз основа на American Community Survey, во овие резултати спаѓаат оние кои живеат групно (студентски домови, институции и групни домови), и по дефиниција тука спаѓаат говорници на англиски како мајчин јазик кои зборуваат повеќе од еден јазик дома. Обединетото Кралство (58 милиони), The Cambridge Encyclopedia of the English Language, Second , Crystal, David; Cambridge, UK: Cambridge University Press, (2003-08-03). Канада (17,7 милиони),Mother Tongue, 2001 Counts for Both Sexes, for Canada, Provinces and Territories - 20% Sample Data , Census 2001, Statistics Canada. Австралија (15 милиони),2001 Census QuickStats: Australia Main Language Spoken at Home. The figure is the number of people who spoke English only at home. Ирска (3,8 милиони), ЈАР (3,7 милиони),Census in Brief , стр 15 (Табела 2.5), Попис 2001, Statistics South Africa. и Нов Зеланд (3.0-3,7 милиони).Languages spoken , 2006 Census, Statistics New Zealand. Не е даден број на говорници на англиски како мајчин јазик, но тој би бил некаде помеѓу оние кои зборуваат само англиски (3,008,058) и вкупниот број на говорници на англиски (3,673,623), доколку ги занемариме 197,187 луѓе кои не дале корисен одговор. Земјите како Јамајка и Нигерија исто така имаат милиони автохтони говорници на дијалектни континууми, од креолските јазици на англиска основа, па до постандардизирана верзија на англискиот. Од земјите каде англискиот се зборува како втор јазик, највеќе вакви говорници има Индија ('индиски англиски јазик') и воопшто земено Индија има повеќе куѓе кои зборуваат/разбираат англиски од било која друга земја во светот.Subcontinent Raises Its Voice, Crystal, David; Guardian Weekly: Friday 19 ноември 2004. По Индија доаѓа Кина.Yong Zhao; Keith P. Campbell (1995). "English in China". World Englishes 14 (3): 377–390. Хонгконг придонесува со уште 2,5 милиони говорници (1996]).

thumb|right|250px|Рапсределеност на говорниците на англиски како мајчин јазик низ светот (Кристал 1997) Земја Говорници од раѓање 1214.809.000258.200.000317.694.830415.013.96554.200.000+ (прибл.)63.673.20373.500.000+ (прибл.)8665.087(2000). Native speakers aged 5 or more

Англискиот е главен јазик во следниве:Австралија, Американски Девствени Острови, Ангвила, Антигва и Барбуда, Барбадос, Бахами, Белиз, Бермуда, Британска Индоокеанска Територија, Британски Девствени Острови, Гвајана, Гернзи, Гибралтар, Гренада, Доминика, Ирска, Јамајка, Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови, Кајмански Острови, Канада, Ман, Монтсерат, Науру, Нов Зеланд, Обединето Кралство, Питкерн, САД, Света Елена, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Свети Китс и Невис, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Туркс и Кајкос, Фокландски Острови и Џерси

Во многу други земји, каде англискиот не е најзборуван јазик, тој сепак е службен. Тие земји се: Боцвана, Гамбија, Гана, Замбија, Зимбабве, Индија, Камерун, Кенија, Кирибати, Лесото, Либерија, Мадагаскар, Малта, Маршалови Острови, Намибија, Нигерија, Пакистан, Папуа Нова Гвинеја, Порторико, Руанда, Самоа, Свазиленд, Сиера Леоне, Сингапур, Соломонски Острови, Танзанија, Уганда, ФД Микронезија, Филипини, Фиџи, Хонгконг, Шри Ланка. Англискиот е и еден од 11-те рамнправни службени јазици во ЈАР („јужноафрикански англиски“). Важен јазик е и во неколку поранешни колонии или моментални зависни територии на Обединетото Кралство и САД, како во Хонгконг и Маврициус.

Англискиот не е службен јазик ниту во САД ниту во Обединетото Кралство.Languages Spoken in the U.S. , National Virtual Translation Center, 2006.U.S. English Foundation , Official Language Research -- United Kingdom. Иако федералната влада на САД нема службени јазици, англискиот има добиено глас за службен јазик во 30 од 50 држави.

Англискиот како глобален јазик Поради тоа што англискиот се зборува така нашироко, често се нарекува глобален јазик, лингва франка на совремието. Додека тој не е службен јазик во многу земји, денес е јазикот кој најчесто се учи како втор јазик во светот. По меѓународен договор е службениот јазик на воздушните и поморски комуникации, како и еден од службените јазици на Европската Унија, Обединетите Нации, и речиси сите меѓународни спортски организации, меѓу кои и Меѓународниот олимписки комитет.

Англискиот е најизучуван како странски јазик во Европската Унија (од 89% од учениците), по кој следат францускиот (32%), германскиот (18%) и шпанскиот (8%). ВО ЕУ голем дел од населението вели дека може барем донекаде да разговара на англиски. Голем дел од населението вели дека може да разговата на англиски во: Холандија (87%), Шведска (85%), Данска (83%), Луксембург (66%), Финска (60%), Словенија (56%), Австрија (53%), Белгија (52%) и Германија (51%).http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/ebs/ebs_237.en.pdf Норвешка и Исланд исто така имаат големо мнозинство на способни говорници на англискиот јазик.

Книги, весници и списанија на англиски можеме да најдеме во многу земји ширум светот. Англискиот често се употребува и во науките.

Дијалекти и регионални вариетети

thumb|left|Карта на која се прикажани главните дијалекти во Обединетото Кралство и Ирска Распростанетоста на Британската Империја и во последите 50 години, проминентноста на САД го имаат проширено англискиот јазик ширум Земјината топка. Заради оваа глобална распространетост, англискиот има развиено многу дијалекти, како и креолски јазици и пиџини на англиска основа.

Главните вариетети на англискиот, во највеќето случаи, подразбираат неколку подвидови како сленгот Кокни во рамките на британскиот англиски; њуфаундлендскиот англиски во рамките на канадскиот англиски, афроамериканскиот англиски („Ебоника“) и јужниот американски англиски во рамките на американскиот англиски. Англискиот е плуризентричен јазик, без централен јазичен регулатор како Француската академија во Франција; и, иако ниеден вариетет не се смета јасно за стандарден, низа акценти се сметаат за попрестижни, како да речеме стандардниот британски изговор (наречен Received Pronunciation или RP) во Британија.

Шкотскиот јазик се развил — главно независно — од истото потекло, н по Унитарниот Акт 1707 започнал процес на јазично губење, каде подоцнежните генерации присвојувале сѐ повеќе одлики на англискиот јазик, причинувајќи дијалектизација. Дали сега тој е посебен јазик или дијалект на англискиот наречен шкотски англиски е спорно. Изговорот, граматиката и лексиката на традиционалните форми се разликуваат, понекогаш сосема, од други вариетети на англискиот.

Заради распространетоста на англискиот како втор јазик, говорниците имаат многу различни акценти, кои често укажуваат на родниот дијалект или јазик на говорникот. За позабележителните одлики на регионалните акценти, видете Регионални акценти на говорниците на англискиот јазик, а за позабележителни одлики на регионалните дијалекти, видете Список на англиски дијалекти.