Евтини приказни (англиски: Pulp Fiction) — американски филм од 1994 г. на режисерот Квентин Тарантино, кој е автор и на сценариото, заедно со Роџер Ејвери. Главните улоги во филмот ги играат: Џон Траволта, Семјуел Л. Џексон, Брус Вилис, Ума Турман, Харви Кајтел, Тим Рот, Росана Аркет, Кристофер Вокен, Стив Бушеми и Квентин Тарантино.IMBD, Pulp Fiction (1994) (пристапено на 1 април 2017) Филмот бил номиниран за седум награди „Оскар“, но Тарантино и Ејвери ги освоиле наградите „Оскар“, „Златен глобус“ наградата на БАФТА за најдобро оригинално сценарио. На Канскиот филмски фестивал, филмот бил награден со „Златна палма“. Вкупно, филмот освоил 60 награди, а во 2013 година бил вклучен во Националниот филмски регистер на САД.IMBD, Pulp Fiction (1994), Awards (пристапено на 1 април 2017)

Насловот на филмот се однесува на шунд списанијата и „тврдо варените“ криминалистички романи од средината на XX век, познати по сликовитите прикази на насилство и испразнети дијалози. Приказната е, како и во другите дела на Тарантино, нелинеарна. Критичарите го нарекуваат филмот прв пример за постмодерен филм заради неговата саморефлективност и неконвенционална структура. Евтини приказни послужи како инспирација за многу подоцнежни филмови кои примија многу елементи од неговиот стил. Природата на неговата продукција, маркетингот и дистрибуцијата и дополнителната прoфитабилност имаа силно влијание на подрачјето на независната кинематографија.

Преглед Режиран на многу стилизиран начин, вклучувајќи многу филмски наводи, Евтини приказни ги спојува совпаѓачките приказни за мафијашите, маргинализираните, ситни крадци во Лос Анџелес, и една мистерозна актовка. Добар дел од времето е посветен на дијалозите и монолозите со кои се открива смислата за хумор на некои ликови и нивните погледи врз животот. Иако некои критичари го сметаат за црна комедија,See, e.g., King (2002), pp. 185–7; ; филмот често е етикетиран и како „нео-ноар“.See, e.g., Waxman (2005), p. 64; Silver and Ursini (2004), p. 65; Real (1996), p. 122. Критичарот Гофри О'Брајан тврди друго:

„Старите ноар страсти, меланхолијата и оперните сцени на смртта се далеку од она што Тарантино го замислил. Нити нео-ноар нити пародија на ноарот, Евтини приказни е повеќе турнеја низ пеколен тематски парк украсен со културни рушевини, Бади Холи и Мами Ван Дорен, Роџер Корман и Shogun Assassin, музика која е нон-стоп станица како да сите децении од педесеттите да егзистираат истовремено.“O'Brien (1994), p. 90.

Николас Кристофер слично го нарекува „повеќе ганстерско подземје отколку нео-ноар“.Christopher (2006), p. 240. See also Rubin (1999), pp. 174–5. Фостер Хирш вели дека неговата „фантастична средина“ го карактеризира во повеќе од еден жанр: Сместен во „свет кој може да постои само во филмовите“, Евтини приказни претставува „сочна ужина“, прекрасно припремена брза храна за кинофилите.Hirsch (1997), pp. 359, 360.

Евтини приказни е структуризиран од три различни, но поврзани приказни: мафијашки платениот убиец Винсент Вега е главниот јунак на првата приказна, боксерот Буч Кулиџ на втората, а колегата на Винсент, платениот убиец Џулс Винфилд е главниот јунак на третата приказна."Pulp Fiction: The Facts" (1993 location interview), Pulp Fiction DVD (Buena Vista Home Entertainment). Иако секоја од приказните се фокусира на друга серија на инциденти, тие се поврзани и имаат повеќе допирни точки. Филмот почнува со „Тиквичка“ (анг:Pumkin) и „Медењаче“ (анг:Honey Bunny) кои ограбувааат ресторан, потоа продолжува со приказната за Винсент, Џулс, Буч и неколку поважни ликови, вклучувајќи го мафијашкиот шеф Марселус Волис, неговата сопруга Миа и Винстон „Волкот“ Вулф, човек од подземјето задолжен за решавање на проблеми. На крајот приказната се враќа од таму каде што и започна, во ресторанот: Винсент и Џулс, кои наминаа за ручек, се најдоа во средината на грабежот. Вкупно постојат седум наративни секвенци - на трите главни приказни претходат наслови на црн екран:

Пролог - Ресторан (I) Вовед во „Винсент Вега и жената на Марселус Волис“ "Винсент Вега и жената на Марселус Волис" Вовед во „Златниот часовник“ (а-флешбек, б-сегашност) „Златниот часовник“ „Ситуацијата со Бони“ Епилог - Ресторан (II)

Кога седумте секвенци би се подредиле хронолошки, би оделе во овој редослед: 4а, 2, 6, 1, 7, 4б, 5. Секвенците 1 и 7 и 2 и 6 се делумно преклопуваат така што се презентирани од различни погледи. Наративниот редослед, со сето свое заобиколување, е всушност кружен, бидејќи последната сцена се совпаѓа со првата. Зборувајќи за филмот, Тарантино вели: „Супер работа е ова со кршењето на линеарната структура, кога го гледам филмот со публиката, ја крши состојбата и на публиката. Тоа е како она, 'Морам да го видам ова... Морам да обрнам внимание'. Скоро можете да осетите како сите се поместуваат во нивните седишта. Забавно е да се гледа публиката како на некој начин го лови филмот.“Enhanced Trivia Track, ch. 24, Pulp Fiction DVD (Buena Vista Home Entertainment).

Содржина

„Тиквичка“ (Тим Рот) и „Медењаче“ (Аманда Пламер) појадуваат во ресторан. Одлучуваат да го ограбат, бидејќи така ќе можат да извлечат пари не само од благајната, туку и од муштериите, како што направиле во последниот нивни грабеж. Неколку моменти подоцна почнува грабежот, сцената исчезнува и почнува најавната шпица.

Додека Џулс Винфилд (Семјуел Л. Џексон) вози, Винцент Вега (Џон Траволта), набивајќи ја сачмарката, раскажува за своите искуства во Европа, од каде штотуку се вратил - во хашиш-барот во Амстердам; за Франција и за McDonald's бургерот со кашкавал („Royale со кашкавал“). Парот облечен во елегантни црни костуми се на пат да ја земат актовката од Брет (Френк Вејли), кој ја украл од нивниот шеф, гангстерот Марселус Волис. Џулс му вели на Винцент дека Марселус фрлил некој од четврти кат кога ѝ ги измасирал стапалата на жена му. Винсент одвраќа дека Марселус го замолил да ја придружува неговата сопруга додека тој е надвор од градот. По шеговитото, филозофско дофрлање, се враќаат на своите вистински улоги и го убиваат Брет на драматичен начин кога Џулс рецитира злокобно „библиско“ пророштво.

250px|thumb|„Славната твист сцена“:Waxman (2005), p. 71. Винцент Вега (Џон Траволта) и Миа Волис (Ума Турман) играат твист во Jack Rabbit Slim's Во скоро празниот коктел-бар, поранешниот борец за награди Бач Кулиџ (Брус Вилис) прифаќа голема сума на пари од Марселус (Винг Рејмс), со договор дека тој ќе падне во петтата рунда на следниот меч. Бач и Винцент кратко се среќаваат ама не разговараат пријателски, потоа Винцент и Џулс - сега необично облечени во маици и шорцеви - влегуваат во клубот на Марселус за да ја достават актовката. Следниот ден, Винсцнт оди кај Ленц (Ерик Столц) и Џоди (Розана Аркет) за да купи малку висококвалитетен хероин. Нафиксувајќи се пред состанокот со Миа Волис (Ума Турман), ја води надвор. Излегуваат во Jack Rabbit Slim's, допадлив ресторан тематски уреден во стилот на педесеттите во кој вработените се облечени како некои поп икони на таа деценија. Миа се сеќава на нејзиното глумечко искуство во пропаднатиот телевизиски пилот „Fox Force Five“.

По учеството во натпревар на твист, се враќаат во куќата на Волис со трофејот. Додека Винцент во тоалетот сам се увера дека нема да се вмеша во врска со сопругата на шефот, Миа го пронаоѓа хероинот во џебот од палтото на Винсент. По грешка мислејќи дека е кокаин, го шмркнува и се предозира. Винцент ја наоѓа и престрашен ја носи во куќата на Ленц за помош. Вбризгуваат инјекција адреналин во нејзиното срце, со што ја освестуваат. Пред да се разделат, Миа и Винцент се договараат да не му кажуваат на Марселус за инцидентот, плашејќи се од она што тој може да им го направи.

Младиот Бач (Чендлер Линдауер) гледа телевизија, а тогаш во собата влегува виетнамскиот ветеран, капетанот Кунс (Кристофер Вокен). Кунс објаснува дека му го донел златниот часовник, оној кој со генерации се пренесувал меѓу машките во семејството Кулиџ, уште од Првата светска војна. Таткото на Бач починал во камп за воени заробеници, а на негова последна желба Кунс го сокрил часовникот во неговото право црево и го чувал две години за да му го донесе на Бач. Заѕвонува ѕвонцетото, преплашувајќи го возрасниот Бач од неговите сеќавања. Тој е во боксерска опрема и е време за борбата во која тој е платен да падне.

Бач бега од арената по победата во борбата, не само што не паѓа во мечот туку и го убива својот противник. Бегајќи со такси, од својата возачка опседната со смрт, Есмералда Виљалобос (Анџела Џоунс), дознава дека го убил својот противник. Бач го измамил Марселус, обложувајќи се со својата плата на себе со прилично погоден коефициент. Следното утро во мотелот каде престојува, Бач открива дека неговата девојка, Фабиен (Марија де Медеирос), заборавила да го спакува неговиот незаменлив часовник. Се враќа во својот стан за да го собере, иако е скоро сигурен дека го бараат луѓето на Марселус. Бач бргу го пронаоѓа часовникот, но мислејќи дека е сам, застанува да си испече тост. Тогаш на кујнската маса забележува автоматски пиштол. Слушајќи пуштање на вода од тоалетот, Буч го зема пиштолот и го убива Винцент кој излегува од тоалетот.

Возејќи се подалеку од станот, Бач случајно налетува на Марселус. Го удира со автомобилот, но се судира со друг автомобил. Почнува потера и двајцата мажи завршуваат во заложилница. Бач подига пиштол за да го убие Марселус, но тогаш сопственикот на дуќанот, Мејнард (Двејн Витакер), ги заробува и двата. Мејнард и неговиот ортак, Зед (Питер Грин), го носат Марселус во задната соба и го силуваат, оставајќи еден маскиран човек - сексуален роб - да го надгледува Бач. Бач се ослободува и го нокаутира маскираниот човек. Има намера да побегне, но сепак одлучува да го спаси Марселус. Додека Зед го силува Марселус, Буч со меч го убива Мејнард. Марселус ја зема пушката на Мејнард и го погодува Зед во препоните. Му вели на Бач дека се квит ако не спомнува ништо за силувањето и ако го напушти Лос Анџелес засекогаш. Бач прифаќа, напуштајки го градот заедно со Фабиен на чоперот на Зед.

Приказната се враќа на Винсент и Џулс во станот на Брет. Откако го убија, друг маж (Алексис Аркет, братот на Розана Аркет) излегува од тоалетот и почнува дивјачки да пука по нив, промашувајќи ги со секој истрел и ги запрепастува Џулс и Винсент кои не успеваат ни да возвратат, но потоа го убиваат. Џулс тврди дека тоа било чудо и дека е Божји сигнал до него да се повлече од работата како платен убиец, иако Винцент не се согласува. Заминуваат со еден соработник на Брет, Марвин (Фил ЛеМар), нивниот информатор. Винцент го прашува Марвин за мислење за „чудото“, случајно и не сакајќи го застрелува во главата додека невнимателно мавташе со пиштолот.

Принуден да го тргне својот крвав автомобил од улиците, Џулс го повикува својот пријател Џими (Квентин Тарантино). Сопругата на Џими, Бони, набргу треба да се врати од работа, а тој е загрижен дека таа ќе ги сретне и ќе види што се случило. На барање на Џулс, Марселус бара помош од Винстон Вулф (Харви Кител), Вулф ги зема работите во свои раце, наредувајќи им на Џулс и Винсент да го исчистат автомобилот, да го скријат телото во багажникот, да се ослободат од својата крвава облека и да се преоблечат во маиците и шорцевите кои им ги дава Џими. Освен тоа, му плаќа на Џими за неговите постелнини кои ќе послужат за криење на крвавите седишта додека возат кон депонијата каде работи девојката на Вулф, Ракел (Џулиа Свини). Вулф и Ракел одат на појадок, а Џулс и Винсент одлучуваат да го направат истото.