Тихо Најдовски (, - , ) — македонски поет, писател за деца и млади.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 170.

Животопис Најдовски е роден во Велес на година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Еден од основачите и долгогодишен управник на меѓнародната книжевна манифестација „Рацинови средби“ во Велес. Тој станал член на ДПМ во 1969 година. Автор е на книгите: Малечка присутност (раскази, 1958), Трепетлика (раскази, 1969), Јасминка (раскази, 1970),28 начина за самоубиство ( 2011 ) Солзи (раскази, 1970), Сребрена капка (раскази, 1972), Ѕвездалии (раскази, 1980), И така се расте (раскази, 1986), Белиот галеб (роман, 1986), Задоцнета пролет (раскази, 1986), Сараџа (сатирични раскази, 1989), Златна пештера (бајка, 1989), Цвет и дете (раскази, 1989), Билјана (раскази, 1991), Дремливо патување (роман, 1992), Олеандровиот цвет (роман, 1995), Цибрина (поезија, 1996), Увил (поезија, 1997), Здравица (поезија, 1998), Потпора Збор (поезија, 1998), Меѓа (поезија, 1998), Мерка за немирот (поезија, 1999), Превалец (2000). Добитник на наградите: на РТС за книга за деца на СВП, „Климент Охридски“, „9 Ноември“ на Општина Велес.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Скопје Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Добитници на наградата „9 Ноември“