Петре Наковски (, Костурско, ) — македонски романописец, преведувач и дипломат.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 172.
Животопис Наковски е роден на година во Крчишта, Костурско, егејскиот дел на Македонија. Педагошки лицеј завршил во Полска, а Филолошки факултет во Скопје. Докторирал на Институтот за политички науки на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Бил новинар во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“. Работел во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Бил амбасадор на Република Македонија во Полска. Тој е член на ДПМ од 1989 година.
Творештво Автор е на романите: Постела за чемерните (1985), И каменот е земја (1988), Големата удолница (2003), Големата измама(2007), На пат со времето (2010) На патот кон невратот (2020)
и истражувачките дела: Македонски деца во Полска 1948-1968 (докторски труд, 1987), и Македонските бегалци во Полска 1948-1975
Награди и одликувања Добитник е на наградите: „Златно перо“, „Награда на полските автори“
И полските одликувања: „Златен медал за заслуги за полската култура“ и „Златен орден на командоријата“.
Наводи
Надворешни врски На патот кон невратот
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски мемоаристи Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Живи луѓе Категорија:Деца бегалци