Не ја поистоветувајте со градот Гранада. За други значења видете ја страницата за појаснување.

Гренада (англиски: Grenada) — островска држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Државата е составена од најголемиот остров Гренада и уште шест островчиња дел од островската група Гренадини, од кои остатокот припаѓаат на Свети Винсент и Гренадини. Источно од државата се наоѓа Карипското Море, додека западно од неа се наоѓа Атлантскиот Океан.

Гренада има вкупна површина од 344 км2 каде живеат околу 110.000 жители. Главен град на Гренада е Сент Џорџ и службени јазици се англиски јазик и патоа. Северно од Гренада се наоѓа државата Свети Винсент и Гренадини, додека пак јужно се наоѓа Тринидад и Тобаго.

Потекло на поимот

За името на Гренада има пишани докази уште од првото доаѓање на Кристофер Колумбо на островот во 1498 година. Тој го именувал островот како „Консепсион“. Малку е познато како се променило името од Консепсион во Гренада, но се верува дека шпанските морепловци започнале да го именуваат островот според шпанскиот град Гранада.

Историја

Географија и клима мини|150п|лево|Карта на Гренада.

Државата е составена од неколку острови. Најголем остров е островот Гренада, додека останатите се помалу. Сите острови, освен Гренада се дел од островската група Гренадини. Остатокот од островите на Гренадини се дел од државата Свети Винсент и Гренадини, а во склоп на Гренада се: Каријаку, Ронде, Каил, Дајмонд, Голем Остров, Салин и Фригат. Најголем дел од населението на државата живее на островот Гренада. Најголеми градови каде има поголема концентрација на население на островот Гренада се Сент Џорџ, Гренвил и Гујав. Најголеми населени места на останатите острови се Хилсбороу и Каријаку.

Островите се со вулканско потекло и поради тоа почвата е доста богата. Највисок врв во државата е Маунт Сент Кетрин со 840 метри. Климата во државата е тропска. Вкупната површина на земјата изнесува 344 км2 каде живеат околу 110.000 жители. Главен град е Сент Џорџ.

Национални симболи мини|лево|100п|Индиски орев. Национално... симбол јадење Оил даун животно ној симбол индиски орев пијалак рум спорт крикет птица Гренаѓански гулаб песна Grenada May God Bless You

Политички систем

Гренада е уставна монахија и на чело на државата е кралот Чарлс III. Кралот во Гренада е претставен од генралниот генерал, кој моментално на оваа позиција е Карлил Глин. Извршната власт во државата е во рацете на владата, односно премиерот на Гренада. Иако е назначен од страна на гувернерот, премиерот најчесто е и водач на најголемата политичка партија во собранието на Гренада.

Собранието на Гренада е дводомно, односно се состои до сенат со капацитет од 13 членови и Претставнички дом со капацитет од 15 членови. Сеноторите се назначени од страна на владата и опозицијата, додека претставниците во Домот се избрани на избори за петгодишен мандат.

Стопанство

Со економските и фискалните реформи во државата се забележал годишен економски пораст од 5 до 6%. Туризмот е голема стопанска гранка во државата. Официјална валута на Гренада е источнокарипскиот долар и заедно со уште седум карипски држави се дел од заедничка централна банка.http://www.oecs.org/

Гренада се нарекува „островот на зачините“ бидејќи таа има големо производство на различни зачини, особено на индиски орев, каде 20% од светкото производство доаѓа од Гренада. Како дел од туризмот, популарни се водните спортови, но во последно време и екотуризмот е во подем во државата.

Административна поделба

Гренада е поделена на 6 парохии. Парохиите на Гренада се:

Парохии Сент Ендру Сент Дејвид Сент Џорџ Сент Џон Сент Марк Сент Патрик Зависни области Каријаку Петит Мартиник

Демографија десно|100п|мини|Училиште во Гренада.

Голем дел од населението се со африканско потекло, луѓе кои биле донесени од Африка како работници на плантажите. Покрај нив има и староседелско население, но и мал број на Индијци и белци. Вкупното население е околу 110.000 жители.

Гренада, како и останатите карипски острови, се соочува до голем процент на миграција, каде се верува дека двојно повеќе Гренаѓани од населението на државата живеат во странство.

Службен јазик во Гренада е англискиот јазик, но јазикот патоа се смета за лингва франка во државата, кој пак се зборува само од 10 или 20 % од населението. Скоро целото население во државата се Христијани.

Христијани - 96,600 Муслимани - 300 Без Религија - 1,000 Хиндуисти - 700 Народна Религија - 1,300 Други - 200

Култура мини|десно|100п|Карневал од 1965.

Иако француската култура е помалки видлива одошто кај останатите карипски острови, во Гренада се зачувани француските топоними и секојдневниот јазик има примеси од францускиот. Француската култура е повеќе видлива во кулинарството и облеката, но има и малку зачувана француска архитектура од 1700-те. Целокупната култура на островите е под силно влијание на африканската.

Наводи

Поврзано Сент Џорџ Патоа Гренадини Западноиндиска Федерација

Надворешни врски

Влада на Гренада Шеф на држава и кабинет

Гренада на UCB

Рурална сиромаштија на Гренада grenadaisland.com Гренаѓанска револуција Кратка историја на Гренада Фотографии

Гренада Категорија:Држави во Северна Америка Категорија:Карипски земји Категорија:Држави и територии настанати во 1974 година Категорија:Членки на Комонвелтот