Ганчо Хаџи Панзов (Велес, 1900 - Мадрид, 18 ноемвриПеро Коробар, Божо Стефановски „Во меѓународните бригади на Шпанија“ (ур.) „Студентски збор“, Скопје, 1989, 215 стр. и Борис Атков во Č. Kapor (ur.) "Španija 1936–1939. Zbornik sjećanja jugoslavenskih dobrovoljaca u španskom ratu", Beograd, 1971, tom V, 177 str. 1936) — македонски комунист и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна. Тој е меѓу првите македонски интербригадисти кои загинале во Шпанија.

Животопис

Ганчо Хаџипанзов е роден во Велес, во едно од најбогатите велешки семејства на почетокот на 20-от век. Уште како ученик се вклучува во револуционерното движење на Велес, поради што е исклучен од велешката гимназија. Во 1920 година се вклучува во предизборната кампања на КПЈ за општинските и парламентарните избори. Истата година, заедно со Никола Оровчанец, Бане Андреев, Георги Шоптрајанов и други, членува во Литературно-уметничкото друштво „Нада“. По Обзнаната, заедно со други комунисти од Велес, во 1921-1922 година учествува во издавањето на илегалниот весник „Искра” (на велешки дијалект). Поради исклучувањето од велешката гимназија, заминува за Скопје каде го продолжува своето школување во Поштенско-телеграфското училиште, а потоа работи како поштенски службеник. Од пролетта 1922 до првата половина од 1923 година служи воен рок во школата за резервни офицери во Скопје.

мини|десно|Број на „Трудова Македонија“ со известување за смртта на Хаџи Панзов Постојано следен и прогонуван, при крајот на летото 1923 годинаВасил Тоциновски „Враќање нема“, „Современост“, Скопје, 2012, 69 стр. илегално ја преминува бугарската граница. Работел на пристаништето во Бургас од каде во есента 1924 година преку Грција заминува за Париз. Таму се вклучува во работата на синдикатите и станува член на Комунистичката партија на Франција. Од 1925 до 1928 година е секретар на балканската комунистичка група.Тоциновски, цит. дело, 94 стр. Се вклучува и во работата на македонската емиграција, станувајќи член на Македонската народна федеративна група и ВМРО (Обединета).

По избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, Хаџипанзов веднаш се вклучува во активностите на КП Франција за помош на Шпанската република. Вклучен е во прифаќањето на доброволците кои преку Франција заминуваат за Шпанија да се борат на страната на Републиката. При крајот на септември или на почетокот на октомври 1936 годинаТоциновски, цит. дело, 172 стр. и самиот заминува да се бори во Шпанија. По воената обука во која се стекнува со чин водник и е избран за командир на вод на Балканската чета во состав на баталјонот „Едгар Андре“ Тоциновски, цит. дело, 165 стр., Хаџипанзов станува дел од Првата меѓународна бригада што е формирана во октомври 1936 година. Бригадата, набрзо по формирањето, на почетокот од ноември е испратена да помогне во одбраната на Мадрид, каде веќе се во тек жестоки битки со франкистичките сили. Првиот напад на франкистите е одбиен, а при офанзивата на републиканските сили на 19 ноември на фронтот кај Универзитетскиот град трагично загинува Ганчо Хаџипанзов, како еден од првите Македонци жртви на војната. Во моментот на неговата смрт до него се неговите соборци Трајко Мишковски и Борис Атков, кои подоцна и го погребуваат.Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 281 стр.

На шестмесечниот помен во родната куќа на Хаџипанзов, неговите другари и почитувачи ќе организираат пригоден собир. Во таа прилика Кочо Рацин, добар пријател со сестра му на Ганчо, Румена Хаџи Панзова, ја чита песната „Испанска балада“ посветена на трагичната смрт на Ганчо.Кочо Рацин „Испанска балада“ Собирот прераснал во отворен и гласен бунт против тиранијата, на што веднаш реагирала полицијата и прекинувајќи го поменот, ги однела присутните на сослушување.

Творештво

Творечката активност на Хаџипанзов е поврзана со периодот на неговиот престој во Париз. Пишувал на француски јазик, а од неговото творештво сочувана е поемата „Ќе се вратам” и неколку песни: „Бал на вентилаторите“, „Сирени“, „Алказар“, „Детството на еден град“ и „Поема за родниот град“.

Во 1961 година во книгата „На шпанската земја“ која содржи сеќавања на Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна, во превод на Кирил Ќамилов, првпат е објавена поемата на Хаџипанзов „Ќе се вратам“.

Наводи

Литература „Како загина Ганчо“ во Елисие Поповски, Перо Коробар, Борис Вишински (ур.), „На шпанската земја“, „Култура“, Скопје, 1961, 51-52 стр. Перо Коробар, „Ганчо Хаџипанзов“, „Македонска ревија“, Скопје, 1986. Искра Николовска, „Поемата ‘Ќе се вратам’ на Ганчо Хаџи Панзов“ во „Книжевни записи“, 1988, 75-83 стр. Васил Тоциновски „Враќање нема“, „Современост“, Скопје, 2012.

Надворешни врски

Архива на Ганчо Хаџи Панзов на Марксистичката интернет архива „Ќе се вратам“, документарна емисија, ТВ Скопје, 1982. „Поети револуционери: Ганчо Аџипанзов“, документарна емисија, ТВ Скопје, 1984. Здравко Стојкоски „Враќањето на еден револуционер и поет: Ганчо Хаџи Панзов“ Сталин Лозановски „Поетот Хаџи Панзов не се врати дома!“, „Време“

Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски поети Категорија:Учесници во Шпанската граѓанска војна Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Мадрид