Михаил Гугувчевски (Тетово, – Скопје, бил македонски агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Дипломирал и се вработил на земјоделскиот факултет во Скопје (1961–1975). Докторирал на темата „Пораст и развиток на меката пченица (Tr. Aestivum L.) во агроеколошките услови на Овче Поле“ на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје во 1969 година. Во НОБ учествувал од 1944 година. Пред тоа бил вклучен на заднинска работа. Автор е на поголем број научни и стручни трудови.

Наводи

Категорија:Македонски агрономи Категорија:Починати во Скопје Категорија:Луѓе од Тетово