Вагина — влакномускулен еластичен цевчест премин, кој е полов орган и главно служи на породување и сексуални односи. Кај цицачите (особено приматите), менструацијата, што е периодично ослободување на крв и мукозно ткиво од внатрешната обвивка на матката преку вагината, е уште една примарната функција на вагината и обично ја означува плодноста. Локацијата и големината на вагината варира меѓу видовите, и може да се разликуваат во големина во рамките на ист вид. Вагината води од отворањето на вулвата до матката, но родничниот премин завршува на грлото на матката.

Како и кај мажот, и кај жената половиот премин е контролиран по нервен пат, односно со физички и психички дразби. Физичките дразби на женските полови органи доведуваат до развој на сексуален осет кој преку ’рбетниот мозок се пренесува до мозокот.

Поврзано Размножување Полово општење

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Женски полови органи

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__