Ѓоце Илиев Стојчевски - Амбарче (Тетово, – Беличица, Гостиварско, ) — македонски партизан, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија.

Животопис мини|лево|Родната куќа на Ѓоце Стојчевски (денес Меморијален музеј) на Ѓоце Стојчевски во Тетово Амбарче е роден во Тетово на 26 ноември 1919 година во повеќечлено занаетчиско семејство од татко Илија и мајка Менча. По завршувањето на основното училиште, иако надарен ученик, поради лошата материјална состојба во семејството, Ѓоце го напуштил училиштето и останал да му помага на татка си во волновлачарницата, посетувајќи го притоа занаетчиското училиште. Чувствувајќи ја националната обесправеност и суровиот експлоататорски режим на големосрпската буржоазија врз себе и врз својот народ, Ѓоце се вклучил во напредното работничко и револуционерно движење. Бил библиотекар во локалната библиотека, секретар на Месниот комитет на КПЈ и учесник во НОД во 1941 година.

Во НОАВМ бил политички комесар на Шарпланинскиот партизански одред во 1943 година. Во борбата со балистички сили кај с. Шипковица во 1943 бил ранет, заробен и спроведен во затворот во Тирана. По капитулацијата на Италија избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борбата кај селото Беличица и бил прогласен за Народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 353

Во негов спомен тетовскиот хемиско-текстилен училиштен центар го носи неговото име.

Спомен-куќата на Стојчевски е прогласена за значајно културно наследство на Македонија.

Наводи

Надворешни врски Ѓоце Стојчевски – Амбарче — опширна биографија

Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Починати во Гостиварско Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски библиотекари Категорија:Починати во Беличица Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија