Знамето на Боцвана е националното знаме на државата кое било усвоено на 30 септември 1966. Знамето има размер од 2:3.

Дизајн Основата на знамето е со сина боја. Низ средишниот дел на знамето има поставена хоризонтална црна лента, а над неа и под неа има по една мала бела лента. Размерот на лентите е 9:1:4:1:9. centre

Симболизам Сината боја ја симболизира водата, поточно дождот. Дождот е од големо значење за нацијата и на цвана се именува како „Pula“. Зборот „Pula“ е националното гесло на државата и значи „дожд“, но и „надеж“. Геслото е поставено и на националниот грб. Белите и црната лента ја симболизираат етничката хармонија во државата. Покрај тоа, црната и белата боја ја симболизира зебрата, која е прикажана на националниот грб.

Поврзано Грб на Боцвана Боцвана

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Национални симболи на Боцвана Боцвана