Модрич — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
Географија и местоположба
лево|300п|мини|Ридот со крст на него над селото
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северозападниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига до сртот на планината Јабланица, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 880 до 1.000 метри. Од градот Струга е оддалечено 25 километри.
Селото се наоѓа на падините на планината Јабланица, по течението на реката Црн Дрим, во областа наречена Долни или Дебарски Дримкол.
Селото е од разбиен тип и во моментов брои околу 50-тина куќи и останати малкумина постојани жители, претежно стари лица.
Модрич е познат по својата уникатна местоположба и чистиот воздух, изворите со вода за кои е и снимен игран филм на таа тема „Време Води“ од Бранко Гапо, гостопримливота и отвореноста на луѓето кои живеат или потекнуваат од таму. Претставува одлично место за одмор, спортски риболов (Дебарско Езеро - 10км и Глобочица - 10км), лов на дивеч.
Историја
десно|300п|мини|Стара куќа во селото
Тврдината којашто се наоѓала во Модрич во текот на османлиското владеење била од големо значење поради нејзината стратешка позиција на левиот брег од реката Црн Дрим, непосредно до патот од Охрид до Дебар. На другата страна од патот се наоѓал Коџаџик (тогаш Светиград). На почетокот од османлиското владеење Модрич најверојатно бил дури и позначаен од Коџаџик. Во ноември 1443 година Скендербег се побунил против султанот и тврдината во Модрич станало негово упориште. Истото се толкува во делата на албанскиот историчар и католички свештеник Марин Барлети.
Во 1448 година, султанот Мурат II ја опседнал тврдината во Светиград. Првата битка меѓу војската на Скендербег и отоманската војска во Опсадата на Светиград (1449) се одиграла кај тврдината Модрич.
Во 1452 година, отоманската војска од Охрид ги нападнале скендербеговите бунтовници, но била поразена кај Модрич. На чело на бунтовниците стоел Хамза Кастриоти.
Според Стефанаљ Поло и Арбен Путо, во 1456 година внукот на Скендербег, Георги Стреши Балшич, ја продал тврдината на Османлиите. Во 1467 година Модрич бил регистриран како тимар на извесен Синан кој бил диздар на твдрината Модрич. Тврдината најверојатно била уништена до тој степен што во неа немало гарнизон, а нејзина реконструкција била или невозможна или непотребна.
За тврдината денес сведочат остатоците на ѕидините, гробници, стари монети итн.
Во век, Модрич било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 16,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.178 хектари, на пасиштата отпаѓаат 233 хектари, а на обработливото земјиште само 191 хектар.
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства и 152 жители мажи.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Модрич имало 960 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Модрич имало 624 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600Македонци.
Модрич било средно по големина село, но со значителна емиграција на населението, преминало во мало село. Така, селото во 1961 година броело 701 жител, а во 1994 година само 51 жител, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Модрич живееле 25 жители, сите Македонци.
Денес, Модрич е пред целосно раселување, поради миграцијата која го зафатила селото во втората половина на XX век.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, 1 Македонец и 7 лица без податоци.
Родови
Модрич е македонско село.
Според истражувањата од 1935 година родови во селото се:
Староседелци: Неловци или Ниновци (4 к.), Лековци (5 к.), Бочваровци (4 к.), Бурјаковци (5 к.), Белшовци (2 к.), Бежановци (3 к.), Чубриновци (3 к.) и Ѓорчевци (2 к.) Доселеници: Турмаковци (3 к.), Џакеловци (1 к.), Цацановци (9 к.), Радевци (8 к.) и Ојлевци (2 к.) доселени се сите од исто место, а тоа — селото Мартинеши во Албанија, кај реката Мат. Од старото село се иселиле затоа што не сакале да го примат исламот; Дуковци (3 к.) доселени се од селото Себишта во Голо Брдо; Бојаџијовци (3 к.) доселени се од селото Луково, од каде се доселил дедо Новак; Колеќевци (6 к.) и Аџијовци (3 к.) доселени се од некое село Колиќије кај Солун во Егејска Македонија; Колеќевци (3 к.) потекнуваат од домазет кој се доселил од селото Глобочица и влегол во правиот род Колеќевци, оттука и за двата рода исто име; Шоповци (2 к.) доселени се најверојатно од селото Присовјани; Велковци (2 к.) потекнуваат од домазет Аврам доселен од село Луково во родот Алижуровци. Непознато и неиспитано потекло: Алижуровци (1 к.), Добревци (1 к.) Ѓоргочевци (1 к.), Ѓочевци (4 к.), Ковачевци (3 к.), Мијовци (2 к.), Мурговци (2 к.), Римовци (1 к.), Терзиевци (3 к.)
Општествени установи
мини|300п|десно|Споменик од НОБ пред поранешното основно училиште во селото
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било седиште на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Модрич, се наоѓале и селата Буринец, Дренок, Отишане, Селци и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Модрич било седиште на некогашната општина Модрич, во која влегувале селата Дренок и Модрич.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1886, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште во Модрич. Во избирачкото место е опфатено и селото Дренок.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градиште — утврдена населба од доцноантичко време и средновековна населба со некропола.
Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква; Црква „Св. Никола“ — помала црква на влезот во селото; Црква „Св. Атанасиј“ — црква во Кочеа маало; Црква „Св. Ѓорѓи“ — се наоѓа во Долно маало; и Црква „Св. Архангел Гаврил“ — метох на Бигорскиот манастир, камен-темелник осветен и поставен на 26 јули 2004 година.
Реки Модричка Река — поминува низ селото, притока на Црн Дрим
Споменици Споменик од НОБ
Личности
Родени во Модрич Бошко Смаќоски (1938-1998) — поет, раскажувач, романописец и драмски писател. Јордан Добревски (1939-1980) — македонски писател за деца и драмски автор. Зозе Мургоски (р. 1950) — универзитетски професор. Учесници во НОБ, и жртви на фашистичкиот терор
Наум Нелко Радески — македонски партизан, загинат во НОБ. Живко Андон Јованоски — македонски партизан, загинат во НОБ. Глигор Силјан Мијоски — македонски партизан, загинат во НОБ. Дренко Вељо Дукоски — македонски партизан, загинат во НОБ.
Модрич како тема во уметноста „Модричка тетратка“ — книга за деца на македонскиот писател Бошко Смаќоски од 1982 година.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004. „Модрич“ — песна на Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 5. „Пред портите на Модрич“ — песна на Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 6. „Скитање“ — песна на Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 10. „Диви перуники“ — краток расказ на Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 12-13. „Гора модричка“ — песна на Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 14.
Галерија
Наводи
Поврзано Дримкол Општина Струга Струга
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга