Алабама () — сојузна држава сместена во југоисточниот регион на Соединетите Американски Држави. Алабама се граничи со Тенеси на север, Џорџија на исток, Флорида и Мексиканскиот Залив на југ, и Мисисипи на север. Алабама е рангирана на 30. место според големина на површина и на второто место според пловни внатрешни води. Алабама, исто така, се наоѓа на 24. место според бројот на население, кој во 2016 г. изнесувал околу 4.863.300 жители.
Од Американската граѓанска војна па сè до Втората светска војна, Алабама, како и многу други јужни држави, се соочила со големи економски тешкотии, делумно и поради континуираната зависност од земјоделството. И покрај порастот на поголеми индустрии и урбанизирани градови, интересите на Белците доминирале во областа на законодавството сè до 1960-тите, додека пак, интересите на Афроамериканците биле помалку застапени. По Втората светска војна, Алабама искусила пораст на економијата на државата која се должела на пренасочувањето од земјоделството кон тешки производи, минерална екстракција, образование и технологија. Покрај тоа, се случило и воспоставување или проширување на веќе постоечките воени објекти, примарно тие на армијата на САД и силите на воздухопловството, како државни работни места.
Неофицијално, прекарот на државата е „Јелоухамер“ (Yellowhammer), дадено по државната птица) — златниот клулајдрвец (Colaptes auratus). Алабама е позната и како „Срцето на Дикси“ (Дикси е прекарот за јужните американски држави). Државно дрво е „Pinus palustris“, а државно цвеќе камелија. Главен град на Алабама е Монтгомери, а најголемиот град според население е Бирмингем. Најголемиот град според површина е Хантсвил. Најстар град е Мобил, основан од француски колонисти.
Потекло на името мини|180п|десно|Подрачјето од каде што потекнува Мускогианскиот јазик. Американските староседелци од Алабама, по потекло од племето Мускогијан („Muskogean“) чии членови живееле само покрај сливот на реките Куса и Талапуса и до горниот дел на реката Алабама, послужиле како извор на етимолошки имиња на реките и државата. На алабамски јазик зборот за жител на Алабама е „Албамо“ („Albaamo“) (или на различни дијалекти, „Албама“ („Albaama“) или „Албамо“ („Albàamo“), a множината за личност од Алабама е „Албамаха“ („Albaamaha“) ). Зборот „Алабама“ се верува дека потекнува од чоктовскиот јазик, за подоцна да биде присвоено од племето Алабама како нивно име. Правописот на зборот често варира во завнисност од изворите. Првата употреба на овој збор се појавува на три места од експедицијата на Ернандо де Сото од 1540 со Гарсиласо де ла Вега користејќи го изразот „Алабамо“, додека, пак, витезот од Елваз и Родриго Ранхел ги напишале „Alibamu“ и „Limamu“. Во почетокот на 1702, племето на Французите им било познато како Алибамон, што било откриено со помош на француска мапа на која била реката идентификувана како „Rivière des Alibamons“. Во други правописи се вклучени: Алибаму, Алабамо, Албама, Алебамон, Алибама, Алибамоу, Алабаму.The use of state names derived from Native American languages is common; an estimated 27 states have names of Native American origin.
Иако потеклото на Алабама можело да се препознае, изворите не се согласувале со неговото значење. Една статија од 1842 во „Jacksonville Republican“ вели дека идејата потекнува од значењето „ние тука почиваме“ или на англиски „Here we Rest“. Овој поим бил населен во 1850-те преку пишувањата на Александар Бјуфорт Мик. Експертите на мускогианските јазици не биле во можност да најдат некои докази за поддршка на овој превод на името. Научниците веруваат дека зборот доаѓа од чоктовските изрази „alba“ (што значи „растенија“ или „треви“) и „amo“ (што значи „да се сече“, „да се намали“ или „да се соберат“). Значењето може да биде „чистачи на шумата“ или „собирачи на билки“ што може да потенцира на чистење на земјиштето за култивација или за собирање лековити растенија.
Историја
Домородни народи, рана историја Домородните народи од различни култури живееле во оваа област илјадници години пред Европската колонизација. Трговијата со североистокот преку реката Охајо почнала во текот на периодот „Burial Mound Period“ (1000 п.н.е-700 н.е) и продолжила сè до Европската колонизација на Америка. Аграрската култура на Мисисипи била пренесена во поголемиот дел од државата од 1000 до 1600 година од новата ера, со главно седиште во близина на Маундвил, Алабама. Анализата на артефактите од археолошките истражувања во Маундвил биле основата на научниците при формулирањето на одликите на „југоисточниот Церемонијален Комплекс“ („Southeastern Ceremonial Complex“ ). Спротивно на популарното верување, произлегува дека Церемонијалниот комплекс нема директни врски со Мезоамериканската култура, туку дека се развиле независно. Церемонијалниот Комплекс претставува важна компонента во религијата на народот од Мисисипи; тоа е едно од примарните значења според кое религијата е сфатена.
Меѓу историските племиња на индијанците кои живееле во областа на денешна Алабама во времето на Европската колонизација имало и Чероки кои зборувале на Ирокески јазик и Алибаму, Чикасо, Чокто, Крик, Коасати и Мобили кои зборувале на Мускогианските јазици..
Европски населби Французите ја основале првата европска населба во регионот Олд Мобил во 1702. Областа била француска од 1702 до 1763, а потоа дел од Британската Западна Флорида од 1763 до 1780. Томас Басет бил првиот Британски колонист во државата. Тој се населил во близина на тоа што е денес реката Томбигби во округот Вашингтон. Алабама стана дел од Шпанската Западна Флорида од 1780 до 1810, а потоа дел од независната Република Западна Флорида на кратко време, односно 90 дена, бидејќи била одземена од САД и додадена во Територијата Орлеанс (1810), за конечно да биде додадена на Територијата Мисисипи во 1812. Во текот на овие подоцнежни случувања Шпанците поседувале владино присуство во регионот со седиште надвор од Мобајл. Кога силите на Ендру Џексон го окупирале Мобајл во 1814 (додека се спремале за битката на Њу Орлеанс), го демонстрирале авторитетот на САД во регионот, делотворно уништувајќи ја Шпанската влада.
Областа која денес ја сочинува северна и централна Алабама, познат како земјишта Јазу, била земена од провинцијата Џорџија по 1763. Следејќи ја Американската револуција, Алабама останува дел од државата Џорџија, иако во голема мера тоа било оспорувано. Спротивставените тврдења за оваа област произлегуваат најпрво од неколку индијански племиња (најзабележливи се Чероки и Јазу), од други држави (на пр. Јужна Каролина) и од федералната влада на САД, Британија и Шпанија. Во 1802 регионот се приклучил кон Територијата Мисисипи. Поединечното доделување на државност било одложено со недостаток на територијата при крајбрежјето.
Државност, граѓанска војна и реконструкција Алабама стана 22 држава призната од унијата во 1819. Уставот, на дел од граничната линија во 1820-те и 1830-те, обезбедил право на глас на белите луѓе. Доселеници брзо пристигнувале за да ги искористат предностите на плодната почва. Југоисточните плантажери и трговци од Горниот Југ носеле робови со нив во тек со проширувањето на памучните плантажи. Економијата во централниот Црн појас (именуван според неговата темна, продуктивна почва) била изградена околу големи плантажи на памук чии поседувачи го зголемиле своето богатство со помош на робовската работна сила. Областа, исто така, привлекла и многу сиромашни, безимотни луѓе, односно фармери кои одгледувале доволно храна за да можат да си ја прехранат само фамилијата. Записите од пописот во 1860 покажуваат дека поробените Африканци сочинуваат 45% од вкупното население на државата од 964,201 жител. Во Алабама имало само 2,690 законски ослободени робови кои тука живееле во тоа време.
На 1 јануари 1861, Алабама се отцепила од унијата и се придржиле на Конфедеративните Држави на Америка. Додека во државата биле одржани неколку битки, Алабама придонела 120,000 војници во американската граѓанска војна. Робовите во Алабама биле ослободени со 13-от амандман во 1865. Во текот на реконструкцијата, новите државни законодавци, за првпат, создале државен школски систем како и некои социјални институции за помош на жителите. Алабама официјално била вратена во унијата во 1868.
По граѓанската војна државата сè уште била претежно земјоделска со економија „потпрена“ врз памукот. Поседниците давале отпот на слободата на трудот за време на реконструкцијата и се залагале за повторно воспоставување на контрола врз поранешните ослободени робови. Во раните години Кју Клукс Кланот имал бројни независни акции во Алабама за напаѓање на ослободените робови и други државјани. Откако биле поттиснати, бунтовничките белци организирале паравоени единици како „Red Shirts“ и „White League“ кои делувале поотворено при истиснувањето на црните гласачи.
мини|250п|лево|Оваа плоча ги поздравува возачите кои ја посетуваат Алабама преку „Interstate 20“ 1900-1960 Во нејзиниот нов устав од 1901, законодавното тело делотворно ги обесправило афроамериканците преку гласачки рестрикции. Додека плантажерите ги ангажирале сиромавите белци за поддршка на овие законски напори, новите рестрикции резултирале и со обесправување на истите. Законот останал запишан неколку декади. До 1941 повеќе белци од црнци виле обесправени: 600,000 белци и 520,000 црнци.Glenn Feldman. The Disfranchisement Myth: Poor Whites and Suffrage Restriction in Alabama. Athens: University of Georgia Press, 2004, p. 136.
Штетата врз афроамериканската заедница биле во големи размери, па приближно сите нејзини жители го изгубиле правото на глас. Во 1900, четиринаесет окрузи од Црниот појас (кои примарно биле афроамерикански) имале повеќе од 79,000 гласачи на изборите. До 1 јуни 1903, бројот на регистрирани гласачи бил намален на 1,081. Во 1900 Алабама имала повеќе од 181,000 афроамериканци со право на глас. До 1903, 2,980 жители ги исполнувале условите за право на глас, иако најмалку 74,000 црни гласачи биле писмени. Обесправувањето било прекинато од афроамериканците водејќи го движењето на граѓанските права и добивајќи федерална легислатива во средината на 1960-те за заштита на нивните граѓански права. Актот за правата на гласање од 1965, исто така, ги заштитило и правата на гласање на сиромашните белци.
За доминантинте провинциски области, законодавниот дом обезбедил училишта и услуги за обесправените афроамериканци во изолираната држава, но не ги ослободи од плаќање такса. Расната дискриминација, земјоделската депресија и пропаѓањето на памучниот бизнис продолжиле што поттикнало десетици илјади афроамериканци да бараат нови можности во северните градови. Тие ја напуштиле Амабама во раните години на 20 век како дел од големата афроамериканска миграција за да најдат индустриска работа и подобра иднина во северните индустриски градови. Стапката на раст на популацијата во Алабама се преполовила во однос на 1910-1920.
Во истиот период, многу бели и црни провинцијалци се преселиле во градот Бирмингем за работа во новите развиени индустрии. Градот доживеал толку брз раст на населението поради што го добил прекарот „Волшебникот град“. До 1920-те Бирмингам бил деветнаесеттиот најголем град во САД и одржувал повеќе од 30% од населението во државата. Тешката индустрија} и рударството биле основата на економијата.
1960-денес И покрај големите популациони промени во државата од 1901 до 1961, руралнте законодавни домови одбиле да учествуваат во сенатот во кој добиле место врз основа на популацијата. Тие се придржуваа до старото одржување на политичката и економска моќ во земјоделските области.
Округот Џеферсон, во кој бил економскиот и индустрискиот центар на Бирмингем, учествувал со повеќе од една третина од целиот приход од такси на државата, но не добил пропорционален износ во услугите. Урбанистичките интереси биле недоволно застапени во законодавството. Студија од 1960 тврди дека поради руралната доминација „Мал број, од околу 25% од вкупното население на државата, било во поголема контрола на законодавството на Алабама“.