Постмодернизам или постмодерна — правец во западната култура, во доменот на уметноста, книжевноста, филозофијата и архитектурата, особено популарен во 80-тите години на XX век како реакција на модернизмот, кој се одликува со комбинирање на стари и нови стилови. Ruth Reichl, Cook's November 1989; American Heritage Dictionary's definition of "postmodern"
Терминот постмодернизам првпат го употребуваат Џон Воткинс Чапман во 1870 година, Џ.М. Томпсон во 1914 и Рудолф Панвиц во 1917 година. Терминот заживува во периодот околу 1920 година и се користи за новите појави во уметноста, подоцна и во архитектурата, филозофијата, итн. Постмодернизмот предизвикал голем број полемики, научни истражувања и анализи. Сè уште постојат различни толкувања како за користење на терминот, неговото значење, така и за неговиот придонес во надминувањето на колективната депресија во наведените области. Како основни одлики на постмодернизмот можат да се издвојат:
реакција на потребата за напредок и објективноста кон кои тежнее модернизмот; верување дека сè е релативно и субјективно: искуството, моралот и културата; прифаќање на светските процеси за отстварување на идејата за глобално село со активна примена на децентрализација и плурализам; верување дека во светот доминираат мас-медиуми кои се неоригинални, несериозни и неодговорни, што предизвикува прифаќање на иронија и сатира како пригоден начин на изразување; претпочитање на стилска поединечност и стилски плурализам.
Постмодернизмот се одликува со негирање на објективната вистина и светската култура, акцентирајќи ја улогата на јазикот, моќните врски и мотивации, најстрого ги критикува острите поделби на мажи и жени, хетеросексуалци и хомосексуалци, бели и црни, власт наспроти колонијализам. Постмодернизмот ја поттикнува појавата на многу културни области како книжевната критика, лингвистиката, архитектурата, визуелните уметности и музиката. Постмодернистичкиот став е намерно отстапување од модернистичките пристапи, кои доминирале во минатото. Поимот постмодернизам произлегува од одбивањето на модерната научна психа што се развила за време на просветителството. Ако модернизмот се поврзува со идентитетот, единството, авторитетот и прецизноста, постмодернизмот се поврзува со разликата, разграничувањето,текстуалноста, скептицизмот.
Историја на поимот Поимот најпрвин се употребува во 1870-тите години, во неколку области. На пример, Џон Воткинс Чапман се појавува со постмодернистичкиот стил на сликање за да го надмине францускиот импресионизам. Потоа, Џ.М. Томпсон, во неговиот прилог од 1914 година во весникот Хиберт (делумно филозофски преглед), ги опишува промените во ставовите и верувањата во критиката на религијата: Суштината на постмодернизмот е да се избегне подвоуменоста на модернизмот со тоа што ќе биде доследен во својата критика и ќе ја спроведе истата во врска со религијата, теологијата, католичката практика, како и со католичката традиција(постмодернизам, Џ.М Томпсон, весник Хиберт издание бр. XII, 4 јули 1914, стр. 733). Во 1917 Рудолф Панвиц со помош на поимот ја опишува филозофски ориентираната култура. Сликата на Панвиц за постмодернизмот произлезе од анализата на Ниче на модерната и неговото докрајчување на декаденцијата и нихилизмот. Резултатот на надминувањето на модерниот човек претставува постмодерниот човек. Сепак, за разлика од Ниче, Панвиц исто така вклучува и националистички и митски елементи.
Поимот подоцна беше употребен во 1926 година од Б.И. Бел во неговото дело Посмодермнизмот и други работи. Во 1921 и 1925 година, постмодернизмот ги отсликувал новите облици на ликовната уметност и музиката. Во 1942 година, Х.Р. Хејс го употребил како нова литературна форма, но како општа теорија на историски елемент кој за првпат бил употребен во 1939 година од страна на историчарот Арнолд Џ. Тојнби: Нашата постмодерна ера произлезе од општата војна од 1914 до 1918 година.
десно|мини|Зграда Портланд (1982), од архитектот Мајкл Грејвс, пример на постмодернистичка архитектура Во 1949 година поимот бил искористен да го изрази незадоволството со модерната архитектура, и довел до постмодернисичко движење во архитектуратаEncyclopædia Britannica, 2004. Постмодернизмот во архитектурата бил обележан со повторното појавување на површинските декорации, поврзаноста со околните градби во урбаната архитектура, историската поврзаност со декоративните форми и неправите агли. Може да се смета и како одговор на модернистичкото движење во архитектурата познато како интернационален стил.
Поимот се однесувал на цела група движења, од кои многу се вбројувале во ликовната уметност, музиката и литературата, кои дејствувале против модернизмот, и кои типично биле обележани со препородувањето на традиционални елементи и техники. Волтер Трует Андерсон го означил постмодернизмот како еден од четирите типолошки ставови. Четирите светски ставови се: постмодернистичката иронија, според која вистината е општествено изградена, научно-рационалната каде што вистината е врз основа на систематските и дисциплинските истражувања, општествено традиционалната во која вистината е врз основа на наследството од американските и западните цивилизации и неоромантичарската во која вистината се поврзува со одржувањето на хармонијата со природата и/или духовното проникнување на внатрешното себство.
Влијание и разграничување од постмодерноста Постмодернистичките идеи во филозофијата и анализите на културата и општеството ја проширија важноста на критичната теорија и беа појдовни точки за книжевните дела , архитектурата и дизјанот како и во маркетинг/бизнисот и историјата, правото и културата, со почеток во доцниот 20 век. Овие случувања – промената на целиот западен систем на вредности, (љубов, брак, популарна култура, промена на индустриската во економија на услуги) која се одвиваше во 1950 и 1960години, достигнувајќи го врвот во Социјалната револуција во 1968 година, се опишуваат со поимот постмоденост, кој е во спротивност на постмодернизмот, поим кој се однесува на мислење или правец. Каде што да се биде -постмодернист- ќе биде дел од движењето, да се биде постмодерен ќе се случи во периодот од 1950, што го прави да биде дел од современата историја.
Многу академици го поврзуваат поимот постмодернизам со различни, дури и спротивни концепти. Во следнава листа се вклучени формални дефиниции за поимот понудени од повеќе речници: Мал англиски речник Оксфорд - Стил или концепт во уметноста кој се одликува со сомнеж во теориите и идеологиите и со одвратување на вниманието од нормите. Миријам-Вебстер - Што потекнува од , или е во врска со периодот кој следува по периодот на модернизмот- или – што потекнува од, или е во врска со различните движења како реакција против модернизмот кои се одликуваат со враќањето кон традиционалните материјали и форми (во архитектурата) или со ироничното само- разоткривање и апсурдноста (во литературата)- и на крај – во врска со теоријата која го вклучува радикалното преродување на модерните претпоставки за културата, идентитетот, историјата или јазикот- . Речник Американ херитеџ - Што потекнува од или е во врска со уметноста, архитектурата или литературата која се спротивставува на раните модернистички начела, како преку преродување на традиционалните или класични елементи на стилот или преку доведување на модернистичките стилови или гледишта во крајни граници.
Употреба и опсег на концептот за постмодернизмот Поимот постмодерно и неговите изведенки имаат широка примена, со некои употреби кои очигледно се спротивставуваат на другите. Одредени писатели како Дик Хебдиџ тврдат дека постмодерно е само помодарски збор без некое одредено значење. Во своето дело Криејќи се во светлината , Хебдиџ-пишува:
Со овозможувањето на луѓето - уреденоста на собата, дизајнот на зградата, содржината на филмот, на компилацијата, на спотот, на телевизиската реклама, документарецот за уметноста, или интертекстуалните односи помеѓу нив, статијата на страна од модно списание или критичарско списание, антителеолошката тенденција во епистемиологијата, нападот врз -метафизиката на постоењето-, општото ослабување на чувството, групното разочарување и морбидните прикази на пост- воената генерација, на зачетниците кои се спротивставуваат на растроениот среден век, предвидливоста на рефлексивноста, збирот од реторички тропи, распространувањето на површини, новите фази на фетишизмот во сопственоста, воодушевувањето од сликите, знаците и стиловите, процесот на културното, политичкото и егзистенцијалното разграничување и/или криза, децентрализирањето на темата, скептицизмот кон мета приказните, заменувањето на уникалните оски на силата со мноштвото од силни дела за обраќање, наведувањето на значења, рушењето на културните хиерархии, заплашеноста отелотворена преку заканата од јадреното само- уништување, обезначувањето на школите, функционирањето и ефектот на новите модерни минијатурни технологии, пространите социјални и економски преминувања во медиумска, потрошувачка и мултиетничка фаза, чувство (во зависност од авторот) на беспросторност или напуштање на беспосторноста (критичен регионализам), или (дури и) воопштено заменување на просторните со временски координати, - да ги опишат сите овие работи како постмодерни (или едноставно да ја употребат кратенката „пост“ или „многу пост“ тогаш станува јасно дека се работи за помодарски збор.
Во делото за историјата на поимот и неговото сфаќање ,на британскиот историчар Пери Андерсон - Потеклото на постмодерноста- се објаснети овие очигледни спротивставености и се прикажува важноста на постмодернизмот како категорија и феномен во анализата на современата култура.
Развојот на постмодернизмот Движењето постмодернизам започна со архитектурата, како реакција против забележливата монотоност, непријателство и идејалност на модерното движење. Модерната архитектура, воспоставена од страна на Валтер Гропиус, Ле Корбизје и Филип Џонсон, се концентрираше на трагањето по идеално совршенство, хармонија во формата и функцијата и отстранувањето на површните декорации. Критичарите на модернизмот сметаа дека самите состојќи на совршеноста и минимализмот беа субјективни, и го нагласуваа анахронизмот во модерната мисла и ги ставаа во прашање придобивките од самата филозофија.Потполната архитектура, како на пример делата на Мајкл Грејвс ја избегнува употребата на чиста- форма или совршени архитектонски детали, и наместо тоа забележително ги става на располагање сите материјали, форми и бои кои се достапни за архитектите. Постмодерната архитектура се вбројува меѓу првите естетски движења кои отворено му се спротивставуваат на модернизмот како застарен и тоталитарен- , претпочитајќи го личниот избор и мнозинството во спротивност на објективноста, крајната вистина или принципи. Ваквата клима на критичност, скептичност и посочување на различноста како спротивност на единството е белег на многу постмодернистички гледишта. Постмодернистичка литература Литературниот постмодернизам официјално беше крунисан во САД при првото издание на весникот boundary 2 поднасловен како Весник на постмодерната литература и култура кој излезе од печат во 1972 година. Дејвид Антин, Чарлс Олсон, Џон Кејџ и Back Mountain College школата за поезија и уметности беа значајни фактори во уметничкото спроведување на постмодернизмот во тоа време. Boundary 2 останува влијателен весник во постмодернистичките кругови сè до ден денес. Во останатите литературни фактори кои ја основаат постмодерната култура се вклучени: Хорхе Луис Борхес, кој експериментирал во метафикцијата и магискиот реализам. Вилијам С. Бароу, кој го напишал постмодерниот роман Гол ручек како прототип, и ја развил шемата (слично на Како да се направи дадистична поема, на Тристан Цара) за создавање на други поеми како Нова експрес. Семјуел Бекет се обидел да избега од сенката на Џејмс Џојс концентрирајќи се на пропаста на јазикот, шизофренијата, и човечката несособност за надминување на сопствената состојба, теми за кои подоцна ќе се расправа во Чекајќи го Годо.