Симон Дракул — македонски раскажувач, романописец, драмски автор, сценарист, историчар и преведувач.

Животопис мини|лево|220px|Биста на Симон Дракул во Лазарополе

Роден е во Лазарополе на 24 септември 1930 година. Поради италијанско-албанската окупација, тој се школувал со прекиниГеорги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 113. при што учел во учел во Охрид и во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филозофски науки. Работел во весниците „Млад борец“ и „Нова Македонија“, бил уредник во издавачката куќа „Кочо Рацин“ и директор на драмата во Македонскиот народен театар во Скопје. Исто така, бил член на редакцијата на списанието „Современост“, научен советник во Институтот за национална историја на Македонија и претседател на ДПМ, чиј член бил почнувајќи од 1953 година. Починал во Скопје на 11 јануари 1999 година.

Творештво Дракул најчесто обработувал теми и мотиви од селскиот живот, а неговите дела се одликуваат со прекрасни пејзажи кои речиси секогаш се спротивставени на мачниот живот на луѓето.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 113.

Библиографија

Планините и далечините (раскази, 1953) Витли во поројот (раскази, 1956) И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957) Белата Долина (роман, 1962) Буни (триптих: повест, роман, драма, 1980) Распаќа (раскази, 1985) Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988) Или смрт, (тетралогија): Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место (1989), Жедна месечина (роман, 1997), Апостол војводата (монодрама, 1998)

Награди

„Кирил Пејчиновиќ“ „Рациново признание“Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 81.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Луѓе од Лазарополе Категорија:Македонски романописци Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“