Општествени науки се група на академски дисциплини што ги проучуваат човечките аспекти на светот. Тие се засноваат на примена на научни методи во изучувањето на човечката средина. Исто така се познати како меки науки.
Психологија го изучува човечкиот ум и однесување; социологија го разгледува човечкото општество и човечките врски остварени во неговите рамки; политичките науки го изучуваaт владеењето на различните групи и земји; комуникација - текот на дискурсот низ различните медиуми; а економија ги разгледува производството и распределбата на богатство во општеството.
Основни општествени науки
Антропологија Географија Економија Историја Комуникологија Лингвистика Политички науки Право Психологија Социологија
Овој напис е за науката што ги проучува општествените групи. За интегрирана научна област кое има за цел да промовира граѓанска способност, погледнете Општествени студии. Науката за општеството е област која се занимава со општеството. Терминот “Општествена наука” честопати се користи како повеќезначен термин кој се однесува на плуралноста на области надвор од природните науки, обично специјално за администативни или раководствени науки. Меѓудругото, овие вклучуваат : антропологија, археологија, криминологија, економија, образование, влада, лингвистика, меѓународни односи, политички науки, социологија, географија, историја, право и психологија. Сепак, терминот може да се употреби во конкретен контекст кој се однесува на социологијата, наука воспоставена во XIX век како прва наука која ќе го проучува општеството. Според оваа дефиниција, Емил Диркeм, Карл Маркс и Макс Вебер се сметаат за главните архитекти на современата општествена наука. Позитивистите користат методи на поистоветување на тие од природните науки што се користат како алатки за разбирање на општеството, и според тоа се залагаат за дефинирање на науката во нејзиниот построг модерен пристап. Спротивно на нив, преведувачите може да ја употребуваат општествената критика или интерпретација на симболите наместо градење на емпириски лажни теории, и според тоа да ја третираат науката во нејзината поширока смисла. Во современата академска практика, истражувачите се честопати филозофски настроени, користејќи многукратни методологии ( на пример со комбинирање на квантитативните и квалитативните техники). Поимот општествено истражување исто така има потреба од автономна диплома како што практичарите од различни дисциплини ги делат своите цели и методи.
Историјата на науката за општеството Главен извор: Историја на општествената наука и Историја на социологија
Историјата на општествената наука започнува со корените на античката филозофија. Во античката историја, немаше разлика меѓу математиката и проучувањето за историјата, поезијата или политиката. Ова единство на науката како описни остатоци и изведени разгледувања на аксиоми создаде научна рамка.
Годината на просветителството создаде револуција во естествената филозофија, менувајќи ги основните рамки преку кои поединците го подразбираа научното. Во некои правци, забрзаниот тренд на математичките студии предвидуваше реалност независна за набљудувачот и се одвиваше по сопствени правила. Општествените науки прозилегоа од моралната филозофија на времето и беа под влијание на годините на револуција, како што се Индустриската револуција и Француската револуција. Општествените науки се развија од науките ( експериментални и применети), или од основите на систематичното знаење или утврдената практика, која се поврзува со општествениот напредок на група интерактивни битија. Почетоците на општествените науки во XVIII век се одраз на неколку големи енциклопедии на Дидро,кои содржат статии на Русо и други пионери. Исто така, растот на општествените науки се одразува во други специјализирани енциклопедии. Периодот на модернизмот забележа прва употреба на поимот “општествена наука” како посебно концептуално поле. Општествената наука е под влијание на позитивизмот, со фокус на знаење кое се заснова на реалното позитивно сетилно искуство и го избегнува негативното, a метафизичките претпоставки се отфрлаат. Огист Конт го употребува поимот “наука за општеството” за да ја објасни областа, преземено од идеите на Шарл Фурје. Исто така, Конт е познат по областа на општествената физика.
Овој период го следат 5 правци на развој што настанаа од општествените науки, под влијание на Конт или другите области. Еден правец што беше преземен беше подемот на општественото истражување. Големи статистички истражувања се извршија во неколку делови во САД и Европа. Друг правец што произлезе беше инициран од Емил Диркем, кој ги проучуваше “општествените факти” и Вилфредо Парето, кој ги зачна метатеоретските идеи и индивидуализмот. Третото значење кое се разви, прозилезе од методолошката поделба на сегашноста, со која општествениот феномен беше идентификуван и разбран. Ова беше извојувано од страна на фигури како Макс Вебер. Четвртиот правец, кој се темели на економијата, беше развиен и промовиран во економско знаење како тешка наука. Последниот правец беше корелација на знаење и општествени вредности, антипозитивизмот и интерпретативната социологија на Макс Вебер цврсто инсистираа на ова одделување.Во овој правец, теоријата ( опишувањето ) и препишувањето не ги преклопија формалните дискусии за субјектот.
Со пресвртот во 20 век, филозофијата на просветителството беше предизвикана во неколку наврати. По употребата на класичните теории уште од почетокот на научната револуција, неколку области ги заменија математичките студии со експериментални студии и ги проучуваа изедначувањата за да изгредат теоретска структура. Развојот на подобластите на општествените науки стана методолошки многу квантитативен. Спротивно, интердисциплинарната и интегративната научна природа истражуваа за човечкото однесување и социјалните и факторите на опкружување и направија многу природни науки да се заинтересираат за некои аспекти од методологијата на општествената наука. Примерите на ограничената неразграниченост издигна дисциплини како научното истражување на медицината, социобиологијата, невропсихилогијата, биоекономијата со историјата и социологија на науката. Квантитативното истражување и квалитативните методи зголемено се интегрираа во науката за човечката дејност и нејзините импликации и последици. Во првата половина на XX век, статистиката стана самостојна дисциплина на применета математика. Статистичките методи беа користени доверливо.
Во современиот период, Карл Попер и Талкот Парсонс го определија напредокот на општествените науки. Истражувачите продолжуваат да истражуваат за соединет консензус на тоа каква методологија може да ја има моќта и способноста да поврзе една предложена “севкупна теорија” со неколку подтеории кои со значителен успех, продолжуваат да обезбедат употребливи рамки за масивни, растечки бази на податоци. За повеќе, погледнете случајност. Во сегашноста пак, различни области на општествената наука напредуваат на милјарда начини, зголемувајќи го целокупното знаење за општеството. Во блиска иднина, општествената наука ќе се содржи од различни зони на истражување и примарни разлики во пристапот кон областа. Поимот “општествена наука”, може да се однесува и на конкретни науки за општеството основани од мислители како Конт, Диркем, Маркс и Вебер или поопшто на сите дисциплини надвор од благородните науки и уметноста. До крајот на XIX век, академските општествени науки беа сочинувани од пет области: право и изменување на законот, образование, здравство, економија со тргување и уметност. Во пресвртот на XXI век, опсежната економска област во општествената наука беше опишана како економски империјализам.
Гранки на општествената наука Дисциплините на општествената наука се гранки на знаење кои се предавани и истражувани на ниво на колеџ или универзитет. Дисциплините на општествената наука се дефинирани и признаени од академски весници во кои истражувањето е објавено, и научени од општество на општествената наука и академски оддели или факултети на кои нивните практиканти припаѓаат. Научната област на општествената наука обично има неколку под-дисциплини или гранки, и линиите по кои овие се разликуваа често се произволни и двосмислени.
Антропологија Главна статија: Антропологија
Антропологијата е севкупна “наука за човекот”, наука на целокупноста на човечкото постоење. Дисциплината се занимава со интеграција на различни аспекти на општествената наука, хуманизмот и човечката биологија. Во XX век, академските дисциплини често биле институциски поделени на три широки области. Природните науки се обиделе да ги изведат општите права низ репродукциски и потврдливи експерименти. Хуманистите претежно ги проучувале локалните традиции, низ нивната историја, литература, музика и уметност со акцент на разбирање на конкретни поединци, настани или ери. Општествените науки се обиделе да развијат научни методи за разбирање на општествениот феномен на еден општ начин, обично низ методи различни од оние на природните науки.
Антропологиските општествени науки лесто развивале нијансирани описи за разлика од општите права изведени од физиката или хемијата, или тие можеле да ги објаснат поединечните случаи низ поопшти начела, како и во многу области на психологијата. Антропологијата , ( како некои области на историја) не се вклопува лесно во овие категории, а различни гранки на антропологијата привлекуваат една или повеќе од овие области. Во САД, антропологијата е поделена на четири подобласти: археологија, физичка или биологиска антропологија, антропологиска лингвистика и културна антропологија. Тоа е област која е понудена во најголем број на колеџи или универзитети. Зборот антропос е изведен од грчкиот збор што означува “човечко суштество” или “персона”. Ерик Вулф ја опиша социокултурната антропологија како “најнаучната од хуманизмот, и најхуманистичката од науките”.
Целта на антропологијата е да обезбеди холитичка сметка за луѓето и човечката природа. Ова значи дека, иако антропологистите генерално специјализацираат во само една подобласт, тие секогаш ги имаат на ум биолошките, лингвистичките, историските и културните аспекти на било кој проблем. Откако антропологијата се разви како наука во западните општества што беа комплексни и индустриски, поголем тренд во рамки на антропологијата беше методолошкиот двигател да се проучуваат луѓе во општества со поедноставна општествена организација, понекогаш во антрополошката литература наречени “примитивни”, но без никакви конотации или “подредености”. Денес, антропологистите користат поими како “помалку комплексни” општества и се однесуваат на луѓе кои живеат во неиндустриски, незападни култури, како луѓе или народ ( ethos) кои предизвикуваат голем интерес во антропологијата. Потрагата за холизам, најголемиот дел антропологисти ги води на проучување на луѓето во детали, притоа користејќи биогенетски, археологиски и лингвистички подагоци при директно набљудување на современите обичаи. Во 1990-тите и 2000тата, беа слушнати повици за разјаснување на она што го формира општеството и како еден набљудувач знае каде неговата или нејзината култура завршува и друга започнува, и други суштински предмети во пишаната антропологија. Можно е да се согледаат сите човечки култури како дел од една голема, развина глобална култура. Овие динамични врски, меѓу она што може да биде набљудувано на земјата, како спротивно на она што може да биде набљудувано со соединување на многу локални надгледувања останува основно во било кој вид на антропологија, било дали е културна, биологиска, линвистичка
Економија http://en.wikipedia.org/wiki/Economics Главна статија: Економија