мини|десно|Томе Арсовски Томе Арсовски (, - , ) — македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор.
Животопис Завршил Филолошки факултет во Скопје, на насоката по славистика (руски јазик и литература). Работел над 30 години како драматург во Македонската радио-телевизија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, каде членувал од 1959 година. Во еден мандат бил и претседател на Македонската писателска асоцијација.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 30.
Творештво Арсовски е најпознат како драмски писател — тој е автор на повеќе од 20 драми. Во неговите дела постои широка лепеза на теми и мотиви.Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 81.
Библиографија Грст смеа (поезија, 1958) Александра (драма, 1958) Празник на птиците (драмска етида, 1959) Непребол (поема, 1961) Парадоксот на Диоген (драма, 1961) Грст среќа (телевизиска драма, 1962) Матурска вечер (драма, 1964) Стотиот чекор (телевизиска драма, 1964) Обрачи (драма, 1965) Грдиот Нарцис (телевизиска драма, 1964) Бумеранг (комедија, 1969) Чекор до есента (драма, 1969) Коктел за четворица (телевизиска драма, 1970) Парадоксални раскази (раскази, 1972) Залез над езерската земја (телевизиска драмска серија, 1973) Убавината чекори сама (комедија, 1974) Скок преку кожа (драма, 1976) Исповед на таксистот (монодрама, 1979) Излез во случај на опасност (драми, 1989) Благиот допир на љубовта (драма, 1984) Патување во Таџетакомо (роман за деца, 1980) Зена, ќерка на ѕвездите (роман за деца, 1988) Арис или прва љубов (роман за деца, 1989) Климент Охридски (историски роман, 1989) Кристална планета (роман за деца, 1990) Куќа на четири ветра (роман, 1991) Смешни и превртени песни (поезија за деца, 1991) Петтиот ветар (раскази, 1992) Подводен град (роман за деца и млади, 1993) Телефонот е во прекин (роман за млади, 1993) Диско - штурец (поезија за деца, 1993) Супер девојче (роман за млади, 1994) Нешто убаво ми се случува (роман, 1996) Пурпурно поле (поема, 1996) Дедо Мраз и феферони (комедија за деца, 1997) Марко Крале и Феферона (весела сценска игра за деца, 1997) Дарко Фокси спиди Гонсалес (весела сценска игра за деца, 1998) Жената со птичја глава (раскази, 2000)
Награди „11 Октомври“ „13 Ноември“ (за животно дело) „Златно перо“ „Кочо Рацин“ на Културно-просветната заедница на Македонија и на Авторско-правната агенција на Македонија „Климент Охридски“
Наводи
Категорија:Луѓе од Косовска Митровица Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски романописци Категорија:Југословенски преведувачи Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Претседатели на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Македонци во Србија Категорија:Македонци во Косово