Киро Поповски ( во — во ) ― македонски правник, политичар, основоположник и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија.

Животопис Поповски е роден во тетовското село Вратница на 13 април 1942 година. Гимназијата ја завршил во Скопје и дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1965 година. Како младинец, бил претседател на Градскиот комитет и претседател на Претседателството на ЦК на Сојузот на Социјалистичката младина на Македонија, а потоа секретар и претседател на Советот на ССМ, претседател на Извршниот одбор на Републичката СИЗ за физичка култура, претседател на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем, член на Одборот за прашања од областа на општественото уредување, безбедноста и односите со странство, член на Комисијата за прашања од општествено-политичкиот систем на Извршниот совет на Собраниет на СРМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Републичката конференција на ССРНМ, основоположник и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија (22 септември 1990 - јули 1995) и потпретседател на Собранието на Македонија од 1991 до 1995 година.

Бил оженет со Златка Поповска поранешен потпретседател на Владата на Бранко Црвенковски од 1994 до 1998 година, кадар на Социјалистичката партија. Починал во Скопје на 29 октомври 1995 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Вратница Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски правници Категорија:Југословенски политичари Категорија:Југословенски правници Категорија:Политичари од СПМ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје