Хисен Рамадани (албански: Hisen Ramadani; Пирок, Тетовско, - во ) — македонски политичар и политиколог.

Животопис

Рамадани е роден во тетовското село Пирок на 3 јануари 1933 година. Дипломирал на Високата школа за политички науки во Белград. Бил учител, наставник, директор на основно училиште и просветен советник во Околискиот завод за школство во Тетово, член на Околискиот комитет на СКМ во Тетово, член на Општинскиот комитет на СКМ и претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ во селото Жеровјане. Подоцна бил член на ЦК на СКМ, раководител на Комисијата за идеолошко образование и член на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, пратеник во Собранието на СРМ и на СФРЈ, член на Универзитетскиот совет, член на Редакцискиот совет на веснокот „Комунист“ и секретар и потпретседател на Републичката конференција на ССРНМ, како и потпретседател на Извршниот совет на СРМ. По осамостојувањето на Македонија бил член на Партијата на албанските интелектуалци и во два мандата пратеник во Собранието на Македонија.

Починал во Скопје на 4 јануари 2012 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Пирок Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски политиколози Категорија:Македонски политичари Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Југословенски политиколози Категорија:Југословенски политичари Категорија:Пратенички состав 1994-1998