мини|десно|250п|Сцена од филмот со Благоја Спиркоски - Џумерко во улога на Коста „Оловна бригада“ — македонски игран филм од 1980 година, снимен според сценариото и во режија на Кирил Ценевски. Филмот е во производство на Вардар филм и Македонија филм од Скопје, снимен во техника на широк екран, во боја и трае 115 минути.

Екипа на филмот Главните улоги во филмот ги толкуваат Коле Ангеловски, Павле Вуисиќ, Миља Вујановиќ, Дарко Дамевски, Миралем Зупчевиќ, Ацо Јовановски, Мето Јовановски, Благоја Спиркоски - Џумерко, Данчо Чевревски и Илија Џувалековски. Снимател на филмот е Драган Салковски, директор на фотографијата е Мишо Самоиловски, а музиката ја напиша Илија Пејовски.

Улоги Глумец УлогаМиралем Зупчевиќ Лазар Дарко Дамевски Благоја Миља Вујановиќ Душица Павле Вуисиќ Мирко Ацо Јовановски Сило Благоја Спиркоски-Џумерко Коста Мето Јовановски Петре Коле Ангеловски Стево Данчо Чевревски Диме Илија Џувалековски Љубен Мајда Тушар Маре Гоце Влахов Сабина Ајрула Марин Бабиќ Останати улоги  ▼ Глумец УлогаЉупка Џундева Нада Гешоска Димитар Гешоски Катина Иванова Душко Костовски Ѓокица Лукаревски Страшо Милошевски Александар Шехтански Фабијан Шоваговиќ Милица Стојанова Кица Ивковска Велјановска Трајче Иваноски Александар Џуровски

Содржина на филмот Дејствието се случува во зима во една рударска населба. Во рудникот работата се одвива според вообичаениот ритам, но во еден момент злокобното завивање на сирената ја прекинува работата. Тројца рудари, кои доаѓајки на работа од околните села, останале завеани во снежните сметови. Во возилото на рудникот седнува инженерот Лазар и тргнува во потрага. За еден од рударите помошта пристигнува предоцна.

Едно од окната во рудникот, окното 815, е забрането за работа. Во него е наоѓалиштето на талиумовите минерали, потребни за извршување на експериментите со сончева енергија. Инженерот Лазар е млад и принципиелен човек кој ги застапува интересите на рударите. Во Дирекцијата на рудникот, тој зборува за несоодветните работни услови на рударите и за малиот паричен надоместок што тие го добиваат. Во посета на инженерот пристигнува неговата сопруга, која живее во друг град. Нивниот брак нема перспектива. Тој како да претчувствува дека причината за нејзиното доаѓање е интересот за ретките минерали со кои таа тргува.

Во рудникот доаѓа до одрон во еден коп. Рударите се фатени во стапица. Причината за несреќата е експлозијата предизвикана од крадците на ретките минерали. Затрупаните рудари се обидуваат да најдат излез од подземните ходници. Групата се раздвојува и на тој начин уште повеќе се потенцира антагонизмот помеѓу интересите на обичните рудари и интересите на директорот на рудникот, кој исто така се наоѓа во окното за време на несреќата. Тоа е можност да се расчистат некои стари сметки помеѓу него и најстариот рудар Благоја. Конечно рударите го расчистуваат одронот и излегуваат од окното.

Награди 1980 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Мишо Самоиловски 1980 ФЈИФ, Пула, награда „Првомајска” за филм со современа тематика 1980 Награда на филмот од рударите од „Раша“, Сребрен медал на CIDALC

Наводи

Надворешни врски Оловна бригада

Категорија:Македонски филмови од 1980-тите Категорија:Телевизиски филмови Категорија:Филмови на Кирил Ценевски Категорија:Филмови со Миралем Зупчевиќ Категорија:Филмови со Дарко Дамески Категорија:Филмови со Миља Вујановиќ Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Ацо Јовановски Категорија:Филмови со Благоја Спиркоски-Џумерко Категорија:Филмови со Мето Јовановски Категорија:Филмови со Коле Ангеловски Категорија:Филмови со Данчо Чевревски Категорија:Филмови со Илија Џувалековски Категорија:Филмови со Катина Иванова Категорија:Филмови со Мајда Тушар Категорија:Филмови со Сабина Ајрула Категорија:Филмови со Марин Бабиќ Категорија:Филмови од 1980 година Категорија:Појавено во 1980 година во Македонија Категорија:Појавено во 1980 година во Југославија