За други значења видете на појаснителната страница''.

Тодор Петров (Гевгелија, ) — македонски политичар, борец за правата на Македонците низ целиот свет и претседател на Светскиот македонски конгрес.

Животопис Петров е роден на 19 март 1960 година во Гевгелија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Бил директор на Занаетчиска задруга во Гевгелија и директор на неделникот „Македонско сонце”. Од 1990-1994 година бил независен пратеник во првиот повеќепартиски парламент на Македонија, по распаѓањето на поранешна СФРЈ. Од 1990 година е претседател на Светскиот македонски конгрес. Од 2006 година беше претседател на кратковечната Македонската партија како транснационална партија.„Тодор Петров ќе промовира партија“ Во 2009 година учествуваше во кандидатската трка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, но не ја доби кандидатурата.„Ѓорѓе Иванов и Тодор Петров ги претставија своите програми пред делегатите на ВМРО-ДПМНЕ“

Живее и работи во Скопје. Зборува англиски јазик.

Наводи

Категорија:Политичари од Гевгелија Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје