Амброзија, поточно: пелинолисна амброзија () — вид инвазивни плевели, едно од најпознатите и најопасните алергени растенија во светот.
Изглед thumb|left|250px|Листови на амброзија Амброзијата е едногодишно растение со височина од 20 cm до 2 m. Коренот ѝ е вретенест, стеблото исправено, разгрането, листовите имаат јајцевиден облик, посеани со влакненца, силно разгранети, со кратки всекувања.
Пресекот на стеблото е коцкест или тркалезен.
Машките цветови се бледожолти, цевчести, собрани во полутопчести, висечки, густи цветови во облик на класје, a женските се формираат во пазувите на горните цветови, под машките, во вид на поединечни цветови.
Плодот на амброзијата претставува семе со кое таа се размножува, а семето се шири со посредство на човекот и ветерот.
Штетност Поленот на амброзијата предизвикува алергија кај 10% од луѓето. Од сите поленски алергии, поленот на амброзијата е предизвикувач во 50 до 60% од случаите. Кај најчувствителните лица, 8-20 поленови зрна во 1 m3 воздух, можат да предизвикаат силни реакции, а само еднo растение амброзија произведува 1-8 милијарди поленови зрна.
Во поленот на амброзијата се констатирани 52 соединенија кои се алергогени, од кои 6 се посебно опасни. Алергиската реакција првенствено се појавува на горните дишни патишта. Отежнатото дишење и засилената секреција се основни облици на алергијата која може во некои ситуации да премине и во астматични напади. Се почесто во светот се бележат смртни случаи предизвикани од претерана алергиска реакција на амброзија.
Амброзијата не предизвикува реакција само кај луѓето, туку и кај животните.
Штетноста на амброзијата во земјоделството е голема бидејќи таа, благодарејќи на исклучително силниот коренов систем и бујната вегетативна маса, од земјиштето троши големи количини хранливи материи, предизвикувајќи негово осиромашување.
Историја Амброзијата не е европско растение. Донесена е од Америка на некој од прекоокеанските бродови кон крајот на 19. век и од тогаш полека и незадржливо се шири низ Европа. Во моментот ја има повеќе во Европа, отколку во Америка. Зрното на поленот ја задржува ртливоста и до 40 години.
Растителност Амброзијата првенствено расте на неуредено и запуштено земјиште. Никнува од средината на април, а цвета во доцно лето и есен, од средината на јули до првите есенски мразеви. Најефикасен начин за уништување е корнењето од корен, но и негувањето ниски растенија влијае на запирањето на нејзиното распространување. Во случај на поголеми површини под амброзија, се применува и редовно косење до 5 cm над земјата, а само понекогаш и третман со тотални хербициди.Како да се уништи амброзијата хрват. Ако не се коси ниско, израснува повторно во рок од 20 дена. Во природата не ја јаде ниту еден животински вид поради горчливиот вкус.
Наводи
Надворешни врски
Опширен напис за амброзијата и нејзината алергеност во „Вечер“ од Валентина Марјановиќ
Категорија:Главоцветни Категорија:Плевели Категорија:Инвазивни растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година