Бедредин Ибраими (албански: Bedredin Ibrahimi; Мала Речица, Тетовско, ) — македонски политичар и поранешен вицепремиер и министер во Владата на Македонија од 1998 година.

Животопис

Ибраими е роден е во 1952 година во селото Мала Речица, Тетовско. Дипломирал на Универзитетот во Приштина на правниот факултет. Основач е на Народната демократска партија, а по нејзиното обединување со ДПА, избран е за генерален секретар на новата партија. Секретар е на општинскиот совет на Тетово.

Во Владата на Македонија од 1998 година бил вицепремиер и Министер за труд и социјална политика во периодот од 30 ноември 1998 до 1 ноември 2002 година. Во слените години станал член на ДИК. Во 2005 година против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на 200.000 евра. На 8 март 2019 година бил осуден на четири години и три месеци затвор предметот „Титаник 2“ на СЈО.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Мала Речица Категорија:Македонски Албанци Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1998 Категорија:Македонски политичари Категорија:Политичари од ПДП Категорија:Министри за труд и социјална политика на Република Македонија Категорија:Членови на ДИК Категорија:Вицепремиери на Македонија