мини|десно|Биста на Манчу Матак во Крушево Манчу Матак (влашки: Manchu Matak; Крушево, - Витолиште, Мариовско, ) — македонски комунист од влашка народност и учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија.Наум Наумовски, „Народниот херој Манчу Матак“ во „Бригада на братството и единството“, Скопје, 1958, 421–423''
Животопис
Манчу е роден во 1920 година во влашко семејство во Крушево. По професија бил шијач. Станал член на КПЈ во 1939 година, а во 1940 година заминал на отслужување на воениот рок во Белград.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 211
Учество во НОБ Во Априлската војна во 1941 бил заробен како војник на Кралството Југославија, но успеал да избега и се вратил во Крушево.Манчу Матак, „Бригада на братството и единството“, Скопје, 1958, 460. Како член на Месниот комитет на КПЈ во Крушево од крајот на 1941, поради учество во штрајкот на монополските работници, бил уапсен и лежел во затвор од април до јуни 1942 година.Златко Билјановски, Одредот „Питу Гули“, Скопје, 1973. Бил секретар на Организацијата на КП во Крушевскиот партизански одред „Питу Гули“, а по неговото расформирање кон крајот на 1942 се илегализирал во Крушево. Потоа се префрлил во Гостивар и стапил во партизанскиот одред „Кораб“ во пролетта 1943 година. Во борба со балистите бил заробен и спроведен во Тиранскиот затвор. По капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 станал командир на Прилепската чета во Првата македонско-косовска бригада, а потоа во Единаесеттата македонска бригада.Манчу Матак, „Втората македонска ударна бригада“, Скопје, 1973, 160–161 Загинал при напад на бункер на германските сили кај селото Витолиште, Мариовско. При нападот на партизаните, како командир на втората чета на Прилепскиот баталјон, бил погоден од снајперски куршум.Љубен Георгиевски – Љупта „Македонски Чапаев: монографија за народниот херој Илија Игески – Цветан“, Скопје, 2005, 123.
Наследство Манчу Матак бил прогласен за народен херој на Југославија на 20 декември 1951 година.Златко Билјановски, Манчу Матак, Скопје, 1975.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 215. Во негова чест училиштето во Кривогаштани го носи неговото име. Една песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година, со наслов „Духот на борецот“, е посветена на Манчу Матак.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 44.
Наводи
Категорија:Македонски Власи Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Починати во Витолиште Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Борци на Првата македонско-косовска бригада Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија