Абасидски Калифат или Абасиди (арапски: ٱلْخِلافَةُ ٱلْعَبَّاسِيَّة‎, al-Khilāfatu al-‘Abbāsīyah) — трет од исламските калифати кои го наследиле исламскиот пророк Мухамед. Династијата Абасиди потекнува од вујкото на Мухамед, Абас ибн Абд ал-Муталиб (566-653 н.е.), според кого династијата го носи своето име. Тие владееле како калифи во најголем дел од нивниот период од нивниот главен град во Багдад во денешен Ирак, по преземањето на власта над муслиманската империја од Омејадите во 750 година.

Калифатот на Абасидите во почетокот својата администрција ја имала во градот Куфа, но во 762 година калифот Ел Мансур го основал градот Багдад, во близина на главниот град Ктесифон. Периодот на Абасидите бил обележан со потпирање во преден план на персискирте бирократи (особено семејството Бармакиди) за владеење на териториите освоени од арапските муслимани, како и зголемено вклучување на неарапските муслимани во Умата. Персиските обичаи биле широко прифатени од владејачката елита и започнале да ги поддржуваат уметниците и научниците. Багдад станал центар на науката, културата, филозофијата и иновациите за време на Златното доба на исламот.

И покрај оваа првична соработка, Абасидите од крајот на 8 век ги отуѓиле неарапските мавали и иранските бирократи. Тие биле принудени да се откажат од авторитетот над ел-Андалус и Магреб до Омејадите, Мароко до династијата Идрисиди, Ифрикија до Аглабидите и Египет до шиитскиот калифат на Фатимидите. Политичката моќ на калифите во голема мера завршила со подемот на иранската Бујидска династија и Селџуците. Иако раководството на Абасидите над огромната исламска империја постепено се сведувала на церемонијална религиозна функција, династијата ја задржала контролата над своите месопотамски области.

Овој период на културно остварување завршил во 1258 година со зазимањето на Багдад од страна на Монголците под Хулегу хан. Абасидската линија на владетели и муслиманската култура воопшто, повторно се центрирала во главниот град на Мамелуците, Каиро, во 1261 година. Иако недостасувало политичка моќ, династијата продолжила да бара авторитет во религиозните прашања сè до османлиското освојување на Египет во 1517 година.

Историја Абасидска револуција (750–751)

Абасидските калифи биле Арапи кои потекнувале од Абас ибн Абд ал-Муталиб, еден од најмладите чичковци на Мухамед и од истиот клан на Бану Хашим. Абасидите тврделе дека се вистински наследници на пророкот Мухамед за разлика од потомците на Омејадите од Умаја ибн Абд Шамс, врз основа на нивната поблиска крвна линија до Мухамед.

Абасидите исто така се издвојувале од Омејадите со напаѓање на нивниот морален карактер и администрација воопшто. Абасидите исто така свое внимание обрнале и на неарапските муслимани, познати како мавали, кои останале надвор од општеството на Арапите, засновано на сродство, и истите биле сметани за пониска класа во рамките на империјата на Омејадите. Мухамед Ибн Али, правнук на Абас, започнал кампања за враќање на власта во семејството на пророкот Мухамед, Хашмитите, во Персија за време на владеењето на Умар II.

За време на владеењето на Марван II, ова кулминирало со бунтот на имамот Ибрахим, четвртиот по потекло од Абас. Поддржан од провинцијата Хорасан, Персија, гувернерот им се спротивставил, а шиитските Арапи постигнале значителен успех , но тој бил заробен во 747 година и загинал, можеби убиен, во затвор.

На 9 јуни 747, Абу Муслим, кој се издигнал од Хорасан, успешно иницирал отворен револт против владеењето на Омејадите, што се одвивало под знакот на Црното Знаме. Близу 10.000 војници биле под команда на Абу Муслим кога непријателствата официјално започнале во Мерв. Генералот Катаба го следел гувернерот на бегство Наср ибн Сајар на запад, победувајќи ги Омејадите во Битката кај Нишапур, Битката кај Горган, Битката кај Нахаван и конечно во Битката кај Карбала, сите во годината 748

Конфликтот бил преземен од братот на Ибрахим Абдала, познат под името Абу ал-Абас ас-Сафах, кој ги поразил Омајадите во 750 во Битката кај Големиот Заб и подоцна бил прогласен за калиф. По оваа загуба, Марван избегал во Египет, каде што подоцна бил убиен. Остатокот од неговото семејство исто така било погубено.

Веднаш по нивната победа, Ас-Сафха ги испратил своите сили во Средна Азија, каде што неговите сили се бореле против проширувањето на Династија Танг за време на Битката кај Талас. Благородното иранско семејство Бармакиди ја претставило првата светска фабрика за хартија во градот, со што започнала нова ера на интелектуална преродба во доменот на Абасидите. Ас-Сафха се фокусирал на задушување на бројните бунтови во Сирија и Месопотамија. Византијците спровеле неколку напади за време на овие рани години.

752-775

Првата промена на Абасидите, под Ал-Мансур, била да се премести престолнината на империјата од Дамаск, Сирија, во Багдад во Ирак. Ова се направило за да се смират страстите и да се биде поблиску до персиската база за поддршка на мавалите во овој регион, а дел од персиските мавали барале помала арапска доминација во империјата. Багдад бил основан на реката Тигар во 762 година. Багдад бил првичното јадро на новонастанатиот главен град на Абасидите. И покрај тоа што е невозможно да се наведат какви било директни влијанија, сепак имало неколку примери на кружни градови од предисламска Персија, кои можеби обезбедиле инспирација за негова изградбаhttp://www.iranicaonline.org/articles/baghdad-iranian-connection-1-pr-Mongol. Нова позиција, онаа на везирот, исто така била основана за делегирање на централната власт, а уште поголема власт била доделена на локалните емири.

Ова на крајот значело дека многу абасидски калифи биле преокупирани повеќе на церемонијалната улога отколку кај Омејадите, бидејќи везирите почнале да имаат поголемо влијание, а улогата на старата арапска аристократија полека била заменета со персиската бирократија.

Абасидите во голема мера зависеле од поддршката на Персијцитеs при нивното соборување на Омејадите. Наследникот на Абу ал-Абас, Ал-Мансур ги прифатил повеќе неарапските муслимани. Иако ова помогнало да се интегрираат арапските и персиските култури, тој започнал да одбегнува многу од нивните арапски поддржувачи, особено Арапите од Хоросан, кои ги поддржале во нивните битки против Омејадите.

Овие пукнатини во нивната поддршка довело до непосредни проблеми. Омејадите иако не биле на власт, тоа не значело дека биле целосно уништени. Единствениот преживеан член на кралското семејство од Омејадите, кое било целосно уништено, на крајот се упатил кон Шпанија, каде што се етаблирал како независен емир (Абдурахман I, 756). Во 929 година, Абдурахман III ја презел титулата калиф, со што ел-Андалус од Кордоба станал соперник на Багдад како легитимен главен град на Исламската Империја.

Во 756 година, калифот Ал-Мансур испратил над 4.000 арапски платеници за да им помогне на династијата Танг во бунтот Ан Ши против Ан Лушан. Абасидите или „Црните знамиња“, како што вообичаено се нарекувале, биле познати во хрониките на династијата Танг, како hēiyī Dàshí. Ал-Рашид испратил амбасади во кинеската династија Танг и воспоставил добри односи со нив}} After the war, these embassies remained in China . По војната, овие амбасадори останале во Кина</ref>, а калифот воспоставил сојуз со Кина.

775–861

Раководството на Абасидите морало напорно да работи во последната половина на 8 век (750-800), под неколку компетентни калифи и нивните везири за надминување на политичките предизвици создадени од далеку распространетата природа на империјата и ограничената комуникација низ неа и воспоставување административни промени потребни за одржување на редот. Исто така, во текот на овој ран период на династијата, особено за време на владеењето на Ал-Мансур, Харун ал-Рашид и Ал-Мамун, била создадена репутацијата и моќта на династијата.

Ал-Махди ги обновил борбите со Византијците, а неговите синови го продолжиле конфликтот додека царицата Ирина не понудила мир. По неколкугодишниот мир, Никифор I го прекршил договорот, а потоа се откажал од повеќе инвазии во текот на првата деценија на 9 век. Овие напади се одвивале на Таур, кулминирајќи со победата во Битката кај Красос и масовната инвазија на 806, предводена од самиот Рашид.

Морнарицата на Рашид, исто така, се покажала како успешна кога го презел Кипар. На крајот, настаните се свртиле и голем дел од стекнатото земјиште било изгубено. Рашид решил да се фокусира на бунтот на Рафи ибн ал-Лејт во Хорасан и починал додека бил таму. Додека Византија се борела против владеењето на Абасидите во Сирија и Анадолија, воените операции во текот на овој период биле минимални, бидејќи калифатот се фокусирал на внатрешните работи, неговите гувернери имале поголема автономија искористувајќи ја нивната зголемена моќ да ги стават своите позиции наследни.

Во исто време, Абасидите се соочиле со предизвици поблиску до дома. Харун ал-Рашид ги уништил Бармакидите, персиско семејство, кое значително ја зголемило својата власт во администрацијата на државата, убивајќи го поголемиот дел од семејството. Во истиот период, неколку фракции започнале да го напуштат царството кон други земји или да ја преземат контролата на далечните делови на империјата подалеку од Абасидите. Владеењето на Ал-Рашид и неговите синови се сметало за врв на Абасидите.

По смртта на Рашид, империјата била поделена од граѓанска војна меѓу калифот Ал-Амин и неговиот брат Ал-Мамун, кој ја имал поддршката од Хорасан. Оваа војна завршила со двегодишна опсада на Багдад и евентуална смрт на Ал-Амин во 813 година. Ал-Мамун владеел во ваесетгодишен релативен мир, и бил одговорен за создавање на автономнен Хорасан и континуирано одбивање на византиските напади.

Ал-Мутасим дошол на власт во 833 година и неговото владеење го означил крајот на силните калифи. Тој ја зацврстил својата лична армија со турски наемници и веднаш ја започнал војната со Византијците. Неговите воени походи биле главно успешни, кулминирајќи со убедлива победа во Аморион. Неговиот обид за заземање на Цариград не успеал кога неговата флота била уништена од невреме. Византијците ги рестартирале борбите со зазимање на Дамиета во Египет. Ал Мутаваки одговорил со испраќање на своите војници во Анадолија повторно, додека тие на крајот беа поразени во 863 година.

861–945

Во 820 година, Саманидите започнале да имаат независна власт во Трансоксијана и Голем Хорасан. Сафаридите од Хорасан, речиси го зазеле Багдад во 876 година, а Тулунидите ја презеле контролата над поголемиот дел од Сирија. Продолжил трендот на слабеење на централната моќ и зајакнувањето на малите калифати на периферијата.

Исклучок бил десетгодишниот период на владеењето на Ал-Мутадид. Тој вратил делови од Египет, Сирија и Хорасан под контрола на Абасидите. Особено по „Анархијата во Самара“, централната власт на Абасидите била ослабена, а периферните центри станале многу позначајни во калифатот. До почетокот на 10 век, Абасидите речиси ја изгубиле контролата над Ирак од разни емири, а калифот Ал-Рад бил принуден да ја признае нивната моќ со тоа што ја создал позицијата „кнез на кнезовите“(amir al-umara)..

Ал-Мустакфи имал кратко владеење од 944-946 година, и во овој период, персиската фракција, позната како Бујиди од Дајмал, дошла на власт и ја презела контролата врз бирократијата во Багдад. Според историјата на Ибн Мискавајх, тие започнале да ги доделуваат иктите (феуд во форма на даночни фарми) на нивните поддржувачи. Овој период на локализирана секуларна контрола траел речиси 100 години. Губењето на моќта на Абасидите во времето на Бујуидите се променила, на сличен начин како што моќта на Селџуците пораснала во Персија.