200px|мини|„Загрепски другари“ Коста Царнушанов, Панче Хаџитрајков, Кирил Кузманов, Константин Татарчев, Борис Андреев, Иван Бојаџиев, Георги Донев и други. 24 мај 1925 година Коста Георгиев Црнушанов (; Прилеп, 23 јануари 1903 - Софија, 10 октомври 1996) — македонски општественик во Бугарија, деец на ВМРО, историчар, публицист и фолклорист.Статии за Коста Църнушанов
Животопис Коста Црнушанов е роден на 24 јануари 1903 година во Прилеп. Дипломирал филозофија и историја во Белград. Автор е на многу повести, историски романи и мемоари книги.
Еден е од основачите на ММТРО, младинската организација на ВМРО. Во 1928 година е во странство со цел да информира европската јавност за Скопскиот студентски процес. Во Виена издава весникот Ослободување. Во 30-те години на 20 век се преселува во Софија. Се враќа во Македонија за време на окупацијата во периодот 1941-1944 како училиштен инспектор.
Вклучувајќи се активно во работата на обновуваниот во мај 1990 година, Македонски научен институт, тој е еден од обновувачите на Институтот. Активно соработува на списание „Македонски преглед“. Умира во Софија на 10 октомври 1996 година.
Во 1998 година Коста Црнушанов е награден посмртно со наградата на Република Хрватска "Орден на Даница Хрватска со ликот на Марко Марулич".
Творештво "Добрите српско-бугарски односи во минатото", Дирекција на уметноста при Министерството за информација и уметност, Софија, 1947. "Учество на бугарското население од Македонија во Априлското востание", 1976. "Српски и хрватски сведочи за бугарската народност во Македонија", Окружен музеј на Благоевград, Благоевград, 1978. "Македонија во хрватско-бугарските односи низ вековите", 1991. "Големиот бугарски преродбеник Митрополит Методиј Кусев: биографски очерк", 1992. "Димитар Талев во моите спомени", 1992. "Македонизмот и отпорот на Македонија на него", Унив. изд. "Св Климент Охридски", Софија, 1992. "Многукратните изјави на националното самоопределување на македонските Бугари", Изд.Македонија, Софија, 1992. "Придонес кон историјата на Македонската Младинска Тајна Револуционерна Организација", МНИ, Софија, 1996.
Наводи
Извори „Бащите и дедите като арбитри на днешните спорове“, 5 октомври 2009 Статии за Коста Црнушанов
Категорија:Бугарски историчари Категорија:Македонски научници во Бугарија Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Македонски општественици Категорија:Дејци на ММТРО