thumb|right|180px|Лого на фондацијата. Фондацијата „Крсте Петков Мисирков“ е фондација основана во Воден, Егејска Македонија, Грција од страна на македонската политичка партија „Виножито“ на 18 ноември 2009 година. Оваа фондација е основана од локалниот огранок на партијата во Воден и е основана на денот на одбележувањето на 135 години од раѓањето на македонскиот преродбеник Крсте Петков МисирковМакедонците од Грција основаа фондација.

Цели на фондацијата Фондацијата има за цел поттикнување на свесноста на Македонците во Грција преку организирање дискусии, фондацијата има за цел и отворање музеј и образовен центар во чест на името на Мисирков во регионите на централна и западна Македонија, поддржување асоцијации во Грција кои ја развиваат македонската култура, како и поддржување на напорите за одржување и развој на македонскиот јазик во Република ГрцијаМакедонците од Грција основаа фондација.

Наводи

Поврзано Фондација „Крсте Петков Мисирков“ (Македонија)

Категорија:Македонски невладини организации Категорија:Грчки невладини организации