Неред (, Полипотамо; до 1927 г. Νερέτη, НеретиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νερέτη - Πολυπόταμον) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 314 жители (2011), сите Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во источните пазуви на Нередска Планина (Вич), 20 км југоисточно од Лерин и 14 км југоисточно од Кучковени. Лежи на надморска височина од 940 м, а атарот зафаќа површина од . Низ Неред течат две рекички кои потоа се обединуваат, образуваќи ја поголемата Грашина Река.
Историја Османлиско време Селото е многу старо, но за првпат се спомнува во турски тефтер од 1481 г. со 65 домаќинства.Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 305. ISBN 2283604524. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ која се однесува на 1873 г. Неред е наведен двапати — еднаш како Неред (Nerede), село во Леринската Каза со 25 домаќинства и 50 жители Македонци и вторпат како Нерет (Nérète), село во Костурската Каза со 150 домаќинства и 460 жители, исто така Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83 и 110-111. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Неред (Νεράτι Φλωρίνης) имал 1.970 жители христијани.Νικόλαος Σχινάς, Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886-87. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας.
На почетокот на XX век Неред е заведено како село во Леринската Каза. Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Илюстрация Илинден, 1936, бр. 79, стр. 1. Ѓорче Петров го наведува Неред има 200 македонски куќи. Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Неред живееле 1.950 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Неред се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 297 куќи.
Жителите на селото зеле учество во Илинденското востание во 1903 г. што уследило со казнени акции на османлиската војска. Меѓу уапсените бил попот Христо, испратен да лежи 5 години затвор во Дијарбакир, но бил амнестиран согласно Бугарско-турската спогодба од 1904 г..Централен държавен архив, оп. 1, а.е. 2037, л. 15 - информация от българския дипломатически агент в Битоля, А. Тошев. Во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 125. По податоците на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 2.336 жители Македонци и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 176-177. Во училиштето во Неред во учебната 1904/1905 предавал деецот на ВМОРО, Тодор Златков.Илюстрация Илинден, година 14, книга 1, януари 1942, стр. 12 - 13.
Неред претрпел два јуриша од единиците на Павлос Мелас, а потоа и други андартски чети, во кои се убиени многу жители. Многу од преживеаните на почетокот на XX век се иселиле во САД.
Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците, со барање мештаните да предадат 1.200 пушки кои ги чуваат.Дебърски глас, година 2, брой 22, 18 септември 1910, стр. 3.
Припојување кон Грција мини|десно|250п|Судска покана од 1939 г. за Ѓорѓи Митрин од Неред обвинет дека зборувал на „словенски јазик“. Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 2.075 жители. Меѓу 1912 и 1928 г. многу од жителите на Неред се преселиле во прекуокеанските земји. Во 1920 г. селото е попишано со 1.666 жители, т.е. во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ евидентирал 400 македонски христијански куќи. Во 1927 г. властите го преименувале Неред во Полипотамон. На пописот во 1928 г. се евидентирани 1.697 жители.
Втора светска и граѓанска војна За време на Втората светска војна селото настрадало од окупаторските власти.Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Селото прилично настрадало и во Граѓанската војна, поради што околу 150 лица го напуштиле, преселувајќи се во Р. Македонија и источноевропските земји. По нормализацијата на состојбите, иселувањето продолжило, овојпат повторно во прекуокеанските земји, така што Неред во 1951 г. се свел на 1.046 жители.
Истражувањето спроведено во 1993 г. утврдило дека Неред е чисто „славофонско“ село и дека македонскиот јазик во него е одлично зачуван.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Знаменитости „Успение на пресв. Богородица“ (изг. 1913 г.) „Св. Атанасиј“ „Св. Никола“ Нередски манастир (со црква „Св. Лука“, изг. 1912 г.)
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Неред, каде тоа е единствено населено место.
Стопанство Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Особено познат производ на Неред се јагодите, прочуени по свјот квалитет и арома, кои месното население ги нарекува „планушки“.
Личности мини|десно|Васил Иванов во 1913 г. Атанас Кизов (1914-1947) — партизан и деец на НОФ Васил Иванов (1890-?) — револуционер, соработник на Васил Чакаларов Иван Стојчев - Фудуло — револуционер на ВМОРО, раководител на селскиот комитетНиколов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 99 Менелај Гелев, општественик и револуционер, раководител на Македонците во Леринско за време на Втората светска војна Наум Никос (Ναούμ Νίκος) — гркомански андартски деец Панчо Манев — деец на ВМОРО, заробен во 1903 г. испратен на робија и убиен со кундаци во Мала АзијаРозалин, Димитър. Страданията на 323 македонски затворници в Дијарбекир, през 1903-1904, Спомени от бившия заточеник Георги Т. Ачков, София, 1923 , печ. „Розова долина“, стр. 17. Филе — деец на ВМОРО, војвода на селската чета во Илинденското востание, а подоцна дејствувал во подрачјето околу НередНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 174. Војвода Геле- борец во организацијата ВМРО и народен херој кој го положил животот бранејки ги интересите на македонското население.
Поврзано Нередска Планина
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лерин