Орта Оба или Ортоба (, Месокамбос; до 1926 г. Ορτά Ομπά, Орта ОбаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ορτά Ομπά -- Μεσόκαμπος) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 67 жители (2011).
Географија Селото се наоѓа на 20 км североисточно од градот Лерин и 16 км североисточно од Долно Клештино. Лежи на северниот крај од Леринското Поле, мошне близу до границата со Општина Новаци во Р Македонија.
Историја Во Отоманското Царство Во османлиските даночни книги на Леринскиот вилает од 1626-27 г. Орта ова се води како село со 68 немуслимански домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 332-333.
На почетокот на XX век Орта Оба било чисто турско село во Леринската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 250 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250. Малку подоцна Боривое Милоевиќ го споменува со 60 турски куќи.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орта-оба се води како чисто турско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 50 куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сето население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Месокамбос. На пописот од 1928 г. во Орта Оба се заведени 179 жители. По 1930 г. тука се доселиле и малобројните македонски семејства од соседното Рахманли, со што станало етнички мешана населба. Така, во 1940 г. во Орта Оба имало 27 македонски и 60 доселенички семејства — вкупно 463 жители.
За време на Грчката граѓанска војна, 16 македонски семејства се преселиле во Р Македонија, а останале 11. Со тоа, населбата и понатаму останала мешана, но во значајна полза на доселените Грци. Во 1951 се заведени 312, а во 1961 г. 322 жители. Населението почнало да опаѓа поради иселување, па така во 1971 г. се попишани 237, во 1981 г. се заведени 211, а во 1991 — 193 жители. Иселувањето се засилило во следните десетлетија: во 2001 г. Орта Оба имала 133 жители, но во 2011 г. само 67.
Население
Стопанство Селото важи за прилично сиромашно. Главни производи се житото и сточарските преработки. Атарот има површина од само .
Поврзано Леринско Поле
Наводи
Категорија:Лерин