Пополжани или Папажани (, Папајанис; до 1928 г. Παπαζάνη / Ποπόζιανη, Папазани / Попозяни), поретко: Вакуф Ќој (Βακούφ Κιόι)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ποπόζιανη -- Παπαγιάννης) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 581 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци.
Географија Селото е сместено во Леринското Поле, крај желзничката линија за Битола. Лежи 12 км североисточно од Лерин на брегот на Сакулева Река.
Историја Во Отоманското Царство мини|250п|Средишната црква на Пополжани во 1917 г. Селото е основано на денешното место околу 1700 г., а пред тоа се наоѓало на местото на сегашната шумичка Вакуфска Корија на ридот Страната.Портал на поранешната општина Овчарани Во 1861 г. на неговата етничката карта Јохан фон Хан го обележал Вакуфќој (Wakufkjoi) како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. Во почетокот на XX век Пополжани било чисто македонско село во Леринската Каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Пополжени (Вакуф Ќој) (Попължени (Вакъвъ Кьой)) живееле 1.100 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.249. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вакуф-кеј (Попожени) се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 127 куќи. На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 1.088 Македонци под егзархијата и во него работело основно бугарско училиште со 1 учител и 54 ученици.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 176-177.
Раководител на месниот комитет на Македонската револуционерна организација бил попот Стефан СкендеровСпомени на Георги Попхристов.
Во 1903 г. жителите на селото зеле учество во Илинденското востание. Грците го сметале за непријателско и на повеќе наврати го напаѓале. На почетокот од XX век многу жители на Пополжани се иселиле во САД. Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото броело 120 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 887 жители. Во 1920 г. во Пополжани се попишани 750 жители. Во 1926 г. властите го преименувале во Папајанис. Според пописот од 1928 г. во селото живееле 930 лица. Во 1940 г. селото се накачило на 1.334 лица поради големиот природен прираст, и покрај иселувањата во прекуокеанските земји, Вардарска Македонија, Бугарија и во градот Лерин.
Во меѓувоениот период населението било под силно иследување на грчката државна безбедност и обележано како село со претежно антигрчки или нејасен став. Селото не пострадало во Граѓанската војна, но сепак извесен број семејства се иселиле во Р Македонија.
По периодите по војната е забележано иселување на 200 лица во прекуокеанските земји. Ова особено зело замав во 1960-тите. Друг бран на иселување се јавил во 1990-тите и понатаму, каде поворно е забележан значаен пад на бројот на жители.
Според истражување од 1993 г. Пополжани е чисто „словенојазично“ село во кое македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Верски објекти Во селото се наоѓаат следниве верски објекти:
„Св. Никола“ — црква изградена од 1908 до 1912 г. „Св. Константин и Елена“ — манастир изграден во 1962 г. „Свети Никодим“ — црква во месноста Дивио Рид
Друштва Граѓанско здружение „Александар Велики“ Женски клуб Спортски клуб „Арис“.
Население
Стопанство Главни производи на Пополжани се житото и сточарските преработки.
Личности мини|Поп Стефан Скендеров, раководител на МРО во селото. мини|Мицко Солаков Родени во Пополжани поп Стефан Скендеров (1855 – ?) — раководител на месниот комитет МРО во селото поп Димитар Скендеров (1885 – ?) — револуционер, деец на МРО Мицко Солаков (1890 – 1928) — револуционер Никола Ангелов (1884 – ?) — револуционер, борец во Балканските војни Живко Попов (? – 1947) — деец на СНОФ Трајан Стеловски (1920 – 1946) — деец на СНОФ Ристо Бакалот — деец на СНОФ Тодор Глувчев — деец на СНОФ Доне Димов — деец на СНОФ Гавре С. Динов — деец на СНОФ Пандо К. Цакле — деец на СНОФ
Починати во Пополжани Георгиос Василиу, (? - 1927) — гркомански андарт, починал во Пополжани или во Сакулево Нацо Кочев (? – 1908) — револуционер на МРО Ѓорѓи Суљов (Γεώργιος Σούλιος) — гркомански андартски деец, четник кај Цондос, Каудис, Фалирејас и Макрис
Поврзано Леринско Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лерин