Раково (, Кратеро, до 1926 г. Ράκοβο или Ράκοβον, Раково или РаковонΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράκοβο -- Κρατερό) — село во Леринско, Егејска Македонија, Грција, денес во Општина Лерин, Западна Македонија. Во 2001 г. селото имало 151 жители.
Географија Селото е сместено 18 км северозападно од општинскиот центар Лерин и на 8 км западно од Долно Клештино на Ракова Река (Кратериотико Рема) на планината Пелистер близу до границата со Македонија .
Историја Во Османлискoто Царство десно|мини|Рушевини на Раково опожарено во репресалиите по Илинденското востание Црквата во Раково „Свети Никола“ е изградена во 1843 година. Селската слава е на 7 јули.
На почетокот од XX век Раково е чисто македонско село во Битолската Каза. Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го означува Раково како македонско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Раково има 850 жители.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 236.
На почетокот на XX век сите жители на Раково припаѓаат на Цариградската патријаршија. По податоци на Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в селото има 640 Македонци кои живеат под грчка пропаганда.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 168-169.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Раково се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 74 куќи.
Според грчки извори, за време на Илинденското востание четите на ТМОРО вршеле притисок врз селаните да преминат во Бугарската егзархија. Откако селаните тоа го одбиле, една чета на ТМОРО им се заканила дека ќе им го запали селото. Селскиот свештеник Димитриос Митанидис и двајца селани, Ставрос Трајану и Ѓоргос Констандину, биле убиени, а петмина други селани биле претепани. Подоцна, една чета на ТМОРО повторно влегла во Раково и го убила претседателот на селото Ставрос Малиѓоргос и потпретседателот Ѓоргос Бојковитис.
На почетокот од август 1903 година (стар стил) турските војски го нападнале селото во склоп на нивните напори за задушување на Илинденското востание, при што запалиле и уништиле 100 од 120 куќи во Раково. Георги Поп Христов во своите спомени пишува дека турската милиција го запалила селото, при што старците, жените и децата избегале во шумата.Георги Попхристов, "Революционната борба в Битолския окръг" Христо Силјанов исто така пишува дека на почетокот на август 1903 година востаниците имале борба со турската војска, при што турската војска била задржана сè додека не се повлекло населението."Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933, 309 стр.
Во 1907 година селото повторно било запалено од четите на ВМОРО.
Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчките единици и останува во Грција по Букурешкиот мировен договор. Во 1913 г. селото имало 1.008 жители, во 1920 г. 299 семејства со 811 жители, а во 1928 г. — 740 жители. Во 1926 г. е преименувано во Кратерон. Во 1932 г. во селото живеат 201 македонско семејство, а во 1945 г. 950 жители, сите наводно веќе погрчени. Пописот од 1951 г. покажува 719 жители.
Во 1947 година, за време на Грчката граѓанска војна, селото повторно било запалено.
Личности десно|мини|Васил Малогеоргиев (Василис Малиѓоргос) и Константин Бојковски (Константинос Бојковитис) Иван Кафеџијата (? - 1903) — македонски револуционер, војвода на ВМОРО Лазо (Λάζος) — андартски деец, братучед на Павле Илиев и помошник на капетан МораитисΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 169. Михаил Раковчето (Михаил Ракову) — грчки андартски деец, куриер и водач на чети Павле Илиев (Павлос Раковитис,1877 - 1910) — андартски капетан Петар Ив. Атанасов (1878 - ?) — македонско-одрински ополченец, Втора чета на Деветтата велешка дружина„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.69. Трајче Грујоски — Павле (1921-2016), македонски партизан и политичар Менка Трајкова Грујоска — учесник во НОВ на Македонија Гавро Пановски-Јуноша (1923-2014) — припадник на македонското националноослободително движење
Наводи
Категорија:Раково