мини|десно|250п|Црквата „Св. Никола“ Сетина или Сетино (, Скопос, до 1926 г. Σέτινα, СетинаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σέτινα -- Σκοπός) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија. Според пописот од 2011 г. селото има 114 жители, од кои речиси сите се Македонци. Според истражување од 1993 г. селото било чисто „славофонско“ во кое се говои македонскиот јазик.Riki Van Boeschoten. Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)
Потекло на името Според Димитар Рајков, во книга на Димитар и Константин Миладинови, на страна 160, се споменува од византискиот историчар Јован Скилица во 1019 под наслов прва Грамота (првото писмо), додека во епископијата на Маглен, поред опфатените области и селата Мариово, Острово, Заодрија, се споменува и селото Сетина.
Според искажувањата на Васил Малов, селото Сетина го добило името по месноста викана „Селишчето“ која се наоѓала спроти манастирот „Св. Никола“. „Селишчето“, во периодот од X-XI век, била приградска населба на тврдината Кале и служело како престолнина на Самоиловото Царство.
Со пропаѓањето на Самоиловото Царство, оваа населба, заедно со тврдината Кале, била запалена од византијците и населението било принудено да се насели на запад, односно на 2-3 км од манастирот „Св. Никола“. По ова, од почетокот на XI век, селото го носи името Сетина со сегашната местоположба.Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 11
Географија и местоположба
Селото Сетина се наоѓа во подножјето на планината Кајмакчалан и се простира во непосредна близина на македонско-грчката граница. Лежи во котлина, на 760 метри надморска височина. На исток од селото се наоѓаат планините Кајмакчалан (2.521 м) и Пиперката, а на југ се наоѓа планината Висима Рожанско. Од северната страна, долж Македонско-Грчката граница, се простира висорамнината Рогаш (1352 м), а од западната страна на селото се простира атарот Крушоради и Леринското Поле. Од ова произлегува дека голем дел од катастарот на селото Сетина е покриен со планини и само една третина од неговата површина се полиња, ливади и падини. На север, Сетина, се граничи со селата Совиќ и Живојно, на југ со селото Горничево, а на запад со селото Чеган.Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 7
Селото Сетина било самостојна општина во чиј состав влегувале и селото Попадија. Самата положба на селото му овозможува да има многу реки, потоци и бразди. Исто така, има многу трапови и долови. Инаку, селото е сместено по течението на реките Стара Река, Бела Река и Дрстелка. Од десната страна на Стара река се наоѓаат трапиштаа Крушорадски Трап. Бела Вода, Кунгбов Трап, Редешово, Крива Вода, Каландово, Бричиница, Женски Трап, Широкиот Трап, Копачки Трап, Страчкина река, Дрстелка река, Каричката река, Ченгелската река и Екшииската река. Од левата страна на Стара река се наоѓаат потоците и трапиштата: Бела река, реката Цепена Стена, Курио Трап, Речичката, Мушанка, Црничка река, Јанакиот и Филео. Сите овие трапишта, реки и потоци од левата и десната страна се богати со вода во сите годишни времиња. Истите тие се влеваат во Папалазов Камен низоводно од селото Крушоради, го наводенуваат сетинското поле и го прават плодно. Сепак, често се случувало да има поројни дождови кои го поплавувале полето и ги уништувале насадите на жителите. Една од бурите, според сеќавањата на жителите (Лазо Гудов, Коле Тренов, Лазо Донаков, Стојан Малов и Коста Мучов), се случила во април 1932 година.Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 8-9
Историја
Среден век мини|десно|250п|Остатоците од Самоиловата тврдина во Сетина На почетокот на XI век близу денешното село се подигнати утврдени дворци на Цар Самоил. Есента 1017 г. тврдината е заземена и опожарена од византискиот цар Василиј II. Наскоро потоа се одиграла Битката кај Сетина. Во неа македонскиот цар Јован Владислав се дигнал против Византијците, но доживеал пораз.Златарски, В. История на българската държава през средните векове, т. 1, ч. 2, София 1971, с. 727 – 728 (19.2.2008) Во хрисовул на Василиј II од 1019 г. Сетина е спомената како дел од Мегленската епаргија на Охридската архиепископија.
Османлиски период
За време на турското владеење животот во Сетина бил многу тежок. Еден дел од сетинското горно маало припаѓало на Кенон бег, додека долното маало му припаѓало на Ахмед Риза бег. Населението било изложено на економска експлоатација давајќи даноци на беговите и на државата. Не можејќи да ги трпи самоволијата на турските власти и на разни муслимански банди, населението почнало да дава разновидни отпори. Така се појавило и ајдуштвото.Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 54
Период на Илинденско востание
Како и во дугите села, и во Сетина се формирал селски комитет со појавата на ВМРО. Во селскиот комитет први се зачлениле Ило Димов-Попадински, Коста Божаров, Стефо Трпчевски, Стефо Бејков, Иљо Мучов, Геле Гудов, Тане Канзуров, Фоти Ароманов и Крсте Торбаков. Комитетот имал своја вооружена чета од околу 80 комити. Основна задача на селскиот комитет, како и на вооружената комитска чета, била да го брани селото од разни банди кои крстосувале по тој реон. Голема заслуга за успешното функционирање на комитите имал Георги Иванов, познат под псевдонимот Марко Лерински. Благодарение на неговите организациски способности, неговата чета станала „стожер во револуционерното“ движење во Леринско. По налог на леринскиот околски комитет, четата на Марко Лерински осудила на смрт двајца организациони работници. Убиен бил раководителотот на организацијата во село Борешница и воденичар од селото Неокази. Оваа акција не останала без реперкусии. Десетина дена по исчезнувањето на воденичарот властите извршиле претрес во неколку куќи од селото. Поради предизвиканиот страв од страна на Османлиите, десетина жители на Сетина, поради претпазливост, решиле да станат комити. Така, во средината на март 1902, се создале две чети: една предводена од Марко Лерински и друга од Дедо Андреја.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сетина се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 70 куќи.
На 10 септември 1903, група востаници од Сетина се судриле со турскиот аскер на местата Салков Гроб и Нунково Мече. Покрај ранетите, во овие борби загинале и 6 Сетинци. На 5 октомври, истата година, се водела уште една битка во селото Попадија. Тука загинале 25 востаници, а селото било целосно уништено. Исто така, голем пораз комитите доживеале и наредниот ден, 6 октомври, во Битката кај Чукурот.
Неуспехот на Илинденското востание имал тешки последици врз населението. Од 40 Лерински села, 12 биле целосно уништени. Особено настрадало селото Сетина. Во борбата која се водела на 12 август 1903, загинале 93 мажи. Дополнително биле заклани 229 лица, а 227 жени и девојки биле силувани. Поради пустошењето и физичкото малтретирање од страна на турските војски, останатото население се разбегало во шумите или, пак, барало засолниште во околните села.Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 56-59
Сетина во периодот пред Втората светска војна
Виорот на првата светска војна ги натерал Сетинци да се евакуираат во селата Орешница и Пешошница, а и стоката била пренесена во селата Лесковац и Вичо. Голем дел од машкото население било приморано да се ангажира од страна на српската војска, да пренесува храна и материјали на фронтот и да ги пренесува ранетите војници од Кајмакчалан во Елбасан. Целокупниот имот на селаните бил уништен во текот на војната, а на фронтовите биле убиени 11 сетинци. По дефинитивното разграничување во 1919, Сетина потпаднала под грчка административна управа. Македонскиот јазик бил забранет, а сетинците биле пронудени да се декларираат како Грци.
Во 1920, по почетокот на грчко-турската војна, грчките власти мобилизаирале 70 Сетинци од кои 18 загинале на бојните полиња во Мала Азија.
За време на Метаксасовата диктатура, сетинците останале претпазливи. Македонскиот јазик бил забранет да се користи во која и да било пригода. Населението во овој период и во своите домови морало да комуницира со мимики, а секој кој ќе бил фатен како говори на македонски јазик, бил физички казнуван на лице место, а потоа и носен во полициска станица.
На теророт на Метаксас, сетинци одговарале и активно и пасивно. Тие одбивале да ги зачленат младите во метаксасовата младинска организација и свесно ги зачленувале во грчката младинска комунистичка организација (ОКНЕ). Иницијатори за организирање на ОКНЕ во Сетина биле: Јордан Витков, Атанас Груевски, Атанас Русевски, Михаили Пискачов, Ване Канзуров и Ѓорѓи Шилев. Членовите на ОКНЕ претежно се занимавале со читање на политичка литература и материјали за руската социјалистичка револуција итн., а состаноци одржувала на први мај. По откривањето на ОКНЕ од грчката полиција во 1938 година, биле уапсени младинците Јордан Витков, Атанас Русевски и Ѓорѓи Шилев.Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 63-67
Сетина во периодот на Втората светска војна
На 28 октомври 1940 година, по нападот на Грција од фашистичка Италија, од Сетина биле мобилизирани 129 лица, од кои 8 ги загубиле животите, 10 биле ранети и 5 заробени од италијанската војска.
По капитулацијата на грчката влада, КПГ ја презема иницијативата и го организира народот во народноослободителна војна против окупаторите. Започнале да се формираат партиски организации, да се прибира оружје и разни материјали за движење на отпорот. Во периодот од септември 1942, до март 1943, биле примени нови членови во редовите на КПГ во партиската организација во Сетина, претежно луѓе кои работеле во рудникот Мелоите. За секретар на партиската организација бил поставен Атанас Русевски. Населението од соседното село Попадија било евакуирано во Сетина, додека машките постари од 15 години биле затворени во логорот во Солун. Сите членови на КПГ имале формирано своја тројка која делувала за целите на НОБ и ЕЛАС.Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 67-74
Занимање на селаните
Главното занимање на селаните им било селското стопанство, земјоделство, сточарство, шумарство, лозарство, пчеларство, ѕидарство, градинарство, овоштарство, занаетчиство и трговија.Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 20
Земјоделство
Земјоделството на селаните во Сетина им било главно занимање. Генерално, тие произведувале: р’ж, пченка, јачмен, овес, просо, пченица, броиница, уров, бурчак, леќа, грав, боранија, грашок, компир, тиква, лубеница, зелка, коноп и друго.Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 20-21
Земјата ја обработувале на стар и примитивен начин, односно со спрега на волови и коњи, со дрвено рало или плуг. Често земјата ја обработувале и рачно со мотика, казма, лопата итн., особено сеидбата се вршела рачно, а потоа се покривало семето со орање на нивата.